Забава
„Оскарите“ скратија осум категории од преносот во живо

Академијата прави храбар потег во обид да се врати од најлошата гледаност на сите времиња, укинувајќи осум од 23. категории од директниот пренос.
Осумте категории во кои доделувањето златни статуетки нема да се емитува во живо се: краток документарен филм, филмска монтажа, шминка/фризура, оригинална музика, продукциски дизајн, краток анимиран филм, краток игран филм и звук, иако фановите ќе ги видат наградите за овие и за секоја друга категорија.
Наместо тоа, овие осум категории ќе бидат доделени во театарот „Долби“ еден час пред емитувањeто во живо, а потоа ќе бидат монтирани или вметнати во директниот пренос, објави „Холивуд репортер“.
„Сите наградени во која било категорија ќе го имаат славеничкиот Оскар-момент што го заслужуваат на сцената на Долби и пред воодушевена публика“, стои во писмото на Академијата.
Вестите не им се допаднаа на многу фанови, кои веднаш се огласија на Твитер и ја критикуваа Академијата затоа што не се фокусира на филмовите што ги наградува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ова куче научило да лае тивко за никому да не му пречи

Во летните месеци многу луѓе сакаат да одат на одмор со своите миленици. Сепак, кучињата на некои места се непожелни бидејќи нивното гласно лаење понекогаш ги вознемирува луѓето. Затоа ова куче, кое стана вирално на социјалните мрежи, научи тивко да лае за никому да не му пречи.
Видеото е објавено на „Редит“ под наслов „Додека бевме во стан во кој е забрането лаење, ова куче научи да лае со шепот“. Кучето прво лае нормално, а потоа сопственикот го предупредува дека треба малку потивко. Таа му објаснува дека мора да лае како да шепоти, на што тој веднаш реагира.
„Тоа е едно слатко и паметно куче“, „Имав куче што се обиде да лае така, но звучеше како да кашла“, „Дарвин мора да е горд“, „Некој ве молам да ги научи моите корги да лаат така“, пишуваат луѓе во коментари.
Забава
Гинисов рекорд: 86-годишна жена работи како стјуардеса веќе 65 години

Жeна од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди, пренесуваат американски медиуми.
Бет Неш (86) почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines („Истерн ерлајнс“), потоа продолжи да работи за American Airlines и сè уште е таму без никакви прекини во работниот однос.
Неш откри дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа ѝ овозможува ноќта да се врати дома и да се грижи за својот син со хендикеп.
„Гинис“, кој го потврди светскиот рекорд на 1 јули. наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот. Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.
„Требаше да имаш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина. Порано беше ужасно. Доколку качиш некој килограм мораш да се мериш, а ако останеш така ти ја намалуваа платата“, изјави таа за WJLA-T
Забава
Џулија Робертс со порака за сопругот по повод годишнината од бракот

Таа е кралица на романтичните комедии од 90-тите.
А во нејзиниот личен живот Џулија Робертс (54) исто така се чини дека е експерт за прашања поврзани со срцето додека ја слави 20-годишнината од бракот со сопругот Дени Модер (53).
Робертс се огласи на социјалните мрежи, каде што сподели заматена фотографија од нив двајцата, и напиша: „Не можам да престанам да се смеам и не можам да престанам да те бакнувам“.
Робертс се омажи со снимателот Модер во 2002 година, а се сретнаа на снимањето на филмот „Мексиканецот“ (2001) во кој таа глуми со Бред Пит. Двојката има три деца, близнаците Фајнес и Хејзел (17) и Хенри (14).
Џулија доби можност да го покаже својот потенцијал во филмовите „Задоволство“, „Мистична пица“ и „Челични магнолии“.
Познатата филмска дива стекна светска слава во деведесеттите со „Убава жена“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Висока мода“, а во 2001 година доби „Оскар“ за најдобра женска улога за нејзината изведба во филмот „Ерин Брокович“.
Таа ги освои срцата на публиката со својата позитивна енергија и харизма.
Џулија беше во врска со неколку познати холивудски актери, меѓу кои Кифер Сатерленд, Бенџамин Брет, Џејсон Патрик и Метју Пери.