Забава
Писателот Џон ле Кар почина на 89-годишна возраст

Џон ле Кар, познатиот британски автор на шпионски трилери полни со неизвесност, човекот кој ставаше несовршени шпиони на мрачната шаховска табла на ривалството од ерата на Студената војна, почина на 89-годишна возраст.
Неговиот агент во изјава за медиуите рече дека Дејвид Корнвел, познат на светот како Џон ле Кар, почина по кратко боледување во Корнвол, југозападна Англија, во саботата вечерта.
„Неговата загуба ќе ја почувствува секој љубител на книги, секој што е заинтересиран за човековата состојба“, рече Џони Гелер, извршен директор на групацијата „Картис Браун груп“.
Во класиците како што се „Кројачот од Панама“, „Ноќниот управник“, „Тајниот аџија“ „Нашата игра“ и други, Ле Кар комбинира лирска проза и сложен заплет, што впрочем и се очекува во книжевната фантастика. Во неговите книги има предавство, морален компромис и психолошки данок на тајниот живот на шпионите.
„Момчето, дамата, кралот, шпионот“ и „Луѓето на Смајли“, и „Совршен шпион“ беа екранизиани во телевизиски серии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Деми Мур со новиот изглед предизвика лавина критики: Насмевни се, Деми!

Деми Мур предизвика шпекулации дека имала пластична операција кога се појави со драматичен нов изглед на модната недела за висока мода во Париз оставајќи ги гледачите вџашени.
58-годишната актерка беше речиси непрепознатлива кога им се придружи на моделите од А-листата на модната писта во средата кога беше презентирана колекцијата пролет-лето 2021 на италијанската модна куќа „Фенди“. По ревијата, Деми остави многу корисници на социјалните мрежи да се прашуваат дали нејзината трансформација е резултат на хируршко затегнување на кожата или ужасна шминка.
Неколку минути по појавувањето на Деми на модната писта во креација од црн сатен, „Твитер“ беше преплавен со прашања од збунетите корисници за новиот изглед на sвездата на „Стриптиз“.
„Не би помисил дека ова е Деми Мур ако не го видев насловот“, напиша еден корисник како реакција на веста за изненадувачкиот изглед на актерката. „Дали е ова резултат на лоши филери? Или можеби ѝ ставиле ужасна шминка?“
Други корисници твитнаа: „Деми Мур, доста е од пластични операции! Ова е срамота! Жените треба да стареат достоинствено“.
Забава
Дилан Мекдермот потврди дека ќе глуми во серијата „Организиран криминал“

Дилан Мекдермот во средата потврди дека ќе глуми во серијата „Организиран криминал“ на Кристофер Мелони, продолжение на „Закон и ред“, чија премиера ќе биде оваа пролет на Ен-би-си.
59-годишниот добитник на „Златен глобус“, кој може да се пофали со 1.4 милиони следачи на социјалните мрежи, напиша: „Доаѓам“.
Нејасно е кого Дилан (роден Марк Ентони) ќе го портретира во 13-епизодната полициска серија, која се фокусира на ликот на детективот Елиот Стаблер.
Забава
„Вондер воман 1984“ ги зголеми активирањата на „ХБО макс“ за 17.7 милиони

Тоа беше киноиздание со најголема заработка во време на пандемија по неговото деби на Божиќ.
Се покажа дека одлуката на „Ворнер Брос“ премиерно да го прикаже „Вондер воман 1984“ на својата стриминг-услуга со претплата „Ејч-би-о макс“ во исто време со премиерата во киносалите се исплатеше одлично.
Во средата, матичната компанија AT&T откри дека како резултат, 17.7 милиони активирани корисници биле додадени на „Ејч-би-о макс“ до крајот на декември.
Овој број на активирани корисници е двојно поголем од оној на крајот на септември.
Извршниот директор на AT&T, Џон Стенки, ја сподели веста за успехот во период кога се објавува заработка во четвртиот квартал.
„Објавувањето на Wonder Woman 1984 помогна нашите домашни претплатници на HBO Max и HBO да достигнат цифра од 41 милион, што е за две години побрзо од нашата првична прогноза“, изјави Станки, како што пренесуваат медиумите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома