Забава
Официјално: Афлек и Џеј Ло ја продаваат својата палата на Беверли Хилс за 68 милиони долари
Бен Афлек и Џенифер Лопез и официјално ја ставија својата куќа на Беверли Хилс на продажба.
Нивната палата се појави на пазарот вчера, речиси еден месец откако извор изјави за магазинот „Пипл“ дека Афлек и Џеј Ло имаат намера да го продадат имотот.
Парот, кој е во брак од 2022 година, го купи имотот во мај 2023 година за 60,8 милиони долари. Домот со 12 спални соби и 24 бањи, според огласот, неодамна е реновиран според највисоките стандарди за квалитет. Содржи бар, сала за вежбање, спортски салон, боксерски ринг, терени за кошарка и пиклибол.
Имотот има и гостински пентхаус од 456 квадратни метри, двособна куќа за обезбедување и гаража за 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг-простор, кој може да собере 80 возила. Вилата сега се продава за 68 милиони долари.
Познатиот агент за недвижности, Џош Алтман,, кој не е вклучен во продажбата на домот, откри со што обично се соочуваат славните кога продаваат домови. „Секогаш има луѓе што се преправаат дека се потенцијални купувачи, само затоа што се возбудени да ја обиколат куќата на позната личност“, вели тој.
„Моја претпоставка е дека пристапот до вилата на Афлек и Лопез ќе биде ограничен. Луѓето ќе мора да докажат дека се квалификувани да ја купат куќата и да покажат доказ за финансиски средства пред да им биде дозволен пристап за гледање“, додаде Џош.
Афлек веќе се исели од скапата палата.
„Бен живее во изнајмена куќа во Брентвуд. Таму е веќе речиси два месеца. Добро му оди. Секој ден е во својата канцеларија и е фокусиран на работата. Исто така, поминува време со своите деца“, рекол изворот.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија кога се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата, но тие сѐ уште не се огласија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нова тужба против Диди: „Ме силуваше кога имав 16 години и ме остави во фоајето на зградата“
Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија. Новата наводна жртва во тужбата поднесена во Њујорк изјавила дека раперот ја силувал во 2000 година кога била 16-годишна ученичка. Во тужбата, до која дојде магазинот „Пипл“, се наведува дека тужителката во тоа време живеела на Менхетен со нејзините родители и работела како дадилка во станбена зграда.
Наводно, една од поранешните девојки на Диди живеела во истата зграда.
Во една прилика, тврди тужителот, се сретнала со Диди и двајца мажи кои работеле за него. Диди, според неа, неколку пати ја прашал дали ѝ треба возење до дома. Таа му рекла дека живее „зад аголот“, но во една прилика влегла во неговиот автомобил. Таа тврди дека била збунета кога сфатила дека не ја однеле дома како што ветиле претходно. Тие и понудиле пијалок, по што таа вели дека се чувствувала „поспана“ и „нестабилна“.
После тоа, тврди обвинителот, ја однеле на непозната локација каде Диди ја силувал. Потоа ја вратиле дома и ја оставиле во фоајето на станбената зграда.
Оваа тужба доаѓа по повеќе од триесет други обвинувања против Комбс, бидејќи неговата поранешна партнерка Касандра Каси Вентура ја поднесе својата првична тужба во ноември 2023 година. Диди моментално е во затвор во Бруклин, каде што го чека судењето закажано за мај. Тој се изјасни за невин.
55-годишниот рапер се соочува со обвиненија за сексуална трговија и перење пари, меѓу бројните други обвиненија.
Забава
(Видео) Актерка ги нападна Меган и Хари поради фотографиите на кои ги тешат жртвите во Лос Анџелес: „Тие се туристи“
Неодамна, принцот Хари и Меган Маркл беа снимени како им делат храна на луѓето погодени од шумските пожари во Лос Анџелес. Но, нивниот потег предизвика прилично остра реакција на актерката Џастин Бејтмен на социјалните мрежи.
„Меган Маркл и Хари не се ништо подобри од оние кои ги искористуваат туѓите несреќи за своја корист. Каква одвратна „можност за фотографирање“ направија. „Дали тие сега се политичари? Тие не живеат овде; тие се туристи, туристи на катастрофи“, напиша Бејтмен на Икс.
Meghan Markle and Harry are no better than ambulance chasers. What a repulsive "photo op" they achieved. They are "touring the damage"? Are they politicians now? They don't live here; they are tourists.
Disaster Tourists. #PalisadesFire https://t.co/Kv6v6jSX4y— Justine Bateman (@JustineBateman) January 12, 2025
Под тоа, таа сподели објава со видео од Хари и Меган како споделуваат храна и залихи. Неименуван извор изјави за „Пејџ Сикс“ дека Хари и Меган сметаат дека зборовите на актерката се навредливи.
„Меган е родена и израсната во Лос Анџелес. Тоа е, и секогаш ќе биде, нејзин дом. Таа е целосно скршена од сите изгубени животи и домови уништени од овие пожари. [Хари и Меган] вложија значително време и ресурси. Донираа пари и основни потреби“, додава изворот.
Исто така, се тврди дека Хари и Меган посветиле многу време на волонтирање, дури и „пред медиумите да дознаат дека се вмешани во ситуацијата“. Тоа го поткрепува и фактот што тие ги отворија вратите на нивната вила во Монтесито вредна 29 милиони долари за пријателите од Лос Анџелес погодени од пожарот.
Забава
(Видео) Го предизвикуваа славниот пејач да се трка со нив, Џастин Тимберлејк им одговори грубо
На социјалните мрежи стана вирално видео на кое Џастин Тимберлејк се расправа со момци кои го повикаа да се трка со нив.
Кога сфатиле дека славниот пејач е во автомобилот до нив, почнале да викаат: „Тоа е Џастин Тимберлејк! Спушти го прозорецот!“.
🔥🚨DEVELOPING: Grammy award winning singer Justin Timberlake is under backlash after this footage of him ‘being rude’ to a fan that asked to race him surfaced. Timberlake appeared to be annoyed at the time of the recording leaving fans to criticize Timberlake’s approach. pic.twitter.com/GtP2TYrs9f
— Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) January 12, 2025
Кога застанале на семафор, Тимберлејк го спуштил прозорецот и ги прашал што сакаат. Тие му рекоа дека сакаат да се тркаат, а тој почна да повторува: „Сакате нешто?“, а потоа додаде: „Тргнете се одовде, деца“.
Видеото е прегледано повеќе од 4,3 милиони пати, а реакцијата на пејачот предизвика поделени мислења. Имено, додека едни сметаат дека добро постапил, други го критикувале и напишале дека е арогантен.
„Го испровоцираа. Мислам дека не беше груб, само изнервиран“, „Сосема очекувана реакција“, „Го испровоцираа некои деца кои немаат почит кон другите“, „Познатите понекогаш забораваат на добрината“, „Можеби беа наметливи, но тој требаше да внимава на својот тон“ и „Овој човек отсекогаш бил дрзок“, се некои од коментари на Икс.