Забава
Пол Руд им подели колачиња на Американците кои чекаа ред да гласаат

Sвездата на научнофантастичната акција Ant Man, или човекот мравка Пол Руд, им пружи вкусно задоволство на оние кои во четвртокот застанаа на дожд надвор од центарот Баркли во Бруклин да го предадат гласачкото ливче за претседателските избори на 3 ноември.
Пол рече дека сите гласачи заслужуваат да бидат охрабрени што го дале својот придонес.
Во разговор со порталот NowThis News, Пол рече: „Не е тешко да се гласа. Луѓето треба да добиваат слободен ден од работа, треба насекаде да има гласачки места. Ова треба да е лесно, не тешко.
„Секој што чека на ред заслужува да биде некако, на некој начин, охрабрен. Една од работите што навистина охрабрува е да видиме колку многу луѓе излегуваат рано и гласаат низ целата земја.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бајага се огласи првпат откако беа откажани негови концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.
На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.
„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.
„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.
За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.
„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.
Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.
„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.
Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан.
Забава
И шефицата на одделот за човечки ресурси поднесе оставка по мегаскандалот на концертот на „Колдплеј“

Шефицата на одделот за човечки ресурси во американската технолошка компанија „Астрономер“, Кристин Кабот, поднесе оставка откога беше снимена како го прегрнува сега веќе поранешниот извршен директор на компанијата, Енди Бајрон, на концерт на „Колдплеј“.
Компанијата потврди за Би-би-си дека Кристин Кабот повеќе не работи во „Астрономер“, само неколку дена откако Енди Бајрон исто така поднесе оставка. Неговото заминување дојде откога „Астрономер“ објави дека ќе биде ставен на отсуство и под истрага.
@ctvnews CEO and colleague caught on camera at Coldplay concert Coldplay singer Chris Martin may have caused an awkward moment when he commented on a CEO embracing a colleague at the band’s show in Boston. #news #ctvnews #coldplay #ceo #boston ♬ original sound – CTVNews
Скандал што го обиколи светот
Скандалот што доведе до вакви последици се случи на 16 јули на концерт на „Колдплеј“ во Бостон. Во тоа време Бајрон и Кабот беа прикажани на големиот екран на „Кис кам“ додека стоеја во публиката прегрнувајќи се.
Кога сфатија дека се во кадарот, двајцата одеднаш се повлекоа назад и се обидоа да си ги скријат лицата, што предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.
Ситуацијата дополнително ја зачини пејачот на бендот, Крис Мартин, кој се пошегува со публиката: „Погледнете ги! Или имаат афера или се навистина срамежливи“.
Последиците од аферата
Енди Бајрон беше првиот што се соочи со последиците од своето неверство – првин неговата сопруга Меган го избриша неговото презиме од социјалните мрежи, а потоа, кога неговата милијардерска компанија „Астрономер“ почна внатрешна истрага, тој самиот поднесе оставка од функцијата извршен директор.
Фото: Принтскрин
Забава
(Видео) Романтична свршувачка на плажа прекината од нешто неочекувано, снимката насмеа многумина

Млад човек решил да ѝ предложи брак на својата девојка на брегот на море во присуство на блиски пријатели и сè било совршено сè додека не се појавил неочекуван гостин.
Видеото од романтично барање на раката на плажата во Умаг во Истра стана вистински хит на „Тик-ток“ собирајќи над 12 милиони прегледи, и тоа не благодарение на младиот пар, туку на случаен минувач од морето.
Пливач излегол од морето – и ја засенил претставата.
@beltartuf prelepo #umag ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧
Токму оваа спонтана и привлечна реакција предизвика бран ентузијазам кај корисниците на „Тик-ток“, кои изразија симпатии и се шегуваа за него во коментарите.
Фото: принтскрин