Контакт

Забава

Пекинг им нареди на малолетните изведувачи да завршат училиште

Објавено пред

Регулаторното тело за култура во Пекинг ѝ наложи на кинеската забавна индустрија да гарантира дека малолетните изведувачи ќе го завршат задолжителното образование и им забрани на малолетниците да учествуваат во активности кои ги поддржуваат нивните идоли.

Ваквиот потег се оценува како нов обид да се обесхрабри барањето слава и да се задуши култот кон славните личности.

Агентите кои ги претставуваат изведувачите на возраст под 18 години треба да се погрижат нивните клиенти да ги завршат задолжителните девет години школување и да се воздржат од „залажување малолетници во верување дека ќе станат познати кога се млади“, се наведува во соопштението на Бирото за култура и туризам во Пекинг.

На малолетните лица, исто така, треба да им се забрани да учествуваат во активности и купувања насочени кон зголемување на популарноста на славни личности. Кога настапува малолетно лице, на организаторот ќе му треба однапред договор од старател, се вели во соопштението.

Новите инструкции, кои имаат за цел „подобро регулирање на моралното образование“ на забавувачите, исто така, наложуваат индустријата да забрани настапи на изведувач кој или го прекршува законот или етичките вредности.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Лук Еванс работи на својот тен на плажа во Мајами

Објавено пред

Тој редовно ја истакнува својата беспрекорна фигура за своите следачи на социјалните мрежи.

Но, Лук Еванс во средата го одведе шоуто во Мајами, каде уживаше на сонце на плажа.

42-годишниот актер („Убавицата и ѕверот“, „Психијатар“, „Девет совршени странци“) беше забележан како ги покажува стомачните мускули и испакнати бицепси.

Изгледа дека поминал премногу време на сонце, врз основа на неговите зацрвенети гради и лице.

Велшкиот актер, кој е отворено хомосексуалец, на почетокот на оваа година за „Тајмс“ потврди дека тој и неговото момче Рафаел Олара тргнале по својот пат.

Прикажи повеќе...

Забава

„И едноставно така…“ – Кери, Мирана и Шарлот заблескаа на премиерата во Њујорк

Објавено пред

Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ги отелотворија своите култни ликови од „Сексот и градот“ во сензационални тоалети на синоќешната премиерата на новото поглавје на популарната серија.

Сите погледи беа вперени во трите главни протагонистки на новата сезона „И едноставно така…“ – Сара Џесика Паркер (во улога на Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк Голденблат) додека пристигнуваа на премиерата во Њујорк во средата.

Сара (56) воодушеви во креација на Оскар дела Рента, што потсетува на Кери Бредшо, нијанса на сино-сива боја со бледорозово здолниште од тил што ѕирка одоздола. Синтија (55) на себе има смела, но сепак елегантна портокалова тоалета, а Кристин (56) зрачи со елеганција во темносин фустан.

Серијата ги открива Кери, Миранда и Шарлот како се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во своте триесетти години до уште покомплицираната реалност на животот и пријателството во нивните педесетти.

Пристига на 9 декември, 17 години по финалето на „Сексот и градот“ и 13 години по играниот филм од 2008 година. Оригиналната серија, која се емитуваше од 1998 до 2004 година, создаде два спиноф-филма.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандија ќе купи автопортрет на Рембрант

Објавено пред

Владата на Холандија соопшти дека планира да го купи култниот автопортрет на холандскиот уметник од 17 век, Рембрант ван Рајн.

Таа бара одобрување од парламентот за купување на Rembrandt Standard Bearer, дело што се смета како многу важно за холандската култура и историја.

Ремек-делото од 1636 година со векови било во сопственост на приватни колекционери, вклучувајќи ги и Ротшилди.

Ќе оди на турнеја пред да биде изложен во амстердамскиот Rijksmuseum.

„Стандардниот носител се враќа дома засекогаш по патување од неколку векови“, изјави министерката за култура, Ингрид ван Енгелшовен.

Владата издвои 150 милиони евра (170 милиони долари) за сликата, а фондот на музејот ќе додаде уште 10 милиони евра. Здружението „Рембрант“ ќе учествува со дополнителни 15 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

168 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Економија2 часа

ЕСМ повторно не достави понуда за тендерот на „ЕВН хоум“

АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи....

Македонија3 часа

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога...

Македонија4 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет4 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон-сојот, па затоа...

Свет6 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа7 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет7 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија23 часа

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија23 часа

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет1 ден

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Досие