Забава
Од сцена до платно: К-поп sвезди се подготвуваат за уметничка изложба во Лондон
Во едно кафуле во Сеул јужнокорејските поп-ѕвезди Сонг Мин-хо и Канг Сеунг-јун разговараат за избор на свои уметнички слики и фотографии кои ќе одат на изложба во Лондон оваа есен.
Главно познати по нивната музика, членовите на бендот Winner ќе ја претстават својата уметност на Start Art Fair, саем на уметност што ќе се одржи во лондонската галерија „Сачи“ и се совпаѓа со познатата недела на ликовна уметност Frieze Art Week.
„Музиката раскажува приказна, и без разлика дали е со среќен или тажен крај има јасна завршница“, изјави за „Ројтерс“ раперот Сонг, познат по неговото уметничко име Мино.
„Во уметноста секоја слика има различна карактеризација, но се чини дека секогаш има отворен крај и ги тера луѓето да размислуваат многу“, вели 28-годишникот.
Во Лондон ќе им се придружи пејачот, музичар и актер Хенри Лау роден во Канада, кој исто така се занимава со сликарство и ќе прикаже пет уметнички дела.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

