Забава
Пластичните хирурзи за Том Круз: „Тој го задржа неверојатно младешкиот изглед“
Том Круз го привлече вниманието на затворањето на ОИ во Париз со акробации, но и со својот младешки изглед. Многу фанови на социјалните мрежи коментираат дека не им се верува оти актерот има 62 години. На интернет веќе се разговараше за наводните естетски операции на Том Круз, а сега „Дејли мејл“ за ова проговори со естетскиот хирург Кшем Јапа од Велика Британија.
Тој изјавил дека е можно Том Круз во одреден момент да направил фејслифтинг во комбинација со вшприцување маснотии.
„Тоа може да биде ефикасна комбинација и тоа е операција што често ја правам, но мора да внимавате на количината маснотии што ја ставате во лицето. Како што старееме, се случуваат две работи – кожата се опушта, па лицето паѓа и гледате подлабоки брчки од носот до устата и полабав врат, исто така го губиме волуменот околу слепоочниците и средината на лицето, што може да доведе до потенок изглед“, објасни тој.
„Подигнувањето на лицето го враќа ткивото на лицето во неговата младешка состојба, а мастите, кои се земаат од другите делови на телото, обично од стомакот или колковите и се вшприцуваат во лицето со помош на мали инјекции, го надополнуваат изгубениот волумен. Масните графтови сепак ќе дејствуваат како сало на стомакот, дури и на лицето“, додаде тој.
Дебатата за појавувањето на Том Круз почна пред три години кога фотографите го фатија на бејзбол-натпревар во Оракл Парк во Сан Франциско. Фотографиите на актерот потоа бргу се проширија на социјалните мрежи, а многумина се запрашаа што се случило со неговото лице. Тие не беа сигурни дали Том се здебелил или лицето му е отечено поради некоја причина.
„Том Круз успеа да одржи неверојатно младешки изглед, што многумина го припишуваат на неговиот активен животен стил и посветеноста на фитнесот. Иако не можеме со сигурност да кажеме дали направил некакви козметички зафати, можно е да избрал неинвазивни третмани за да го одржи својот свеж изглед“, додаде естетскиот хирург Фади Хамадани во интервју за „Дејли мејл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Весна Петрушевска соопшти дека се бори со рак на дојка (ВИДЕО)
„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.