Забава
„Пелетон“ ја повлече рекламата со мистер Биг

„Пелетон Интерактив Инк.“ ја повлече рекламата со Крис Нот откако „Холивуд репортер“ објави сторија за обвинувања за сексуален напад против актерот од „Сексот и градот“, продолжување на болната сага за фитнес компанијата.
Во првата епизода од новата сезона „И едноставно така“ има сцена во која мистер Биг (Крис Нот), починува по 45-минутно возење на статичен велосипед „Пелотон“. Од компанијата беа изненадени дека нивниот производ ќе се користи за да убие некој лик – а инцидентот ги раздрма инвеститорите. Акциите паднаа поради загриженоста дека епизодата дополнително ќе го наруши угледот на „Пелетон“.
А сега се случи уште една неволја за компанијата која продава велосипеди за вежбање.
Компанијата во четвртокот ја повлече рекламата на социјалните мрежи што ја објави претходно оваа недела, а во која се прикажува ликот на Крис Нот, мистер Биг, од серијата „Сексот и градот“.
Во соопштението се наведува дека претходно не биле запознаени со обвинувањата против Нот и дека „секое обвинение за сексуален напад мора да се сфати сериозно“.
Крис Нот се огласи со коментар на сторијата за „Холивуд репортер“ во која две жени, користејќи псевдоними, опишаа сексуални инциденти со него во Лос Анџелес и Њујорк во 2004 и 2015 година.
„Обвиненијата против мене од поединци кои ги запознав пред години, па и децении, се апсолутно лажни. Овие приказни можеше да бидат од пред 30 години или пред 30 дена – ‘не’ секогаш значи ‘не’ – тоа е линија што не ја преминав. Средбите беа консензуални“, се наведува во соопштението на актерот.
„Тешко е да не се доведе во прашање времето на објавување на овие стории. Не знам со сигурност зошто се појавуваат сега, но не го знам ова: јас не ги нападнав овие жени“, додаде тој.
Двете жени изјавија за „Холивуд репортер“ дека враќањето на Нот во новото поглавје на „Сексот и градот“ ги поттикнало сеќавањата на нивните искуства со него пред повеќе години.
Нот (67) е најпознат по улогата на Мистер Биг, љубовта на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) во ТВ-серијата и во филмот „Сексот и градот“.
Во Just Like That, новата сезона што почна да се емитува на „Ејч-би-о“ минатата недела, во првата епизода мистер Биг е во среќен брак со Бредшо, но умира од срцев удар додека вежба на велосипед Peleton.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џонатан Мејџорс уапсен под обвинение за напад

Aктерot Џонатан Мејџорс бил уапсен во Њујорк во текот на викендот под обвинение за напад и вознемирување, што доведе до тоа американската армија да ја повлече новата реклама со ѕвездата на „Крид 3“ (Creed III).
Мејџорс, кој неодамна додели награда на „Оскарите“ заедно со својот колега од „Крид 3“, Мајкл Б. Џордан, бил приведен во саботата наутро на Менхетен по домашна расправија, според полицијата и неговиот адвокат.
30-годишната жена се здобила со полесни повреди на главата и вратот и е пренесена во болница во стабилна состојба, соопшти њујоршката полиција. Мејџорс (33) се појавил пред истражен судија подоцна во саботата и бил ослободен без кауција.
Во кривичната пријава се наведува дека ја удрил жената по лицето, ѝ нанел расекотина зад увото, и потоа ја фатил за вратот, предизвикувајќи ѝ модрици.
Забава
Ќе се вратам: Адел ќе го продолжи престојот во Лас Вегас

Адел го продолжува престојот во Лас Вегас.
34-годишната пејачка во саботата го заврши последниот од нејзините 34 настапи во „Цезар Палас“, и во текот на концертот им кажа на фановите дека има намера да се врати во градот подоцна оваа година.
Ѕвездата добитничка на Греми ѝ рече на публиката во Вегас: „Пеењето пред 4.000 луѓе 34 ноќи не е доволно. Знам дека не е доволно, па се враќам.“
„Ќе се вратам неколку недели во јуни, и повторно на крајот на август до есен“.
Забава
Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

Откако беше објавена веста дека директорот на едно училиште во Флорида бил принуден да поднесе оставка по бунтот на родителите кои се пожалиле дека нивните деца се изложени на порнографија бидејќи на часот по историја на уметност им била покажана слика од Давид на Микеланџело, некој се сетил дека авторите на популарната анимирана серија за семејството Симпсон предвиделе речиси идентично сценарио пред повеќе од 20 години.
Директорката на училиштето во Телахаси, Хоуп Караскила, поднесе оставка од функцијата откако родителите на учениците го прозваа училиштето дека шири порнографија бидејќи на учениците им беше покажана гола статуа на Давид.
Претседателот на училишниот одбор, Барни Бишоп, ѝ рекол на директорката да поднесе оставка или ќе биде отпуштена. Тројца родители се пожалија дека нивните деца се вознемирени затоа што го виделе едно од најголемите ремек-дела на светската уметност – Давид на Микеланџело.
Инаку, Марџ Симпсон се најде во сличен проблем пред дваесет години кога се бореше против цензурата на уметничките дела.
Откако успешно го цензурираа насилниот цртан филм „Ичи и Скречи“, група родители ја повика Марџ да им помогне да цензурираат уште едно „одвратно и гнасно“ дело – скулптурата на Давид која требаше да биде донесена во нивниот роден град Спрингфилд како дел од патувачка изложба.
„Делото многу вулгарно прикажува делови од човечкото тело кои иако се практични, всушност се зли“, вели Хелен Ловџој.
По инцидентот во Телахаси, не им требаше долго време на обожавателите на семејството цртани ликови да се присетат на сличен настан од омилената серија.
„Симпсонови повторно предвидуваа настани од реалниот живот“, вели еден твитер.