Забава
Видете кои се најдобрите новогодишни подароци за вашите најдраги

Иако е почеток од месец ноември, верувате или не, сега е право време да се избере подарок за нова година, затоа што кога ќе дојде декември, сите сме премногу зафатени со припремата за празниците и купувањата, и во такви ситуации немаме доволно време да избереме совршени подароци за драгите особи. Месец ноември е познат и по прочуениот Црн петок, ден кога сите продавници нудат значајни попусти и на тој начин можеме да се оствариме голема заштеда.
Најдобар подарок за мајка
Кога избираме новогодишни подарок за мајките, не можеме да погрешиме со добар новчаник, ташна или со некоја декорација за домот. Но, доколку сакаме да ја израдуваме и да и покажеме колку многу ни значи, тогаш изберете накит. Секоја мајка би била среќна со нови обетки или некој елегантни брош кој ќе ја краси нејзината комбинација во посебни прилики.
Новогодишни подарок за татковците – вечен проблем
Новогодишните подароци за татковците секогаш се комплицирани, затоа што на татковците ништо не им треба, тоа е реченица која често ја слушаме. Татковците можеме да ги израдуваме со некое шише посебан пијалок или да му купиме некоја кошула или џемпер доколку го знаеме бројот. Каиш и новчаник се секогаш сигурна опција, а можете да му купите и мажетни.
Накитот е секогаш добра опција
Кога избираме новогодишни подарок за пријателките, девојката, за кумата или роднините, накитот е секогаш добра опција. Се разбира, подароците се рангираат според цената, затоа за нашите роднини избираме некој парфем, марама или ракавици.
Прво правило до кое треба да се држат сите мажи кога станува збор за новогодишни подароци поврзан со накит, е да не купуваат прстен, освен ако не планираат во најлудата ноќ да го постават судбоносното прашање. Затоа што ако и купувате прстен, а не сте планирале веридба, може да се случи да се девојката разочара или наљути. Затоа, огрлица со приврзок или некоја нараквица се најсигурна опција.
За нашите блиски пријателки, куми и сестри најдобро е да подарите некои обетки, затоа што тоа е накит кој го носи секоја жена.
Дури и за блиските пријатели можете да изберете некое парче накит, како што се манжетни или алки во комбинација со кожа и сребро кое делува поприлично атрактивно и машки.
Најубави се новогодишните подароци за децата
Празниците секогаш знаат да не вратат во детството, секогаш добро си поминеме кога избираме новогодишни подароци за најмалите. Сите ние внимателно избираме и купуваме играчки кои се привлечни за децата, па и за нас повозрасните, а покрај тоа купуваме и многу чоколада. Радоста која ќе ја видеме на нивните лица е наша најголема награда која моментално не враќа во периодот на нашето детство.
Кога станува збор за постарите деца, малку е тешко при изборот на новогодишни подарок, затоа што играчките и слатките не се нивни интерест. За момците некоја игра секогаш добар избор, додека девојките се многу компликовани, затоа што во тинејџерските години им се брза да пораснат и одбијаат се што ги потсетува на детството. Нема да погрешите доколку им купите некое парче накит, обетки, ланче или нараквица, па дури и брош кои ќе ѓи издвои од останатото друштво. Накитот за девојките во главно е нежен, со многу циркони, во облик на цвет, пеперутки и многу е забавно да се бира. Ако изберете овакво нешто, бидете сигурни дека ќе и бидете омилни роднина.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката – дури 138.714. Големото финале почна во саботата вечер и траеше до раните утрински часови.
Во финалето учествуваа 20 кандидати, а Станишиќ триумфираше пред Елвис Мешиновиќ (второ место) и Зоран Ружиќ Ферари (трето место).
Станишиќ, роден во 2000 година, живее во Скопје и веќе настапува со свој бенд и надвор од Македонија. Вниманието го привлече со интерпретациите на македонски песни.
Во финалната вечер, Никола ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, која ја посвети на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Забава
За 3 хороскопски знаци, јули носи исполнување на најголемите желби: Вселената ќе ја насочи среќата кон нив

Три знаци во јули 2025 доживуваат пробив. Нивните желби влегуваат во фаза на остварување бидејќи претходно биле истрајни, работеле, се преиспитувале и верувале. Вселената сега им нуди платформа, ѕвездена сцена и небесен ветер во грб.
Во моментот кога годината е на својата половина, јули доаѓа како совршена точка за интроспекција и нов почеток. Планетарните аспекти, транзитите и лунарните движења создаваат уникатна астролошка слика, а во продолжение дознајте кои хороскопски знаци најсилно ја чувствуваат таа енергија.
Овен
Овните влегуваат во овој месец со чувство дека конечно се подготвени да го преземат она што им припаѓа. Со Нептун и Сатурн во нивниот знак, балансираат меѓу соништата и реалноста. Ретроградното движење на Сатурн од 13 јули најавува внатрешно преиспитување на одговорностите, но и зајакнување на темелите за идниот раст.
Марс, нивниот владетел, делува без ограничувања и внесува енергија во сите потфати. Околу полната месечина во Јарец на 10 јули, Овните може да дојдат до пресвртница во кариерата, можно признание, промена на работно место или јасност во тоа што ги исполнува.
Благодарение на Јупитер во Рак, куќата на семејството и домот носи експанзија. Тоа може да значи преселување, уредување на домот или поголем мир во семејните односи. Сонцето во Лав од 22 јули ја активира нивната петта куќа на креативност, деца и романтика.
Финансиски, сè се движи. Можно е да се појават понуди, бонуси или долгоочекувани договори. Овните кои вредно работеле сега ги жнеат резултатите. Со Венера во Рак кон крајот на месецот, личните вредности и сигурноста доаѓаат во фокус.
Близнаци
За Близнаците, ова е месец во кој нивната потреба да бидат слушнати, видени и признати го достигнува својот врв. Венера влегува во нивниот знак веќе на 4 јули, засилувајќи го личниот магнетизам и социјалната привлечност. Секој разговор, порака или идеја има потенцијал да отвори врата.
Влезот на Уран во нивниот знак дополнително го забрзува овој процес. Ова е историски астролошки момент кој ветува пресврти во кариерата, иновации и ослободување од ментални обрасци што ги попречувале. Близнаците кои се занимаваат со пишување, говорење, медиуми или дигитални сфери може да добијат неочекувани шанси.
Јупитер, планетата на среќата, која неодамна го напушти нивниот знак, остава „опашки на среќа“ – позитивни влијанија што сè уште се чувствуваат. Близнаците сега имаат можност да ги капитализираат контактите и идеите што се развивале изминатите месеци.
Полната месечина во Јарец ги осветлува нивните финансии, додека ретроградниот Сатурн ги тестира долгорочните планови. Време е да се запрашаат: Што навистина сакам на долг рок? А младата месечина на 24 јули им дава нова платформа за изразување и афирмација.
Водолија
За Водолиите, јули е месец на усогласување со нивната вистинска природа. Уран влегува во пријателскиот знак Близнаци на 7 јули, носејќи ерупција на идеи и неочекувани поместувања во проектите. Сè што досега било во фаза на концепт може да почне да добива форма.
Плутон во Водолија, поддржан од ретроградните налети на јули, помага во отфрлање на старите идентитети и прифаќање на моќта на автентичното „јас“. Водолиите се усогласуваат со колективните ритми, нивните визионерски цели добиваат поддршка, а лидерството природно се наметнува.
На љубовен план, Венера во Близнаци ја активира петтата куќа на забава, страст и романтика. Самците може да доживеат страсни средби, а оние во врска повторно да почувствуваат блискост. Уран носи изненадувања, а младата месечина во Лав отвора нова фаза во партнерските односи.
На општествено ниво, Водолиите може да очекуваат поголемо влијание: да водат група, да започнат колективен проект или да станат инспирација за заедницата. Сатурн им помага да ги структуираат идеите и да ја прифатат одговорноста за својот потенцијал.
Забава
Најмладата ќерка на Доналд Трамп го покажа својот син, реакциите се дека многу личи на дедо му

Тифани Трамп (31), најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, го доби своето прво дете со својот сопруг Мајкл Булос (27) на 15 мај оваа година. Сега ги објави првите фотографии од својот син на „Инстаграм“.
„Љубовта на нашиот живот, Александар Трамп Булос“, напиша таа во описот. Бројни следбеници ја контактираа и рекоа дека малиот Александар многу личи на својот дедо Доналд Трамп.
View this post on Instagram
„Тој е копија на твојот татко“, „Трамп има силни гени, сите негови деца личат на него“, „Ист дедо му“, продолжија коментарите.
Откако Тифани претходно се пофали со среќната вест на „Инстаграм“, објавувајќи фотографија од стапалото на детето, се огласи и Трамп.
„Ќерка ми роди бебе. Одам дома да го видам тоа бебе“, рече тој потоа, додавајќи: „Таа е одлична и бебето е одлично.“
Доналд беше првиот што ја објави бременоста на Тифани.
View this post on Instagram
Пред две години, Тифани се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Нејзиниот сопруг, наследник на нигерискиот бинис вреден милијарди, Булос Ентерпрајзис, е роден во Либан, израснат во Нигерија и се преселил во САД откако ја запознал.
Двојката почнала да се забавува во 2018 година кога се запознала во клубот на Линдзи Лохан во Миконос, Грција. Тие се вериле во јануари 2021 година, на крајот од мандатот на нејзиниот татко како претседател. Булос ѝ предложил брак на тревникот на Белата куќа со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.