Забава
Омилената песна на Џон Ленон ја нема во неговиот култен албум
Легендарниот бенд „Битлси“ сними голем број песни со текот на годините, а Џон Ленон продолжи да снима и по неговото расформирање, но една од неговите омилени песни била тргната од неговиот иконски албум „Рокенрол“ од 1975 година.
Крајот на „Битлси“ беше во 1970 година по неколку години бурни расправии меѓу славната четворка. Иако Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар останаа добри пријатели, тие никогаш не се собраа повторно на свирки или за снимање. По распадот на бендот, секој од поранешните членови објави неколку свои соло албуми.

Ленон издаваше по еден албум годишно од 1970 година, а неговиот последен албум излезе во 1975 година.
Петтииот соло албум на поранешниот „битлс“, „Рокенрол“, беше хит што се искачи на број шест во Велика Британија и САД. Набргу по објавувањето, беше сертифициран со злато во двете земји.
Иако албумот вклучуваше хитови, како Stand By Me и Ain’t That a Shame, во него ја немаше една од омилените песни на Ленон.
На 26 октомври 1973 година Ленон го сними синглот „Енџел бејби“ за овој албум. За жал на фановите, Ленон реши да ја задржи песната надвор од албумот. Не е познато зошто ја изостави, особено затоа што многу ја сакал, коментираат британските весници.
Говорејќи за синглот неколку години подоцна, Ленон рече: „Ова е една од моите омилени песни на сите времиња“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

