Забава
Познати личности кои се во сродство

Американските медиуми наведоа неколку славни личности за кои малкумина знаат дека се далечни роднини еден со друг.
Бред Пит и Спајк Ли
Бред Пит и Спајк Ли се стари пријатели, но тие се и дванаесетти братучеди. Веста ја објави генеалошката веб-страница Geni.com. Бред Пит зад себе има успешна актерска кариера со десетици филмови, меѓу кои „Борачки клуб“, „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, „Беше еднаш во Холивуд“, а Спајк Ли е познат по своите независни филмови и по ангажманот во социјални и политички прашања во својата работа. Двајцата соработуваа на документарниот филм на Ли со наслов If God Is Willing and Da Creek Don’t Rise“ од 2010 година.
Бен Афлек и Мет Дејмон
Бен Афлек и Мет Дејмон се пријатели од детството и заедно ја почнаа својата кариера како сценаристи. Тие го напишаа и глумеа во филмот „Добриот Вил Хантинг“ за кој добија „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио во 1997 година. Потоа продолжија да работат заедно во разни филмски и телевизиски продукции и до ден-денес се пријатели. Покрај нивното пријателство и професионална врска, Бен и Мет се и десетти братучеди. Двајцата актери ја открија роднинската врска во 2009 година кога New England Historic Genealogical потврди заедничко потекло.
Aврил Лавињ и Џастин Бибер
Аврил Лавињ е канадска пејачка, која се прослави во 2000-тите со хитовите Complicated и Sk8er Boi. Џастин Бибер е канадски пејач, кој постигна светски успех како тинејџер во 2010 година со песните како Baby и Sorry. Двајцата, според истражувањето објавено во Ancestry, се во роднински врски, односно дванаесетти братучеди. Овие две славни личности делат и сродство со други познати личности на оваа листа.
Селин Дион и Рајан Гослинг
Селин Дион е канадска пејачка и актерка, позната по успешната кариера како поп-уметник и по нејзиниот моќен глас. Рајан Гослинг е канадски актер, кој глуми во повеќе хитови, како The Notebook, Half Nelson и La La Land. Според американското истражување објавено во Ancestry, сродството меѓу двете ѕвезди датира од некои од првите доселеници што живееле во Квебек пред 400 години.
Ел Фенинг и Кејт Мидлтон
Ел Фенинг е американска актерка, позната по филмовите Super 8 и Maleficent. Кејт Мидлтон е војвотката од Кембриџ, сопруга на принцот Вилијам и член на британското кралско семејство. Ел потекнува од Едоардо Трети од Англија и затоа е далечна роднина на Кејт Мидлтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт Мидлтон повеќе не живее со принцот Вилијам

Сега кога семејството на Кејт Мидлтон повеќе не престојува во Бакингемската палата, принцезата од Велс продолжува да предизвикува разговори на социјалните мрежи.
Идната кралица-консорт наводно веќе се преселила во скромна куќа со четири соби заедно со децата, а принцот Вилијам моментно не живее со нив.
Кејт не е во Бакингемската палата, според најновите изјави на членови на британското кралско семејство.
Таа и нејзините три деца сега живеат во скромен дом надвор од Лондон.
Сепак, среде толку многу шпекулации за потенцијалното разделување од Кејт, медиумите тврдат дека одлуката на Вилијам може да биде мотивирана од тековните грижи за протоколите на кои работи кралот Чарлс Трети.
Иселувањето без нејзиниот сопружник е она што уште еднаш ги крена црвените знамиња и поттикна нови шпекулации за разделба. За овој скандал, кој е тесно поврзан со фотографиите на принцот Вилијам и Роуз Ханбери, што излегоа во 2019 година, сè уште се зборува со месеци.
Тука доаѓа и веста што ја објавија некои таблоиди дека на Денот на вљубените принцот наводно бил со Роуз.
Забава
Кејт Мидлтон морала да направи тестови за плодност пред венчавката

Том Квин фрла уште повеќе бомби за принцот и принцезата од Велс во својата нова книга „Позлатена младост: Историја на растење во кралското семејство“.
И кога сите мислеа дека доволна бомба е кога испливаа на површина ужасните кавги помеѓу принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (41) – каде што наводно дури и си фрлале работи еден на друг – сега е откриено уште нешто, што остави доста луѓе без текст.
Според Квин, имало неколку правила што Кејт и Вилијам морале да ги следат пред нивната голема кралска венчавка во Вестминстерската опатија во април 2011 година поради фактот што Кејт требало да биде невеста надвор од кралското семејство или аристократијата и во суштина се сметала како обичен човек.
А да се осигури дека Кејт може да раѓа деца било една од најголемите правила и, како што тврди авторот на книгата, Кејт морала да направи тестови за плодност пред да се омажи за Вилијам.
„Тие секогаш сè прават за да се осигури дека идната кралица ќе може да има деца“, пишува Квин. „Ако Кејт не беше плодна, нема сомнеж дека бракот немаше ад биде склучен“.
Авторот исто така додава дека принцезата мора точно да знаела што се случува, но дека таа не е, ниту некогаш била бунтовничка.
Книгата открива дека и принцезата Дијана, мајката на Вилијам, морала да помине низ слични тестови пред да се омажи за тогашниот принц Чарлс во 1981 година.
„Веќе знаеме дека можноста да забремени и да раѓа наследници на тронот е толку важна во кралското семејство. И веќе знаеме дека принцезата Дијана беше помлада и имаше поголеми шанси да му даде наследници на идниот крал Чарлс, всушност ова беше една од главните причини што тој избра да се ожени со неа наместо со својата вистинска љубов, Камила“.
Квин го спомнува тестирањето на покојната принцеза Дијана: „Дијана се пожали во куса средба со сегашниот автор (алудирајќи на себе) и со сета наивност мислела дека нејзините предбрачни прегледи се поврзани со општото здравје, дури подоцна сфатила дека била тестирана за плодност. „Бев толку наивна што во таа фаза се согласував со сè“, рекла принцезата Дијана.
Забава
Адам Сендлер добитник на награда за американски хумор

Актерот и комичар Адам Сендлер стана 24. добитник на наградата „Марк Твен“ за американски хумор од Центарот „Кенеди“ во неделата, на настанот на кој настапуваа Џенифер Анистон, Крис Рок и Конан О’Брајан за да ги прослават неговата комедија и кариера.
Сендлер, кој глуми во Spanglish, The Wedding Singer, The Waterboy и многу други, се прослави со своите комични вештини, кои – иако не секогаш ги освојуваа срцата на критичарите – и ги воодушевуваа фановите. Неговите филмови заработија милијарди долари.
Невообичаено облечен во костум наместо неговите познати шорцови и маица, Сендлер (56) рече дека костумот е премногу широк. „Не знам дали овој костум ми стои или не, само го облеков… втор пат“, им рече тој на новинарите на црвениот тепих пред настанот.
„Но, сè друго… таква чест, никогаш во животот не размислував за ова, никогаш не очекував вакво нешто“, додаде тој.