Контакт

Забава

Полицијата во Конектикат со 15 илјада лајка на „Фејсбук“ бара криминалецот сам да ѝ се предаде

Објавено пред

Полицискиот оддел во Конектикат се обидува со нови методи да ги натера криминалците по кои се трага сами да ѝ се предадат на полицијата. Полицискиот оддел во градот Торингтон објави две потерници за бегалци на „Фејсбук“ и тврди дека склучиле договор со Хозе Симс, кој е на една од фотографиите. Ако објавата добие 15.000 лајка, според полицијата, Симс, кој е во бегство, сам ќе ѝ се пријави во полиција.

Во објавата на полицијата на „Фејсбук“ исто така се наведува дека оние што имаат информации и сознанија исто така може и телефонски да се јават и да пријават во полиција каде се двајцата бегалци.

Реакциите на оваа идеја на полицијата се различни – некои ја одобруваат, други ја критикуваат. Многумина прашуваат дали станува збор за шега. На „Фејсбук“ од полициската станица одговорија дека не станува збор за шега.

Оваа објава досега има 17.000 лајка и очекуваат дека бегалецот набргу би можел сам да ѝ се предаде на полицијата. Симс е обвинет за ризик од повреда на дете, прекршување на мирот, лажен инцидент, повреда на наредба за заштита, злоупотреба на бројот за итна помош 911 и за лажна изјава.

Забава

Холандското кралско семејство се врати од одмор по 24 часа

Објавено пред

Петте члена на холандската монархија беа принудени да го скратат годишниот одмор по негодувањето на јавноста дека патуваат во време на забрана за патување.

Кралското семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александер, кралицата Максима и нивните три ќерки – принцезата Катарина-Амалија, принцезата Алесија и принцезата Аријана – се упатија на одмор во Атина изминатиов викенд, но по негодувањето од холандските медиуми, набрзина се вратија дома.

Медиумите истакнаа дека тие заминале во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Многумина се прашуваа зошто премиерот Марк Руте не ги советувал да го одложат одморот. Пратеникот од опозициската Лабуристичка партија, Атје Кеукен, рече: „Ова не е добар пример за другуте Холанѓани“.

Прикажи повеќе...

Забава

Куќата на Хари и Меган била огласена за изнајмување, тврдат британски таблоиди

Објавено пред

Гламурозниот имот на принцот Хари и Меган бил наведен како локација за видео и фотосесии, а цената на изнајмување била 700 долари на час, пишуваат британските таблоиди.

Откако војводата и војвотката од Сасекс се населија во Калифорнија, има многу шпекулации околу деталите на нивната палата во Монтечито. Иако фановите имаа кус увид во стилскиот имот во текот на неколку видеоповици на двојката, неодамна се појави најсеопфатен изглед на нивната семејна куќа благодарение на една понуда на веб-страница за изнајмување локација за настани.

„Мејл онлајн“ објави дека имотот во Монтечито бил наведен како достапен за 700 долари на час за  видео и фотосесии на сајтот за изнајмување „Гигстер“. Се чини дека огласот е отстранет, а сега има линк на кој пишува: „Извинете, оваа локација не беше објавена“.

Понудата, наводно, била објавена пред двојката да го купи имотот од 14.7 милиони долари, но сепак весникот тврди дека сè уште била активна во петокот на 16 октомври.

Опишан како „Италијанска вила“, имотот беше достапен за изнајмување минимум 10 часа. Може да собере екипа од 15 луѓе и има приватен паркинг за 50 лица. Во понудата стоело дека на локацијата е забрането пушење, консумирање алкохол, миленичиња, готвење и снимање филмови за возрасни.

Куќата, наводно, е опремена со голема библиотека, канцеларија, спа-центар (со суви и влажни сауни), вежбалница, просторија за игри, аркада, театар, визба за вино и гаража за пет автомобили.

Се простира на 5.4 хектари земја со поглед на море, има огромни градини, тревници, рози, уметнички скроена жива ограда, чемпреси и маслинови дрвја, тениско игралиште, чајџилница, куќичка за деца и голем базен. Исто така има и дополнителна куќа за гости, со уште две спални соби и бањи.

Имотот можеби повеќе не е достапен за изнајмување, но без сомнение Хари и Меган ќе понудат уште многу ѕирнувања внатре, бидејќи тие продолжуваат да работат од дома за време на пандемијата, пишуваат таблоидите.

Прикажи повеќе...

Забава

Интересот за дигитални книги со драстичен пораст среде пандемија

Објавено пред

Карантинот и ограничувањата на движење резултираа во енормно зголемен број на нови  корисници на веб-страницата Libraries NI (Библиотеки Северна Ирска) од почетокот на март.

Веб-страницата тврди дека има драстично зголемувње на бројот на онлајн корисници среде пандемија на Ковид-19, додавајќи дека сè поголем број на луѓе се решаваат за оваа опција во услови на светска здравствена криза.

Приближно 24.000 луѓе во Северна Ирска се приклучиле на онлајн библиотеката од почетокот на пандемијата.

„Библиотеки СИ“ забележаа раст на онлајн членството за 23.569 помеѓу март и крајот на септември. Во март имало 7.590 нови членови на библиотеката – 10 пати повеќе од истиот месец во 2019 година.

Пред пандемијата, повеќето луѓе што сакаат да користат вакви услуги, тоа ќе го стореа во библиотечна зграда.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет5 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија7 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија7 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија9 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија9 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија12 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија13 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија14 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа14 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија15 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија15 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа16 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија17 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија17 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет17 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет17 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет18 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Досие