Контакт

Забава

Петар Грашо го откри полот на второто дете што го чека со Хана Хуљиќ

Објавено пред

Во интервју за Ин Магазин, Петар Грашо откри дека тој и Хана Хуљиќ летово ќе добијат син.

dobivaj vesti na viber

Тој раскажа и како се чувствува Хана во моментов.

„Како е Хана? Како и секоја трудница. Еден ден сака кроасани, друг ден не сака кроасани. Потоа еден ден мојот парфем мириса одлично на неа, следниот ден е ужасно. Претпоставувам дека така треба да биде, тоа е во ред“, рече тој.

Петар и Хана претходно добија мало девојче Алба, која се роди во 2022 година.

„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. Таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави пејачката.

За потсетување, Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во Сплит.

Забава

Кралицата Камила го слави својот 77. роденден

Објавено пред

Кралицата Камила денеска го слави својот 77. роденден. На официјалниот твитер-профил на кралското семејство тие ѝ посакаа среќен роденден на кралицата и споделија нејзина фотографија од балконот направена за време на нивното патување на островот Гернзи еден ден претходно.

dobivaj vesti na viber

„Ѝ посакуваме среќен роденден на нејзиното височество, на кралицата!“, стои во објавата.

Тие споделија уште едно видео, во кое учениците од училиштето „Сарк“ ѝ пеат на кралицата. Децата ѝ пееле на островски дијалект, наведува Би-би-си.

„Роденденските прослави почнаа рано во Гернзи…“, се вели во соопштението на кралското семејство.

Прикажи повеќе...

Забава

Северина ги сретна Ковачиќ и Модриќ на одмор, фудбалерите позираа со син ѝ

Објавено пред

Северина летува со синот на малиот остров Врник кај Корчула. Таму се сретнала со хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Фудбалерите позираа со пејачката и син ѝ, а Северина ги сподели овие фотографии на „Инстаграм“.

„Момци, кои освен на теренот, нè радуваат со својот изглед и надвор од него… Ви благодариме, Лука и Матео“, напиша пејачката.

Северина пред неколку дена објави фотографија со синот, која ги воодушеви нејзините следбеници. Во описот на фотографијата напишала: „За мене – летна фотографија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Лука и Матео, по Европското првенство, заминаа на заеднички одмор. Беа на Пелешац, Корчула, Дубровник. Ковачиќ на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии од одморот, на кои позира со сопругата Изабел и синот Иван и Лука и сопругата Вања.

Вања и Лука минатата недела отидоа на полуфиналниот натпревар на Вимблдон меѓу Карлос Алкараз и Данило Медведев, а потоа пред два дена беа на премиерата на филмот „ХШК Зрињски – Приказната за гордоста во Мостар“.

Прикажи повеќе...

Забава

Рита Ора прошета во Рим во краток кожен фустан и привлече внимание

Објавено пред

33-годишната пејачка Рита Ора повторно го привлече вниманието со својот изглед. Таа прошета во Рим во краток кожен фустан без прерамки. Сè комплетира со сребрено-црни високи потпетици, големи очила за сонце и кафеава капа.

dobivaj vesti na viber

Пејачката често привлекува внимание со интересни модни комбинации. Така на почетокот на овој месец таа на концертот на Girls Aloud се појави во впечатлив блескав проѕирен фустан, под кој не носеше градник.

Нејзиното објавување на премиерата на Descendants: The Rise Of Red го привлече вниманието на многумина. Тогаш пејачката облече црвен фустан, кој имаше голем шлиц, како и наметка на грбот. Фустанот го скомбинира со црвени потпетици и едноставен накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија3 часа

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија3 часа

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија4 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија7 часа

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија8 часа

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија9 часа

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет10 часа

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет10 часа

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија10 часа

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...

Култура10 часа

„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овој пат наградата...

Македонија1 ден

Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого...

Македонија1 ден

Повторно активен пожарот над Битола

Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје: „Кратко тресење и гласен краток звук“

Во 14.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, извести ЕМСЦ. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 40 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt...

Македонија1 ден

Таравари за тримесечното бебе со модринки: Нема докази дека е намерно повредено, но има дисциплински мерки

Министерот за здравство, Арбен Таравари, не ги добил во писмена форма одлуките на комисијата што треба да го расветли случајот...

Македонија1 ден

Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен, рече Мемеди

Немало апсолутно никаква намера кај медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска...

Македонија1 ден

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за другите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Скопје1 ден

„Главниот град се задушува во смет, дали Скопје има градоначалник“, прашуваат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради...

Македонија1 ден

Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево...

Македонија1 ден

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ пронајден застрелан покрај автомобилот, до него имало пиштол

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон...