Забава
Пол Рад на премиера на новиот филм, откако беше прогласен за најсекси маж на светот
Пол Рад се појави на црвениот тепих на премиерата на Ghostbusters: Afterlife во њујоршкиот АМЦ Линколн Сквер театар во понеделникот, една недела откако беше прогласен за најсекси маж на светот за 2021 година во традиционалниот избор на магазинт „Пипл“.
52-годишниот актер, кој го глуми гоподин Груберсон во новиот филм, „Истерувачи на духови: Задгробен живот“, на себе има кафеав сјаен костум и црна вратоврска.

Рад претходно изјави за медиумот дека не се смета себеси за секс симбол, туку повеќе за семеен човек, бидејќи е татко на две деца со сопругата Џули Јегер: синот Џек (17) и ќерката Дарби (12).
„Кога размислувам за себе, мислам за себе како сопруг и татко“, рече Руд. „Кога не работам, се дружам со семејството. Тоа е она што најмногу го сакам.“

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Со причина ја носи титулата најдобро облечена жена во 2025 година
Принцезата Кејт Мидлтон е прогласена за „најдобро облечена дама“ за 2025 година. Титулата и признанието и го доделува британското издание на познатото модно списание „Вог“.
На светот, како и на модните критичари, не им се непознати префинетиот вкус за мода и детали што го поседува принцезата од Велс. Кејт Мидлтон е позната по своите беспрекорни комбинации на облека кои претставуваат спој од чиста елеганција и модерен шик, а притоа не го нарушуваат кралскиот кодекс на облекување.
Секое парче од нејзината гардероба има своја приказна, а интересно е и тоа што таа често рециклира облека, односно дека е голем обожавател на одржливата мода. Во овој поглед, не е ни чудо што Кејт Мидлтон е прогласена за „најдобро облечена дама“ за 2025 година според „Вог“.
Како што објави „Дејли меил“, принцезата е карактеризирана и како „вечна инфлуенсерка“ која секогаш наоѓа начин да ги инспирира луѓето околу неа. Покрај неа, признанија добија и: Алекса Чунг, Сиена Милер, Кејт Мос, Наоми Кемпбел и Викторија Бекам.
„Вог“ објави и број посветен на познати ѕвезди кои со своите модни изрази ја освоија редакцијата на списанието, а со тоа и титулата „ѕвезди со најдобар стил“, поточно, 55 влијателни личности го красат бројот.
Интересно е што Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, не се најде на оваа листа, иако минатата година за „Њујорк тајмс“ изјави дека изборот на вистински модни парчиња е нејзина силна страна, пишува „Дејли меил“.
Забава
(Фото) Голите гради на бразилската манекенка го срушија интернетот
Бразилската манекенка Алесандра Амбросио знае како да ужива во шармот на животот, но и во топлите денови. Покрај тоа, таа е често активна на социјалните мрежи, каде што ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот приватен живот.
Alessandra Ambrosio by Cameron Hammond for Lavarice 🖤 pic.twitter.com/g1kR1nw4mk
— The Bold Vixen (@TheBoldVixen) December 11, 2025
Неодамна објави компилација од провокативни фотографии, а една особено привлече најголемо внимание. Алесандра храбро го фрли горниот дел од бикинито, а паметно го цензурираше интимниот дел од своето тело, оставајќи нешто на имагинацијата на љубопитните набљудувачи.
Другите фотографии исто така не беа „за фрлање“, туку напротив додадоа зачин во атмосферата. Убавицата го покажа своето совршено извајано тело, како и грбот.
Фотографиите брзо привлекоа бројни коментари и пофалби на социјалните мрежи, каде што обожавателите не го криеја своето воодушевување од нејзиниот изглед и стил.
Забава
Најубавите луѓе се родени под овој хороскопски знак
Иако секој хороскопски знак има свои специфики, постои знак чии членови речиси секогаш привлекуваат внимание со својот изглед.
Убавината често се опишува како комбинација од внатрешна енергија, држење на телото, харизма и начинот на кој лицето влегува во просторија. Иако сите хороскопски знаци имаат свои специфики, постои знак чии членови речиси секогаш привлекуваат внимание со својот изглед.
Нивното присуство лесно се забележува, дури и кога не се обидуваат.
Според астрологијата, најубавите луѓе најчесто се раѓаат под знакот на Вага. Членовите на овој знак се познати по нивната привлечност која не е впечатлива, но е многу препознатлива. Нивната естетика, хармонија и природно чувство за пропорција во сè ги прави луѓе кои инстинктивно се забележуваат од другите.
Тие зрачат со топлина
Вагата е знак управуван од Венера, планетата на убавината и хармонијата, па затоа нивните карактеристики често вклучуваат нежност, елеганција и рафиниран изглед.
Покрај физичката привлечност, тие се привлечни и поради начинот на кој комуницираат, како и мирниот и пријатен впечаток што го оставаат кај другите. Нивната убавина не е само површна, туку дел од нивната целокупна енергија.
Во врските, припадниците на овој знак зрачат со топлина и срдечност, што дополнително ја нагласува нивната привлечност. Лесно се пристапува кон нив бидејќи оставаат впечаток на пристапност и сталоженост, а токму оваа комбинација на изглед и однесување е причината зошто често се вели дека се меѓу најубавите во хороскопот.

