Забава
„Оскари 2021“: Режисерот Стивен Содерберг ангажиран да ја осмисли церемонијата

Американскиот режисер Стивен Содерберг ќе биде копродуцент на церемонијата „Оскари 2021 година“ за која организаторите велат дека директно ќе одговори на ефектите на ковид-пандемијата.
Содерберг е познат по филмовите, како „Ерин Брокович“, „Зараза“ и драмата „Сообраќај“, која му донесе „Оскар“ во 2001 година.
Според Академијата, церемонијата во април ќе биде совршена можност за иновации и повторно предвидување на можностите на американското шоу на награди.
Содерберг и неговите соработници рекоа дека се воодушевени и преплашени. Тој ќе ја постави церемонијата на 25 април со колегите продуценти Џеси Колинс и Стејси Шер.
„Поради необичната ситуација во која се наоѓаме сите, постои можност да се фокусираме на филмовите и на луѓето што ги прават тие филмови на еден нов начин“, велат тие во изјавата.
„Се надеваме дека ќе создадеме претстава што ќе ја почувствуваме на ист начин како и филмовите што сите ги сакаме“.
Не е познато каква форма ќе има настанот, но Академијата за филмски уметности и науки наводно истражува како би изгледала церемонијата во живо.
Неодамнешните церемонии на доделување награди, како и шкотските „Бафти“ минатата недела, се одржаа полувиртуелно во согласност со упатствата за социјално дистанцирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џејмс Блант чувствува тага поради украдените предмети

Џејмс Блант се чувствува потиштено откако провалници извршиле кражба во неговата вила на Ибица.
46-годишниот пејач бара од крадците да му ги вратат семејните сувенири откако упаднале во неговиот дом и украле 100 предмети, вклучително и џебен часовник што му припаѓал на неговиот дедо.
Џејмс за Diario de Ibiza изјави: „Многу сум тажен дека ми зедоа неколку манжетни и стар џебен часовник што му припаѓаше на мојот дедо и бајонет од времето кога бев војник во војната во Косово во 1999 година“.
Џејмс и неговата сопруга Софија поминаа неколку месеци самоизолација во нивната луксузна вила, која ја купија уште во 2006 година за 1.7 милиони фунти (3 милиони долари).
Имотот стар 150 години може да се пофали со шест спални соби, библиотека, огромен базен и бар, кој беше ребрендиран како „Барот на Блан: Каде што сите се убави“.
Семејството не било во вилата за време на провалата што се случила минатиот четврток (21 јануари) во раните утрински часови.
Забава
Врската на Бен Афлек и Ана де Армас беше многу комплицирана, тврдат нивни пријатели

Sвездата на „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ и новата Бонд девојка неодамна ја прославија својата едногодишна романса и кога се чинеше дека нивната врска е успешна, тие решија да се разделат, коментираат медиумите додавајќи дека на крајот излезе дека сакаат различни работи.
„Ана има голема енергија. Бен се чувствуваше среќен Ана да е во негова близина. Но, сепак беше многу комплицирано. Ана е млада и авантуристка. Кога не работи, таа сака да патува. Таа не сака да живее во Лос Анџелес, а тој сака да остане во ЛА бидејќи таму се неговите деца,“ , извор близок до парот изјави за магазинот „Пипл“
Иако повеќе не се заедно, изворот тврди дека сè уште се сакаат. „Меѓу нив двајцата има уште многу љубов.“
„Разделбата е пријателска. Ана е одлична, но Бен има семејство и тој навистина сака да биде тука за неговите деца, а Ана е на друго место во нејзиниот живот … жалосно е, но за Бен , неговите деца доаѓаат над сè.“
За Де Армас, Лос Анџелес е само место за работа. Таа има куќа во Куба, каде што сè уште живее нејзиното семејство и смета дека тоа е нејзиниот дом, според пријателите.
„Таа е во ЛА поради работа, како и сите актери, таа живее каде и да ја носи работата “, порталот „Пејџ сикс“ цитира еден од пријателите на Армас.
Ана одлучи дека не сака да живее во Лос Анџелес, а Бен сака да биде близу до неговото семејство “, рече изворот кој ги познава двете ѕвезди. „Негов приоритет е да се вкорени во ЛА. Тие се на различни места во нивните животи“.
Исто така, проблем е што Де Армас (32) сака да има свои деца, додека, Афлек (48), наводно, не сакал да има повеќе деца.
Афлек, кој има три деца – Виолет (14), Серафина (11) и Семјуел (8) со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер – се сретна со Ана на снимањето на „Длабока вода“. Почнаа да се појавуваат заедно во март минатата година кога беа забележани како уживаат во романтично бегство во Хавана.
Забава
Де Армас говори за својата кариера во интервју направено пред разделбата со Бен Афлек

Во неодамна објавеното интервју за „Сандеј тајмс стајл“, Ана де Армас својот успех како една од најдобрите актерки во подем го припишува на тоа дека била на вистинското место во вистинско време.
32-годишната актерка номинирана за „Златен глобус“ говори за тоа како наеднаш почна да бележи голем успех во својата кариера откако речиси четири години пред тоа глумеше во „Ножеви надвор“ и „Блејд ранер 2049“. Работите почнаа да се менуваат на подобро, вели таа, и додава дека поврзувањето со вистинските луѓе било многу важно во нејзиниот живот.
Исто така, се чини дека таа придава голема важност на запознавањето со сега веќе поранешниот партнер Бен Афлек на снимањето на психолошкииот трилер „Длабока вода“.
Во интервјуто таа откри дека било многу напорно да се усоврши необичниот глас на Мерилин Монро за нејзината улога во претстојниот филм Blonde („Русокоса“).
За време на интервјуто, направено пред крајот на едногодинашна романса со 48-годишниот оскаровец, актерката даде неколку ретки коментари за Афлек.
Кога списанието се обиде да стапи во контакт со прекрасната Кубанка за да поразговара за изменетиот статус на врската, нејзиниот претставник за печат одговори дека нема никакви информации за споделување.
На насловната страница пишува: Ана де Армас – Бонд-девојката што го воодушеви Холивуд
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот