Забава
Октоберфест ќе се одржи по двегодишна пауза

Традиционалниот германски фестивал на пивото, Октоберфест, оваа година може да се одржи, по двегодишна пауза поради пандемијата од коронавирус, изјави градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.
Тоа значи дека култниот фестивал познат и како Визен, по саемот каде што вообичаено се одржува, може да се одржи на крајот на септември.
Во изминатите две години Октоберфест беше откажан поради пандемијата. Во 200-годишната историја на фестивалот, подолги паузи имало само за време на војни.
Пред пандемијата, секоја година се собираа околу шест милиони посетители од целиот свет. На овогодинешниот настан нема да има ограничувања за коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Семејството Бекам на суд со жена која тврди дека е мајка на нивната ќерка: „Не вознемирува“

Семејството Бекам доживува вистинска драма откако Шерон Бел (58) ги обвини Викторија и Дејвид дека ги украле јајце клетките со кои ја зачнале Харпер Севен, пренесуваат светските медиуми.
Бекамови, според написите, ја обвинија Бел за малтретирање затоа што им праќала писма, им тропала на вратите и ја чекала Харпер Севен пред училиштето после настава за да разговара со неа.
Би-би-си јавува дека Дејвид Бекам се чувствува вознемирен и стравува за безбедноста на сопственото семејство, особено поради фактот што таа дошла на нивна адреса и се обидела да влезе во куќата со лажно уверување дека е сопруга на Бекам.
На сослушувањето Бел рекла дека не се чувствува виновна а судењето ќе се одржи во јули оваа година, е наведено во новинарските написи. „Бел живее во лажно уверување дека е во врска со Дејвид Бекам, дека тој и ги украл јајце клетките и дека Харпер е нејзино законско дете и затоа таа ја пречекала Харпер пред училиштето на 18 ноември 2021 година, изјавил обвинителот, според светските написи.
„Дејвид Бекам се плаши за безбедноста на своето семејство и верува дека нејзиното однесување имало за цел да го заплаши неговото семејство. Тој тврди дека не ја познава обвинетата и дека таа не е мајка на неговото дете“, додала таа.
Судијата според светските таблоиди кажал дека е бизарно тврдењето дека на г-ѓа Бел и ги украле јајце клетките и дека детето е нејзино детe“. „Не мора да се биде експерт по биологија за да може веднаш да се утврди дека ова е заблуда“, заклучил судијата.
Забава
Сопругата на Брус Вилис за неговата бoрба со болеста: Оваа битка си го зема данокот

Сопругата на Брус Вилис, кој боледува од афазија, во интервју за „The bump“ раскажа како се бори со тешката болест на нејзиниот сопруг.
„Потребите на моето семејство ги ставам над моите, што не ме прави херој“, изјави Ема Вилис во интервју за „The Bump“.
Сопругата на Брус Вилис е исклучително посветена на грижата за сопругот и децата, но не криеше колку понекогаш е тешко, пишува медиумот.
„Таквата грижа за сите во семејството влијаеше на моето ментално здравје, но и на моето општо здравје. И тоа никому не му користеше“, додаде таа.
Затоа Ема, која има две ќерки со Брус Вилис, научила дека мора да се грижи за себе, па секој ден одвојува време за тоа.
„Еднаш ми кажаа дека кога премногу се грижиш за некого, престануваш да се грижиш за себе. Застанав, тоа ме отрезни“, изјавила Ема, која решението го пронашла во вежбањето.
Како што додаде таа, важно е да ја имаш таа една ситница што прави да се чувствуваш подобро.
Сопругата на Брус Вилис во март објави трогателна порака на Инстаграм, посветена на неговата борба за здравјето. Таа потоа објави фотографија на која е во друштво на нејзиниот сопруг, неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните заеднички ќерки Румер, Талуле и Скаут.
Забава
Адисон Реј се разладува под туш на отворено во бикини од тантела

Адисон Реј го истанцува својот пат кон славата, преку „Тик-ток“, откако ѝ се приклучи на популарната апликација во јули 2019 година.
Во меѓувреме, таа ги задева фановите и следачите со своите облини и модниот сензибилитет, што резултира во огромен пораст на прегледи на нејзините објави на социјалните мрежи – 87,6 милиони само на „Тик-ток“.
А во петокот, познатата тик-ток ѕвезда од Луизијана сподели серија фотографии на кои се тушира во оскудно бикини од розова тантела.
Реј (родена како Адисон Реј Истерлинг) се чини дека е на некаква тропска локација. Таа се разигра пред камерата и почна да ги оближува усните пред да почне да тече водата.