Контакт

Забава

Пенелопе Круз изгледа беспрекорно на гала свеченост во нејзина чест

Објавено пред

Сите погледи беа вперени кон Пенелопе Круз кога пристигна во Музејот на модерна уметност во Њујорк во вторникот на свеченост за оддавање почит на нејзината кариера.

Покрај фановите, 47-годишната шпанска актерка беше поздравена од некои нејзини колешки, вклучувајќи ги Ребека Хол, Ен Хатавеј, Дајан Кругер и други.

Прекрасната Пенелопе уште еднаш докажа дека годините се само бројка и дека како минуваат, таа изгледа сè подобро. Таа на себе има елегантен црвен фустан со отворен грб. Својот изглед го дополни со обетки обложени со дијамант.

„Шанел“ го претстави синоќешиот настан во Музејот на модерна уметност и го истакне придонесот на Круз во забавната индустрија.

Во текот на четиринаесеттата годишна свеченост 2021 Film Benefit што се одржува во Њујорк ќе има проекции на филмови на Круз од 19 до 30 ноември. Фановите на актерката ќе можат да уживаат во Everybody Knows, Volver и Blow.

Забава

(Видео) Јутјубер создаде контролер кој гејмерите можат да го управуваат само со една рака

Објавено пред

Јутјуберот Акаки Кумери дизајнираше адаптер што се прикачува на Dual Sense контролер за PS5 и ви овозможува да го користите со една рака.

Ова првенствено ќе им служи на играчите со хендикеп, а се очекува наскоро да го стори истото и за „Икс-бокс“ контролерот.

Кумери го сподели дизајнот на интернет, така што секој што има пристап до 3D печатач може да го направи.

Ова ќе биде голем чекор во создавањето поголема пристапност во игрите, и тоа е голема работа бидејќи компаниите не направиле ништо слично, така што овој потег би можел малку да ги разбуди заспаните гиганти и да ги натера да се позабават со овој проблем.

Прикажи повеќе...

Забава

Британка се жали дека пријателите не ја канат на родендени затоа што е убава

Објавено пред

25-годишната модна асистентка Лили Питфилд од Лондон тврди дека нејзиниот изглед ѝ создава проблеми во склопувањето пријателства.

„Изгубив некои пријатели бидејќи не им се допаѓаше да бидам во центарот на вниманието, иако навистина не сакав да бидам“, изјави Лили, за весникот „Сан“.

„Други не сакаа да ме поканат на нивните роденденски забави бидејќи беа загрижени дека ќе им го украдам вниманието. Девојките можат да бидат злобни и расипани. Тоа е фрустрирачки, затоа што сум љубезна и скромна, воспитана сум така што сметам дека една личност мора да биде убава и однатре и однадвор“, се жали Лили.

Таа тврди дека за својот изглед првпат станала свесна на 18 години кога непознат маж ѝ испратил пијачка во клуб бидејќи му се допаднала како изгледа. „Тоа ја зголеми мојата самодоверба, дотогаш не знаев дека изгледот може да влијае на тоа како луѓето се однесуваат со вас.“

„Кога излегувам со моите пријатели, момци постојано ми приоѓаат и ми праќаат бесплатен пијалак, а од обезбедувањето ме пуштаат да влезам внатре преку ред. Тоа понекогаш им пречи на моите пријатели бидејќи не добиваат ист третман. Јас никогаш не излегувам со претпоставка дека тоа ќе се случи, тоа едноставно се случува.“

Прикажи повеќе...

Забава

„Нож во грб 2“ пристига на „Нетфликс“ оваа есен

Објавено пред

Омилениот детектив Беноа Блан есенва ќе биде на трага на уште една мистерија.

Според „Вараети“, крими-трилерот на Рајан Џонсон со оригинален наслов Knives Out 2 („Нож во грб 2“)  ќе пристигне на „Нетфликс“ во текот на годината.

По огромниот успех на првиот, оригинален филм од 2019 година, кој беше дистрибуиран од „Лајонсгејт“, стриминг-услугата ја искористи можноста да ги откупи правата за две продолженија. Во март 2021 година „Нетфликс“ објави дека платиле неверојатни 450 милиони долари за второто и третото продолжение. Иако куповната цена може да изгледа висока, има смисла бидејќи првиот филм заработи вкупно 311 милиони долари.

Даниел Крег ќе ја повтори својата улога како водечки приватен детектив, Беноа Блан, заедно со актерската екипа вклучувајќи ги Кетрин Хан, Итан Хок, Едвард Нортон, Дејв Батиста, Кејт Хадсон, Џенел Монае, Лесли Одом Јуниор, Џесика Хенвик и Медлин Клајн.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 минута

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија2 часа

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет2 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија3 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа5 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија6 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија7 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија8 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија9 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија11 час

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија11 час

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет12 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет12 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет22 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет23 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа1 ден

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Досие