Забава
„Парамаунт“ доби тужба поради „Топ Ган: Маверик“
Семејството на авторот чија статија го инспирира филмот „Топ ган“ од 1986 година, во понеделникот поднесе тужба против „Парамаунт пикчрс“ за кршење авторски права со новото блокбастерско продолжение „Топ Ган: Маверик“.
Според тужбата поднесена до федералниот суд во Лос Анџелес, единицата „Парамаунт глобал“ не успеала повторно да ги стекне правата на написот Top Guns на Ехуд Јонај од 1983 година од семејството пред да го објави дериватното продолжение.
Со тужбата на Шош Јонај и Јувал Јонај – вдовицата и синот на Ехуд – кои живеат во Изреал, се бара неодредена отштета, вклучително и профит од „Топ Ган: Маверик“ и блокирање на дистрибуцијата на филмот или понатамошни продолженија.

Во соопштение како реакција на тужбата „Парамаунт“ наведе: „Овие тврдења се без основа и ние енергично ќе се браниме“.
Top Gun: Maverick е најголемиот хит на киноблагајните оваа година. Овој филм генерира 291 милион долари во Северна Америка и 548,6 милиони долари на глобално ниво во првите 10 дена од прикажувањето.

Акциониот филм во режија на Џозеф Косински доби силни рецензии, а Том Круз ја репризира својата улога како тест-пилот на американската морнарица, Пит (Маверик) Мичел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Брз трик за чистење: Бањата може да блесне за 12 минути
Бањата е место каде брзо се собираат каменец, влага и траги од сапун, но со правилен редослед може да се исчисти за околу 12 минути. Клучното правило е чистењето секогаш да оди од горе кон долу, за да не ја повторувате истата работа.
1 минута – Подготовка
Отворете прозорец или вклучете вентилација, тргнете ги крпите и ситниците и напрскајте ги тоалетната школка, мијалникот и тушот со средство за чистење.
2–4 минута – Полици и огледало
Избришете ги горните полици и ормарчиња, а огледалото исчистете го со средство за стакло или вода со оцет.
5–7 минута – Туш или када
Со сунѓер исчистете ги плочките и славините, а потоа исплакнете со топла вода.
8–9 минута – WC-школка
Исчистете ја внатрешноста со четка, а надворешноста пребришете ја со дезинфекциска крпа.
10 минута – Мијалник и славини
Отстранете ги трагите од паста и сапун, а славините избришете ги со сува крпа за да заблескаат.
11–12 минута – Подот
На крај избришете го подот со топла вода и средство за чистење или малку оцет.
Со ваква кратка рутина, бањата може брзо да изгледа чисто и свежо – за помалку време отколку што трае една епизода од серија.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos

