Забава
Подновениот Биг Бен спремен да ја означи Новата година

Камбаните на лондонскиот Биг Бен ќе зачукаат точно на полноќ на новогодишната ноќ, со што ќе се одбележи почетокот на една година.
Но, вечерва Биг Бен – една од главните знаменитости на Лондон и Велика Британија генерално – ќе зачука со ново лице.
Новиот изглед, кој медиумите во Британија го нарекоа „фејслифт“, е првата фаза на сè уште недовршената реставрација на кулата, парламентот и придружните објекти.
Кулата Елизабета висока 96 метри – еден од најфотографираните објекти во Велика Британија – обвиена е во скелиња во последните две години, а во меѓувреме четирите часовници беа повторно застаклени, железната плоча претрпе преправки, а изрезбаните камења беа исчистени и исполирани.
Во март, дел од скелето беше отстрането, покажувајќи дека некогаш црните бројки и стрелки на часовникот сега се обоени во сино, што впрочем, како што тврдат научниците, е неговата оригинална боја.
Откако започнаа реставраторските работи во 2017 година, Биг Бен молчеше речиси цело време, освен за неколку важни настани.
Последен пат зачука на 11 ноември, на Денот на примирјето (кој се нарекува и Ден на сеќавање на припадниците на вооружените сили кои загинале на должност). Го означува крајот на Првата светска војна во 11 часот, на 11-ти ден од 11-ти месец.
Парламентот соопшти дека камбаната била тестирана неколку пати во пресрет на новогодишната ноќ.
Реставрацијата на целата кула Елизабета, која ќе чини 61 милион фунти (108 милиони американски долари), има за цел да ја санира, реконструира и да ѝ го врати оригиналниот дизајн.
Реконструкцијата на кулата треба да заврши во 2021 година, по што ќе следи реставрација на целата зграда на парламентот, а тоа ќе чини четири милијарди фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Свадбата на векот е под критика: „Одвратен приказ на ароганција“, „Симбол на изгубени вредности“

Полека, но сигурно, сè повеќе познати личности (оние кои не добија покани за свадба) ја критикуваат свадбената церемонија на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Прво, познатата актерка Шарлиз Терон го направи тоа, а комичарката Роузи О’Донел не ја пропушти можноста да го искаже своето мислење за свадбата на векот.
Таа јавно ја осуди целата церемонија, нарекувајќи го настанот „одвратен приказ на ароганција“ и „симбол на изгубени вредности“.
„Милијардер кој ги презира своите вработени. Свадба за повраќање“, напиша таа на Инстаграм, покрај фотографии од Санчез кои алудираат на естетските операции што ги имала низ годините.
„Екстремно расипништво – свадба од 50 милиони во време кога многумина едвај преживуваат“, додаде Роузи.
Роузи не ги поштеди ниту познатите ѕвезди. Опра Винфри и Леонардо Дикаприо беа мета на нејзините критики.
„Опра, дали си навистина негов пријател? Лео – климатски активист? На забава со најекстремните конзумеристи“, напиша таа.
Забава
(Видео) Раскинувањето на свршувачката ѝ го скрши срцето, па заплака среде концерт

Кејти Пери веќе некое време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Lifetimes“, која враќа спомени од славните денови на саканата тинејџерка пејачка.
Додека пееше пред голема толпа и под силните светла на рефлекторите, емотивниот слом на Кејти се случи одеднаш.
Имено, пред да требаше да ја отпее познатата песна „Firework“, која зборува за самодовербата и личната сила, Кејти се расплака.
Сепак, таа успеа да им се заблагодари на сите што „секогаш беа тука за неа“, дури и во тешките денови, низ солзи.
„Ви благодарам што секогаш сте тука за мене, Австралија. Тоа ми значи сè на светот.“
Katy Perry got emotional at the end of the last show of #THELIFETIMESTOUR in Australia 🥺♥️ pic.twitter.com/N78X37wBld
— Katy Perry Tours (@KatyPerryTours) July 1, 2025
Овој емотивен момент беше забележан од многу обожаватели и објавен на социјалните мрежи, а пораки за поддршка за пејачката се појавија на Икс.
Патем, настапот доаѓа само неколку недели по веста дека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Орландо Блум (48), и таа ја раскинале свршувачката по речиси 10 години.
Актерот неодамна беше фотографиран во Венеција, во друштво на жена, што доведе до тоа многумина да започнат гласини за неговата нова љубовна врска.
Поранешните партнери имаат четиригодишна ќерка, Дејзи.
Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.