Забава
Онкологот откри што правела Шенон Доерти на смртната постела: „Се бореше да преживее, но знаеше дека е готово“
На Шенон ѝ беше дијагностициран рак на дојката во 2015 година, а по хемотерапијата и зрачењето во 2017 година, нејзината состојба се подобри. Во февруари 2020 година таа објави дека нејзиниот рак на дојката напредувал и стигнал до најлошата четврта фаза.
Ракот на дојката првпат беше откриен кај покојната Шенон Доерти во 2015 година и се повлече во 2017 година. Меѓутоа, во 2019 година болеста се врати и ракот метастазира. Сепак, Шенон давала сѐ од себе да се излекува не предавајќи ѝ се на ужасната болест ни една секунда. Во последните моменти актерката беше придружувана од своите најблиски членови на семејството и кучето Боуви. Почина на 13 јули.
Онкологот д-р Лоренс Д. Пиро ги опиша моментите пред смртта на познатата Бренда од „Беверли Хилс“ како „тажни“ и „убави“.
Докторот на Шенон Доерти ги откри последните моменти на познатата актерка, која почина на 13 јули во болница во Малибу, Калифорнија, по долга борба со ракот на дојката. Актерката имаше 53 години и според нејзиниот лекар „не била подготвена да замине“.
Во интервју за „Пипл“, онкологот д-р Лоренс Д. Пиро кажа една прилично тешка вистина.
„Во последните неколку часа беше на место на кое ѝ беше многу удобно, спиеше, беше опкружена со некои од нејзините многу блиски пријатели“, изјави д-р Пиро, а потоа додаде:
„Во собата имаше неколку блиски луѓе, кои ѝ дадоа внимание и поддршка. Беше мрачно и тажно, но убаво и со многу љубов. Најтешкото нешто во ова е што Шенон не беше подготвена да замине бидејќи го сакаше животот“, додаде онкологот.
На Шенон ѝ беше дијагностициран рак на дојката во 2015 година, а по хемотерапијата и зрачењето во 2017 година, нејзината состојба се подобри. Во февруари 2020 година таа објави дека нејзиниот рак на дојката напредувал и стигнал до најлошата четврта фаза.
Во својот поткаст актерката отворено зборуваше за својата болест и со сите ги сподели најтешките моменти во животот.
„Морам да ѝ се вратам на хемотерапија и навистина е тешко. Идејата да го поминам сето тоа одново ме уништи“, рече тогаш таа.
Зборувајќи за борбата на покојната актерка со опаката болест, д-р Пиро рече дека дале сѐ од себе и продолжиле да се лекуваат што подолго.
„Во последниот разговор што го имавме, таа беше во процес да сфати дека работите се влошиле доста“, рече докторот.
„Сакаше да продолжи да се лекува и да се бори, иако физичката состојба ѝ се влоши. И тоа го направивме“, забележа д-р Пиро.
Тој истакна дека Шенон Доерти немала намера да се откаже.
„Тоа не се ни споменуваше бидејќи Шенон не живееше така. Беше неверојатен воин во сѐ што правеше“, додаде д-р Пиро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Куќата каде што е основана AC/DC е урната по грешка: новиот сопственик не бил свесен за нејзината историја
Сместена во предградието Бурвуд во Сиднеј, оваа куќа долго време е место посетено од обожаватели на бендот од целиот свет.
Малколм и Ангус Јанг од AC/DC живееле во оваа куќа како тинејџери кои формирале сопствен бенд со нивниот брат Џорџ Јанг, гитарист на популарната рок група Easybeats. Нивното семејство мигрирало во Австралија од Шкотска, а во 1965 година се преселиле на улицата Бурли.
Семејната куќа ја купил градежен изведувач во март 2023 година за 5,8 милиони австралиски долари, а минатиот месец тој одлучил да ја урне. Дури откако куќата била урната, градежната компанија „Бурвуд Сквер“ го утврдила културното значење на оваа куќа.
„Историската врска со AC/DC не беше навремено воспоставена и жалиме што претходниот долгогодишен сопственик не ја сподели оваа информација со нас. Иако не можеме да го промениме минатото, ние сме посветени да го славиме овој значаен дел од приказната на бендот“, рече генералниот директор на оваа компанија, Леон Камита.
Планирано е на земјиштето на кое некогаш стоела оваа куќа да се изгради кула од 50 ката со 120 соби и 48 апартмани.
Иако оваа куќа беше наведена во австралискиот национален регистар во 2013 година, таа не ја доби заштитата што требаше за да се спречи уривање. Советот на Бурвуд спроведе преглед во 2015 година за да утврди дали куќата треба да биде на листата на наследство. На крајот, тие изјавија дека не е препорачливо додавањето на куќата на листата на наследство бидејќи, како што тврдат, „периодот на престој на членовите на AC/DC бил прекраток за да биде релевантен за нивниот живот и работа“.
Забава
Натали Балмикс ја објави песната што беше дисквалификувана од хрватскиот натпревар за Евровизија, фановите со реакции: „Вратете ја, би победила“
Натали Балмикс ја објави песната што беше дисквалификувана од „Дора“ и на „Јутјуб“ и на социјалните мрежи се нижат реакции.
„Песнава е подобра од која било на ‘Дора’“, „Каков хит, и оваа го исфрлаат“, „Вратете ја Натали на ‘Дора’“, „Звучи како нешто што Северина би снимила порано. Има сериозен потенцијал за сцената. Штета!“, „Ова е за Евровизија, а жирито на ‘Дора’ треба да биде заклучено некаде за да не избираат повеќе финалисти“, „Ова е брутално“, се само дел од коментарите.
Се огласија и странските евровизиски фанови. „Ја дисквалификувавте единствената песна што ќе имаше шанса на Евровизија“, „Одлична песна, требаше да биде на Евровизија. „Дали ХРТ е реална што дисквалификува“, „Натали, дојди во Србија, ние ќе те избереме“, „Каква штета, поздрав од Украина“.
Натали ја објави песната на денот кога беа официјално објавени сите песни што ќе се натпреваруваат на „Дора“ оваа година.
View this post on Instagram
Текстот го напишаа Натали Балмикс и Аида Бараку, а музиката ја компонира Дарко Димитров, македонски композитор и продуцент.
„Песната беше дисквалификувана од натпреварот поради значителни промени во финалната верзија“, се наведува во објаснувањето на ХРТ.
Забава
Хари и Меган им нудат засолниште во својата вила на пријателите во Лос Анџелес погодени од пожарот
Меган Маркл и принцот Хари проговорија за пожарите во Лос Анџелес.
Парот, кој живее во Монтесито, Калифорнија, ги повика луѓето преку својата веб-страница Sussex.com да ги посетат своите соседи и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Тие исто така оставија линкови од веб-страници на разни добротворни организации. Тие исто така побараа од луѓето да ги отворат своите домови за погодените од пожарите. Меган и Хари ги отворија вратите на својата вила во Монтесито, вредна 29 милиони долари, за пријателите од Лос Анџелес погодени од пожарот, пишува „Дејли мејл“.
„Доколку некој пријател, член на семејството или домашно милениче треба да се евакуира и можете да им понудите засолниште, направете го тоа. Исто така, проверете дали на вашите соседи со попреченост или постари лица им е потребна помош при евакуацијата. Некои семејства останаа без ништо. Размислете за донирање облека, детски играчки и основни потреби. Американскиот Црвен крст е на терен и им помага на оние на кои им е најпотребно“, напишаа тие.