Забава
Парис Хилтон привлече внимание во Њујорк, беше на шопинг со синот Феникс
Парис Хилтон деновиве се фотографира со својот едногодишен син Феникс.
Фотографите ги уловиле додека пазареле во Њујорк, а Парис спремно им позирала. Цело време го држела својот син во рацете.
„Драго мое дете, ти си повеќе од остварување на сонот. Ти го правиш мојот живот комплетен. Секој ден со тебе е бесценет подарок и јас сум бескрајно благодарна што сум твоја мајка“, напишала Парис еднаш на „Инстаграм“ во објавата посветена на својот син.
Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат-мајка. Феникс е првото дете на Парис, а нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со реалната ѕвезда Лаура Белизи.
Парис и Картер се венчаа во ноември 2021 година. Тие беа пријатели 15 години пред да почнат врска во 2019 година, а само три месеци подоцна се свршија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) ДНК снима спот за „Чаршија“ во Чаршијата: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга
Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.
Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”.
Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.
„Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така“, накусо изјавија момците од ДНК.
Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…
Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.
Забава
Семејството на Метју Пери зборуваше првпат по неговата смрт
Една година по неговата смрт, семејството на Метју Пери зборуваше јавно. Очувот на Пери, новинарот Кит Морисон, и сестрата Кејтлин дадоа интервју за канадскиот „Хелоу“ и ги открија плановите за Фондацијата „Метју Пери“ во Канада.
Според официјалната веб-страница на организацијата, Фондацијата е создадена за да обезбеди „сеопфатна поддршка на поединците што живеат со нарушувања од зависноста по третманот“.
„Работата што ја работам сега е многу себична затоа што се чувствувам како да седам до Метју и да работам со него секој ден на нешто што му беше важно“, рече Кејтлин (43), која работи како извршен директор на Фондацијата.
„Благословена сум што преку оваа фондација секогаш можам да го имам блиску до мене“, додаде таа.
„Би сакал да биде запаметен по тоа што им помага на луѓето што се борат со зависноста“, додал очувот на актерот. Неговата смрт, велат, била неверојатен шок за нив.
„Кога Метју ненадејно умре, тоа беше неверојатно шокантно… Секој што изгубил дете, ќе ви каже дека, дури и ако сте некако подготвени за оваа можност, тоа е поразително“, изјави Морисон.
„Она што решивме да го изввлечеме од целата трагедија беше да направиме нешто корисно“, додаде тој.
Пери почина на 54-годишна возраст во октомври минатата година од акутните ефекти на кетаминот и други фактори што го натераа да ја изгуби свеста и да се удави во џакузито, според обдукцијата во декември. Актерот јавно ја призна децениска употреба на супстанции, вклучително и во годините кога го играше Чендлер Бинг во хит телевизискиот серијал од 90-тите, „Пријатели“.
За потсетување, еден од двајцата лекари од Калифорнија, кои се меѓу петтемината обвинети за неговата смрт од предозирање, во средата се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин. Марк Чавез се изјасни за виновен пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да добие и до 10 години затвор.
Другиот лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетата Јасвен Санга, позната како кралица на кетаминот. Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му ја вшприцал дрогата на Пери, и наводниот посредник, кој рекол дека набавил кетамин од Санга, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.
Забава
(Видео) Помладиот колега на Никол Кидман за еротската сцена: Се срамев, снимавме без проба
Актерот Харис Дикинсон (28) признал дека му било непријатно да сними непланирана интимна сцена со актерката Никол Кидман (57) во филмот Babygirl. Во таа сцена морал, без претходна проба, да танцува гол на песната на Џорџ Мајкл, а истакнал дека му е срам, пишува „Дејли мејл“.
„Режисерката Халина Рејн ја пушти песната и рече: ‘Само танцувај’. И танцував, претходно испив малку виски, но тоа беше непријатно“, рече актерот нагласувајќи дека Никол Кидман му била голема поддршка и ја опиша како исклучително срдечна личност.
„Таа создава атмосфера на снимањето и прави сите да се чувствуваат удобно, ранливо и смешно бидејќи е исклучително храбра“, додаде Дикинсон.
И Никол Кидман неодамна проговори за своето искуство со снимањето на овој филм. Таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни. Рекла дека се чувствува фрустрирано и повремено мислела оти повеќе не сака да снима такви сцени.