Забава
Памела Андерсон ја продаде куќата во Малибу
Памела Андерсон, конечно, ја продаде својата палата во Малибу за 11,8 милиони долари иако на пазарот за недвижности ја објави за цена од 14,9 милиони долари претходно годинава.
Продажбата на домот од 2.700 квадратни метри може дури и да го собори рекордот на недвижен имот во Malibu Colony, каде што еден квадрат е проценет на повеќе од 4.000 долари, според ТМЗ.


Новата среќна сопственичка на домот е Лорен Крајс, извршна директорка и раководителка за креативна стратегија на „Крајс мебел“ (Kreiss Furniture).
Меѓу ѕвездите што поседуваа куќи во оваа мала заедница се Ед Нортон, Џим Кери, Леонардо ди Каприо, Барбара Стенвик, Роналд Колман и Глорија Свонсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Четири хороскопски знаци ги очекува финансиско изненадување во декември, конечно ќе бидат наградени за трудот
Неколку хороскопски знаци во декември 2025 година можат да очекуваат професионално признание и подобра финансиска состојба – преку покачување, бонус или понуда за подобра работа.
Јарец
Годината ја поминале со дисциплина и одговорност, па во декември добиваат покачување или унапредување. Трудот конечно им се наградува.
Девица
Нивниот перфекционизам и внимателната работа добиваат признание. Во декември ги очекува пофалба од претпоставените и веројатно финансиска награда.
Шкорпија
Крајот на годината носи неочекувани можности – дополнителни проекти или премин на подобро платена позиција. Нивната тивка упорност доаѓа до израз.
Овен
Биле пострпливи од вообичаено и тоа им се исплаќа. Во декември следува изненадно покачување, бонус или нова одговорна улога. Одлучноста им е забележана и ценета.
Забава
Колку заработува Мараја Кери секоја година од нејзиниот најголем хит?
Декември почна, а празничната сезона е во полн ек. Додека домовите се украсени, а градските плоштади блескаат, една песна неизбежно станува саундтрак на сезоната – „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери. Но, дали некогаш сте се запрашале колку заработува Кралицата на Божиќ од нејзиниот безвременски хит?
Одговорот можеби ќе ве изненади.
Овој глобален феномен, кој ги руши сите рекорди за слушање, е создаден неверојатно брзо. На Кери и нејзиниот соработник Валтер Афанасиев им требаа само 15 минути да ја напишат и компонираат песната. Објавена во 1995 година, песната стана апсолутен божиќен класик во текот на изминатите три децении.
Иако ниту пејачката ниту нејзиниот тим никогаш официјално не ги открија точните износи, новинарите се обидоа да дојдат до проценки. Според извештајот на „Њујорк пост“, Мараја Кери наводно заработува неверојатни 3 милиони долари секоја година од оваа песна. До 2021 година, вкупната заработка од објавувањето на песната надминала 60 милиони долари.
За да биде уште поимпресивно, ова значи дека пејачката заработува 316 долари на час само од оваа една песна.
Успехот на песната „All I Want For Christmas Is You“ ги надмина дури и нејзините најлуди очекувања. Во интервју за „Billboard“, таа призна дека немала поим дека песната ќе стане таков светски феномен.
„Како можев? Беше толку рано во мојата кариера, а повеќето млади уметници во тоа време не правеа божиќна музика на почетокот на нивните кариери“, додаде таа.
фото/ЕПА
Забава
(Фото) Холивудска ѕвезда се породи и објави фотографија од болница: „Беше лудо возење“
Актерката Ванеса Хаџинс и нејзиниот сопруг, поранешниот играч на МЛБ, Кол Такер, добија уште едно дете.
Тие ја споделија добрата вест на „Инстаграм“ со фотографија од мајката и детето од нивниот болнички кревет.
View this post on Instagram
„Па… успеав. Донесов уште едно бебе на свет! Породувањето е навистина неверојатно искуство. Голема почит до сите мајки. Неверојатно е што може да направат нашите тела“, напиша Хаџинс покрај фотографијата давајќи им до знаење на многумина дека таа и нејзиниот сопруг го добија своето второ дете.
Полот и името на нивното второ дете не се откриени, а претставниците на познатиот пар за медиумите не ја коментираа оваа добра вест.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Хаџинс и Такер станаа родители првпат во јули 2024 година. Тогаш добија син, чие име сè уште не е познато.
Ванеса еднаш зборуваше за својата нова улога – улогата на мајка и истакна дека мајчинството е најисцрпувачката работа на светот.
View this post on Instagram
„Ми дозволи да забавам и да уживам во моментот. Лесно е секогаш да гледаш напред, но најважно е она што е пред тебе сега“, рече таа.

