Забава
Повеќе од пријатели? Бенифер повторно на насловните страници
Бен Афлек и Џенифер Лопез ги полнат насловните страници на светските шоубиз-медиуми речиси две децении по нивната разделба.
Поранешниот пар, кој медиумите го крстија Бенифер, објави свршувачка во 2002 година. Тие беа еден од најпопуларните и најфотографирани холивудски двојки пред да се разделат во 2004 година.
Бен и Џенифер ја одложија својата венчавка во 2003 година наводно поради претерано медиумско внимание. Лопез подоцна рече дека разделбата со Афлек е „нејзиното прво големо кршење на срцето“.
А сега една фотографија од нив заедно во автомобил во Монтана беше повод да се најдат на насловните страници исто како порано кога беа пар.

Тој го остави својот автомобил пред хотелот „Бел-Ер“ и се префрли во нејзиниот, веројатно во надеж дека нивното рандеву ќе остане незабележано, но папараците ги уловија.
И додека сите шпекулираат за обновена романса, Бен и Џенифер не прават никакви планови за иднината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Телохранителите на Георгина Родригез знаат одличен трик како да ја заштитат од љубопитни фотографи
Георгина Родригез често е тема на светските медиуми поради нејзиниот атрактивен начин на облекување. Нејзините модни избори секогаш наоѓаат начин да привлечат љубопитни погледи, а со тоа и бројни текстови за нејзините раскошни облини.
Поради оваа причина, свршеницата на Кристијано Роналдо мора да биде внимателна со папараците, особено со фотографиите што се појавуваат во медиумите. За среќа, нејзините лојални телохранители знаат одличен трик за да ја заштитат од љубопитните фотографи.
😎Watch how Ronaldo’s fiancée’s security team shields her from paparazzi
The bodyguards shine powerful lights straight into photographers’ lenses, blinding the cameras and ruining the shots. pic.twitter.com/WcQr3AGiDW
— NEXTA (@nexta_tv) December 24, 2025
На мрежите се прошири видео на кое се прикажани Георгина Родригез и обезбедувањето. Нејзините телохранители користат силни LED светла за да ја заштитат од фотографите и на тој начин потенцијално да ги уништат сите добри фотографии од нејзините раскошни облини.
Забава
Од 1 до 20 јануари: Меркур носи позитивни промени за три хороскопски знаци
Меркур, планетата на комуникацијата и логичното расудување, на 1 јануари влегува во Јарец, каде што ќе престојува до 20 јануари. Оваа позиција на Меркур ќе донесе одлични вести за Јарците, Девиците и Биковите.
Меркур во Јарец носи сериозен, промислен и многу практичен начин на размислување и комуникација. Мислите се насочени кон конкретни цели, долгорочни планови и реални решенија, без непотребни зборови и разубавувања.
Дисциплина
Лицата со ваква позиција на Меркур зборуваат одмерено, често дури кога се сигурни во она што сакаат да го кажат, па можат да делуваат постудено или подистанцирано, иако зад тоа стојат одговорност и потреба за прецизност.
Умот е дисциплиниран, способен за организација, стратегија и систематично размислување, што претставува одлична основа за работа, планирање на финансии и донесување важни одлуки.
Одговорна комуникација
Меркур во Јарец не сака површни разговори; повеќе му одговараат теми што имаат тежина, смисла и практична вредност. Во учењето и работата присутна е истрајност, но и побавно темпо, бидејќи знаењето се гради постепено и темелно.
Зборовите се бираат внимателно, се почитуваат авторитетот и искуството, а комуникацијата често има тон на совет, одговорност или сериозно размислување за иднината, пренесува „Уна“.
Забава
(Видео) Секвоја висока 44,7 метри е највисокото живо божиќно дрво во светот
Џиновска секвоја што расте на имот на „Нешнал траст“ официјално е прогласена за највисоко живо божиќно дрво во светот. Дрвото е високо импресивни 44,7 метри. Засадено е уште во 1860-тите години. Овој уникатен потфат го забележал и тимот на Гиис, пишува „Би-би-си“.
За да биде земена во предвид за рекордот, секвојата морала да има два вида украси. Поради тоа, дрвото било украсено со повеќе од 1.300 божиќни светилки и две огромни виолетови машни, соопштија од „Нешнал траст“ . Портпаролот открил дека за украсувањето била потребна работна платформа, а на тројца луѓе им биле потребни два дена за да ги постават сите светилки.
„Секоја сијаличка внимателно се проверува, а потоа се поставува и прицврстува вертикално за да не се создава преголем притисок врз дрвото“, појаснија од „Нешнал траст“.
Судијата на Гинисовите светски рекорди, Карл Савил, изјави: „Беше привилегија на ова дрво да му се додели признанието што го заслужува.“ Имотот и минатата година го имал највисокото живо божиќно дрво во Обединетото Кралство. „Постојано се прашувавме дали можеме да направиме уште еден џиновски чекор и да обезбедиме Гинисов светски рекорд… и успеавме“, изјави Стив Хауард.
Тој додаде дека во изминатите неколку недели било тешко да се чува светскиот рекорд во тајност.
„Сакавме да ја споделиме нашата голема вест токму во периодот кога многу луѓе ги украсуваат своите божиќни дрвца“, рече тој.
Станува збор за сосема нов рекорд во категоријата највисоко живо божиќно дрво. Рекордот за највисоко некогаш поставено божиќно дрво и понатаму му припаѓа на дрвото поставено во 1950 година во трговскиот центар „Нортгејт“ во Сиетл, САД. Тоа дрво не било вкоренето во земјата и било високо 64,6 метри.
Фото: pexels

