Забава
По јавното признавање дека го изневерила, Вил Смит ја почести својата сопруга
Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се во центарот на вниманието кога таа призна дека имала афера со 20-годишниот музичар Август Алсина.
Двојката се чини дека се снаоѓа подобро од кога било, а аферата што неодамна ја откри самиот Алсина како гостин на една емисија се случила пред четири и пол години.
За да го избегнат скандалот, Вил, неговата сопруга и ќерката Вилоу решиле да заминат на Бахамите. Тие престојуваат во луксузното одморалиште Албани, каде што една ноќ чини 2.600 евра, пишува „Пејџ сикс“.
Кога Џејда го признала неверството во бракот, почнале да кружат шпекулации дека Вил бил со колешката Маргот Роби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Интернационален натпревар во пеење на песните на Тоше Проески во Скопје
На 12 октомври 2024 година, во Македонската опера и Балет, а во организација на „Естрада мултимедија центар“ првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“.
На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји, како Русија, Украина, Малта, Израел…
Натреварувачите ќе настапат првин во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале, во кое ќе учествуваат сите оние што ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.
Влезниците, кои се во ограничен број, веќе се пуштени во продажба преку сервисот „МКтикетс.мк“ и се продаваат по цена од 400 денари за билет.
Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески. Билетите се ограничени, па се препорачува заинтересираните да ги обезбедат своите места што е можно побргу и да бидат дел од овој емотивен музички спектакл.
Забава
Моника Белучи и Тим Бартон разменија нежности на филмскиот фестивал
Моника Белучи, една од најубавите жени на светот, се појави на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија со своето ново момче, познатиот режисер Тим Бартон. 59-годишната италијанска актерка и 66-годишниот режисер разменија нежности и се држеа за раце пред фотографите и публиката, а во еден момент таа го бакна во образот.
Актерката се појави во црно боди од тантела и темнокафеава јакна и широки панталони. Бартон одговараше на нејзиниот моден стил и избра темен костум и темна кошула, со црна капа и очила за сонце на главата.
Парот се запозна пред 16 години, а врската официјално ја потврдија во октомври минатата година кога се појавија на Римскиот филмски фестивал фатени за рака.
„Прво, мило ми е што го запознав овој човек. Тоа е една од оние средби што ретко се случуваат во животот. Го познавам како маж, го сакам, а сега ќе се сретнам и со режисерот и почнува друга авантура.
Во меѓувреме, Моника, која ќе го прослави својот 60-ти роденден на 30 септември, глуми во новото продолжение на Бартон заедно со Џена Ортега, Мајкл Китон и Винона Рајдер.
Забава
Џастин Бибер снимен во јавноста по апсењето на Диди, фановите загрижени
Многу обожаватели на Џастин Бибер се загрижени за здравјето на пејачот кога беше снимен во јавноста по апсењето на Сен Диди Комбс.
Диди е обвинет за рекетирање, сексуална трговија и злосторства поврзани со проституција, а едно старо видео од него и Џастин Бибер сега е повторно вирално. Некои шпекулираат дека апсењето на Диди влијаело на здравјето на Бибер поради интензивните шпекулации за природата на нивната врска, пренесува „Дејли мејл“ .
Многумина сега ги споделуваат неговите фотографии и истакнуваат дека не изгледа добро. „Не гледам среќа. Ќе се молам за него“, „Не изгледа здраво и тоа боли“, „Мислам дека не е добро“, „Можеби му е тешко да биде родител или навистина оваа глупост му пречи“, „Зарем Џастин не изгледа многу слабо“, објави „Дејли мејл“ како дел од реакциите од социјалните мрежи.
Медиумот потсетува дека Бибер зажали што работеше со Диди пред помалку од една година. Тој тврдеше дека никогаш немаше да го стори тоа доколку знаеше за наводите што излегоа на виделина.
„Тој беше вклучен на последниот албум на Диди и ако знаеше нешто од ова, немаше шанси да го стори тоа“, тврди извор.
Бибер сè уште бил дете кога се спријателил со Комбс појавувајќи се на неговиот албум од 2023 година, The Love Album: Off the Grid, со песната Moments.
По објавувањето на албумот во октомври, Бибер се наврати на првата средба со Комбс. „Се сеќавам дека отидов во канцеларијата на брат ми Диди за да му пуштам песна што му ја напишав кога имав 14 години“, напиша тој на „Инстаграм“.
Во март повторно се појавија стари снимки од Бибер и Комбс набргу откако полицијата упадна во домовите на Комбс во Мајами и Лос Анџелес. Во една од нив Комбс е виден како стои до 15-годишниот Бибер и вели дека „ќе поминат 48 часа заедно и ќе направат нешто што не може да го откријат. Видеото објавено на социјалните мрежи оваа година предизвика голем број критики и загрижености.