Забава
Погребот на Лијам е најавен за неделава, телото набргу ќе биде донесено во Велика Британија

Како што пренесуваат британските медиуми, погребот на Лиам Пејн ќе се одржи неделава, а телото на поранешниот член на One Direction ќе биде пренесено назад во Велика Британија.
Најдоцна до среда телото на Лиам треба да биде во Велика Британија, а погребот во Св. Павле во Вулверхемптон, пренесува The Sun.
Телото на Лиам беше привремено сместено на британските гробишта во Буенос Аирес два дена по неговата смрт, додека локалните власти спроведуваа истрага за околностите на неговиот пад. Овие гробишта биле основани од британската заедница во Аргентина во 19 век за да обезбеди место за погребување на нивните членови.
Јавноста и фановите на One Direction неодамна беа погодени од веста за смртта на Лиам Пејн. Британскиот пејач почина во Буенос Аирес. Тој беше пронајден мртов пред хотелот Каса Сур во луксузниот кварт Палермо, откако падна од третиот кат. Тој починал на местото на настанот од повеќе повреди, меѓу кои и фрактура на черепот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.