Контакт

Забава

Поради 34 години помладата жена, холивудскиот заводник се пресели во Европа, папараците ги начекаа на улица

Објавено пред

Познатиот актер, холивудскиот заводник од 90-те години, Ричард Гир, ужива во љубовта со 34 години помладaта Алехандра Силва, а колку се грижи за сопругата покажува и фактот дека е подготвен целосно да го промени својот живот.

dobivaj vesti na viber

Гир никогаш не се воздржуваше да ја манифестира љубовта на јавни настани, а многу често разменуваше нежности со својата сакана додека папараците ги фотографираа.

Гир се преселил во родниот град на неговата сопруга, Мадрид, со што ја заменил Америка со Европа.

Папараците набрзо го фотографираа овој пар на улиците на главниот град на Шпанија, а според она што може да се види, животот во Европа навистина им одговара.

 

Забава

(Видео) Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг: „Не прими поради пожарот“

Објавено пред

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го напушти својот дом поради пожарот во Лос Анџелес. Таа на Инстаграм објави видео на кое низ солзи вели дека моментално престојува во куќата на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Питер Фачинели.

dobivaj vesti na viber

„Сакав да ви кажам дека сме безбедни. Петар и неговото семејство не пречекаа и беа толку љубезни. Длабоко сум тажна за нашиот град, само се чувствувам вкочанета“, опиша таа.

„Нашиот дом беше поштеден, но има многу да се исчисти и да се подготвиме за да им помогнеме на нашите соседи, пријатели и други жители на Лос Анџелес. Дејв беше неверојатен додека ги носеше нашите торби и кутии, ги товареше и истоваруваше“, истакна Џени.

„Благодарна сум што имаме дом во кој можеме да се вратиме. Ова поинаку ќе влијае на луѓето, ве молам понудете се да помогнете, тоа навистина значи многу. Ви благодариме на сите за љубовта што ни ја испраќате”, заклучила актерката.

Прикажи повеќе...

Забава

Божиќна магија со Сара Мејс и девојките: Незаборавен концерт во Велес

Објавено пред

Сара Мејс заедно со девојките приреди незаборавна празнична вечер на Божиќниот концерт што се одржа на 10 јануари во салата на Велешкиот театар. Со изведба на Божиќни песни, под музичка придружба на Камерниот оркестар од Битола, тие ја донесоа магијата на празничната атмосфера.

dobivaj vesti na viber

„Вообичаено за Божик, семејството се собира дома, за да го одбележи овој голем христијански празник. Ви благодарам што нѐ примивте како дел од семејството и со оваа музичка вечер, да донесеме убави и пријатни емоции“, истакна Сара на почетокот на концертот кој траеше час и половина.

Публиката уживаше во изведбите на хитови како оние на Мараја Кери и дуото „Wham!“, како и во традиционалните новогодишни песни, меѓу кои и „Jingle Bells“, која изведена во а капела верзија ја крена публиката на нозе. Посебна енергија донесоа и македонските божиќни песни „Вечниот Бог“ и „Небо и земја“, украинската „Шчедрик“, како и специјалната изведба на Сара Мејс на харфа со нејзината композиција „Псалм 150“.

Концертот беше збогатен со поп хитови, а заврши со веселите „Њујорк, Њујорк“, „Feliz Navidad“, „Елко, елко“ и „Среќна Нова година“ – оригиналната песна на Сара Мејс. Публиката, воодушевена од настапот, не дозволи изведувачите да ја напуштат сцената без бис, па тие се вратија уште два пати, поздравени со громогласен аплауз.

Овој концерт, организиран со поддршка од Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и Општинската организација на Црвениот Крст Велес, имаше хуманитарен карактер – сите средства од продадените билети ќе бидат донирани за набавка на опрема за Детското одделение во Општата болница Велес.

Прикажи повеќе...

Забава

Снуп Дог донира облека за жртвите од пожарот во Лос Анџелес

Објавено пред

Снуп Дог обожавателите го нарекуваат вистински херој за неговата дарежлива донација за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Поминаа повеќе денови откако 180.000 луѓе избегаа од Лос Анџелес поради огромните шумски пожари кои се проширија. Бидејќи Лос Анџелес е дом на бројни холивудски ѕвезди, многу од нив им помагаат на другите погодени од трагедијата. Меѓу нив е и Парис Хилтон, која донирала 100.000 долари на фондот за итни случаи и покрај тоа што ја изгубила сопствената куќа во Малибу во пожарот.

Сега Снуп Дог одлучи да се придружи и да му помогне на својот град. Познатиот рапер најави дека неговата продавница за облека во Инглвуд ќе обезбедува облека за луѓето погодени од пожарите. Неговата компанија Snoopysclothing на својот профил на Инстаграм напиша: „Длабоко сме погодени и изразуваме сочувство до сите оние кои ги загубија животите во овие пожари“.

„Ве молиме застанете и земете ја облеката што ја имаме на располагање за да ви помогнеме вам и на вашето семејство во овие тешки моменти, потполно бесплатно. Потребни се лични документи и адреса“, додаваат тие.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа55 минути

(Видео) Зеленски објави снимка од заробени Севернокорејци, му постави услов на Ким Џонг-ун

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку...

Свет1 час

(Видео) Зголемен бројот на загинати во Лос Анџелес: „Многу делови од градот изгледаат како да се бомбардирани“

Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, соопштија утрово властите. Канцеларијата на судски...

Европа1 час

(Видео) Лавина уби тројца скијачи во Италија, ги влечела стотици метри надолу

Лавина вчера погоди група од пет скијачи во северниот италијански регион Пиемонт, при што загинаа тројца од нив, соопштија спасувачите....

Македонија1 час

Врнежи од снег низ целата држава, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Македонија14 часа

Еуроњуз: Македонија има најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Најпогодена држава од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа следи Србија, објави „Еуроњуз“ повикувајќи се на извештај на...

Свет16 часа

(Видео) Грабежи низ Лос Анџелес: крадци се облекуваат како пожарникари за да упаднат во напуштени домови

Полицијата уапси голем број разбојници облечени како пожарникари кои упаднаа во напуштени домови во Лос Анџелес, каде околу 35.000 домови...

Топ17 часа

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби. „Во 08:57 часот добиена е...

Македонија18 часа

(Фото) Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од...

Македонија19 часа

(Видео) Петрушевски: СДС премолчувале за криминалните активности на Груби

СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат...

Економија19 часа

(Видео) Димковски: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Неспособноста на Цветан Трипуновски создаде криза со откупот на оризот и оризовата арпа, кажа денеска на прес конференција, Трајан Димковски...

Македонија21 час

СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е закана за безбедноста на граѓаните

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ....

Македонија24 часа

Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на мерки за намалување на загадувањето

Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки, кажа денеска...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: СДС јавно да се извинат за Груби

Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку...

Економија2 дена

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија – граѓаните се ограбени

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023...

Македонија2 дена

Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата. Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите...

Свет2 дена

(Фото) Трамп сака да ја преземе контролата врз Гренланд, Канада и Панамскиот канал

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги сака Гренланд, Канада и Панамскиот канал. Ова е само дел од неговите планови,...

Македонија2 дена

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна...

Македонија2 дена

Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема...