Забава
Пет хороскопски знаци што ги исполнуваат ветувањата

Во свет каде што често се соочуваме со празни зборови и неисполнети ветувања, вистински благослов е да се најде личност која стои зад своите зборови.
Според астролозите, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што се толку сигурни што секогаш ги исполнуваат своите ветувања.
Бик
Биковите се стабилни и решителни. Кога нешто ветуваат, тоа за нив е прашање на гордост и лична чест.
Без разлика на предизвиците или пречките, припадниците на овој знак ќе најдат начин да го исполнат своето ветување, дури и ако тоа бара дополнителни напори или промени во плановите.
Зборот им е цврст како карпа.
Лав
Лавовите се познати по својата лојалност и искреност.
Кога ќе дадат ветување, тоа го прават со цело срце и со вистинска намера да го одржат.
Нивната внатрешна чест и гордост не им дозволуваат да ги изневерат луѓето што ги сакаат. Лавовите попрво ќе претрпат лични тешкотии отколку да го прекршат ветувањето и на тој начин ќе покажат колку ја ценат довербата на другите луѓе.
Девица
Девиците се перфекционисти, што се гледа по нивниот однос кон ветувањата.
За Девиците ветувањето е сериозна работа, обврска која мора да ја исполнат за да го зачуваат сопственото чувство за морална одговорност.
Тие често прават повеќе од што треба за да се погрижат да го исполнат ветувањето до најмалите детали.
Јарец
Јарците се неверојатно одговорни и посветени. Кога ветуваат нешто, тоа е договор што не можат да го раскинат.
Колку и да се промени ситуацијата, Јарците ќе останат доследни на зборот.
Нивната упорност и посветеност често ги надминуваат сите пречки што ќе им се најдат на патот.
Водолија
Иако водолиите често се однесуваат независно и слободоумно, кога ветуваат, тие се свесни за одговорноста што ја преземаат.
Нивното чувство за праведност и лојалност ги тера да се држат до зборот, дури и ако тоа им носи тешкотии.
За Водолиите ветувањето е знак на доверба и почит, па затоа се трудат да ги исполнат сите очекувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кортни Лав засекогаш ја напушта „Америка на Трамп“: „Таму како да е сè отруено со цијанид“

Кортни Лав, пејачка и вдовица на Курт Кобејн, одлучи да се збогува со Америка на Трамп.
Пејачката откри дека трајно се сели во Обединетото Кралство за време на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп.
„Навистина ми е драго што сум овде“, рече таа, пишува „Дејли мејл“.
„Многу е прекрасно да се живее овде. Конечно добивам британско државјанство за шест месеци. Станувам британски државјанин”, рекла Лав (60), а нејзините зборови предизвикале аплауз кај публиката. Таа потоа се осврна на нејзиниот страв од актуелната републиканска администрација во САД.
„Што се однесува до Трамп и конкретно овој тим, тоа е како еден вид империјален стил. Сега е страшно таму. Како сè да е отруено со цијанид“, рече таа.
Пејачката и гитарист, која ја има 32-годишната ќерка Френсис Бин Кобејн, од бракот со покојниот Курт Кобејн, им се придружува на се поголемиот број познати личности кои ги напуштија САД откако Трамп беше реизбран за претседател во ноември 2024 година.
Рози О’Донел, која има отворен став за нејзината сексуална ориентација, минатата недела откри дека таа и нејзиното 12-годишно небинарно дете Клеј се преселиле во Ирска откако Трамп ја победи Камала Харис.
„Кога во Америка повторно ќе биде сигурно дека сите граѓани имаат еднакви права, тогаш ќе размислиме за враќање“, им порача актерката на своите следбеници на социјалните мрежи.
Забава
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.
Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.
Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.
Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.
Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.
Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.
Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.
Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.
„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.
Забава
Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.
„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.
Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.
„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.