Забава
Оскари 2022: Новитети со кои Академијата се обидува да ја подобри гледаноста

Оваа недела ќе се одржи 94. доделување на „Оскарите“. Но, со оглед на тоа што минатогодишните бројки на гледаност се на најниско ниво на сите времиња, организаторите се под притисок да ја направат церемонијата повторно релевантна, особено за помладата публика.
Порано имаше сто причини да се седнете и да ги гледате „Оскарите“, пишува британски Би-би-си. Во ерата пред социјалните медиуми, тоа беше ретка можност да се видат најголемите светски филмски ѕвезди собрани на едно место, да се види во што се облечени и да се слушнат нивните говори.
Второ, тоа беше место да се видат клипови од најпознатите филмови во годината, долго пред Јутјуб да ги направи трејлерите достапни. И трето, церемонијата беше забавна и интересна. „Оскарите“ имаа највисок рејтинг во време кога линеарната телевизија беше доминантна и немаше толку многу канали за гледање.
Но, во ерата на Тик-ток, Јутјуб и стриминг, најголемата шоубиз вечер во годината ги губи гледачите, а со нив и моќта.
„Најголемиот предизвик е да ги натерате луѓето да гледаат“, призна минатата недела продуцентот на церемонијата Вил Пакер. „Тоа значи дека треба да има нешто различно во шоуто оваа година, нешто што ќе се поврзе со луѓе надвор од Холивуд. Мора да се поврзете со неформалните љубители на филмови“.
Тоа е деликатен баланс што се обидува да одржи висок рејтинг, а истовремено да го зачува сето она што ги прави „Оскарите“ свети и престижни. Академијата бара начини да ја привлече публиката оваа година.
Некои од начините се следниве: присуство на вистински ѕвезди; домаќин кој планира „да го запали секој мост“; воведување на наградата омилен филм на фановите или „оскар“ за најпопуларен филм; претходно доделени награди во обид да се скрати времето на директниот пренос.
Свечената церемонија ќе се одржи на 27 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џоан Смолс порача од јахта: Обидете се да ја доловите фантазијата

Моделот на „Викторија сикрет“, Џоан Смолс, се огласи на својот инстаграм-профил во средата за да сподели низа фотографии од крстарење во друштво на пријатели.
Џоан ја покажа својата обликувана фигура во розови бикини.
Супермоделот (33) е фотографирана како стои на грбот на нејзин пријател додека го впиваат сонцето на палуба на јахта.
Џоан сподели и селфи заедно со фотографиите и напиша: „Обидете се да ја доловите фантазијата“.
Забава
Наоми Кембел воодушеви со својот изглед во Кан, но момчето со кое дојде останува енигма

Меѓу многуте ѕвезди што годинава дојдоа на Канскиот филмски фестивал е и славната манекенка Наоми Кембел.
Наоми пред три дена пристигна во Франција, а папараците ја уловија во градот Антиб, каде што престојува со маж, чиј идентитет не е познат.
Со неа и со непознатиот маж е и нејзината едногодишна ќерка, која вешто ја крие од очите на јавноста. Тие беа фотографирани додека шетаат во лежерно издание.
Инаку, таа се појави и на црвениот тепих во раскошна креација на модната куќа „Валентино“ привлекувајќи ги погледите на присутните.
Човекот со кој шеташе низ градот не се појави со неа на црвениот тепих.
Да потсетиме, Наоми минатата година стана мајка и ги изненади сите со веста дека се породила бидејќи не се знаело ни дека е бремена. На почетокот на оваа година манекенката откри дека ќерка ѝ не е посвоена, како што многумина шпекулираа. Сепак, Наоми сè уште не открила кој е таткото на девојчето.
Забава
Џони Деп на суд: Тврдењата на Херд се сурови и лажни

Актерот Џони Деп во средата повторно сведочеше во рамките на судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд.
Деп се врати како сведок за да го побие тврдењето на Херд во судската битка за клевета потенцирајќи дека наводите за злоупотреба што таа ги изнесе против него се незамисливо брутални, сурови и лажни.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (58) ја тужи Херд и бара отштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога тврдела дека трпи семејно насилство. Херд (36) поднесе контратужба за 100 милиони долари поради тоа што Деп и неговиот адвокатски тим ја нарекуваат лажга.
Во средата Деп и неговите адвокати се обидуваа да го побијат сведочењето на Херд дека физички и сексуално ја малтретирал повеќепати пред и за време на нивниот брак, кој заврши во 2017 година.