Забава
Поранешниот шеф на „Викторија сикрет“ сексуално ја вознемирувал Бела Хадид

Секоја година ситуацијата во врска со поранешниот шеф и маркетинг-директор на „Викторија сикрет“ (Victoria’s Secret), Ед Разек, станува сè погрда.
Една статија во „Њујорк тајмс“ објавена минатиот викенд тврди дека супермоделот Бела Хадид била меѓу оние што биле сексуално вознемирувани од Разек во текот на подготовките пред шоуто на „Викторија сикрет“.
Весникот сугерира дека девојките, познати како ангели на „Викторија сикрет“, зад сцената биле жртви на недолични коментари, понижување и сексуално вознемирување во популарната компанија за долна облека и организатор на спектакуларни модни ревии.
Разек, за кој се вели дека го имал главниот збор во изборот на модели што ќе настапат во шоуто – познати како „Ангелите на Викторија сикрет“ (Victoria’s Secret Angels) – во текот на подготовките давал несоодветни коментари за некои од девојките.
Весникот објавува детали за недоличното однесување од страна на поранешниот директор за маркетинг, Ед Разек, кој наводно давал несоодветни коментари за градите на Хадид во текот на пробата пред годишната телевизиска модна ревија на брендот во 2018 година.
„Њујорк тајмс“ цитира дека три лица што биле присутни за време на пробата на која Бела ја мереле за да се утврди точната големина на долната облека.
„Заборавете ги гаќичките“, Разек беше цитиран како им вели на луѓето од персоналот.
„Поголемо прашање, рекол тој, е дали ТВ-мрежата ќе ѝ дозволи на г-ца Хадид да оди по пистата со тие совршени цициња“. (Еден сведок се сети дека Разек наводно рекол „гради“, а не „цициња“), пишува „Њујорк тајмс“.
Наводно, за време на истата проба Разек ја ставил раката меѓу нозете на друга девојка модел во долната облека.
Извршниот директор, кој беше главен директор за маркетинг за бренд и креативни услуги во „Лимитид брендс“ (Limited Brands), матична компанија на „Викторија сикрет“, исто така давал контроверзни забелешки за недоволната разноликост на пистата.
Тој во интервју за „Вог“ рече: „Дали требаше да има транссексуалци во шоуто?“ Не, не мислам дека треба. Па, зошто да не? Шоуто е еден вид фантазија. Тоа е посебна забава што трае 42 минути“.
„Ние им пласираме производи на одредена целна група и не му продаваме на целиот свет. Во 2000 година се обидовме да направиме ТВ-ревија за плус сајз (за оние чија конфекциска големина го надминува бројот 44). Никој немаше интерес за тоа и сè уште е така“, рекол Разек.
Тој подоцна се извини за своите зборови, а во август компанијата објави дека Ед ќе ја напушти компанијата и ќе се пензионира. Потврдено е дека модната ревија на „Викторија сикрет“ е откажана минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка во Холивуд

Актерката Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка на сите времиња.
Не е навистина големо изненадување што најпрофитабилните актери на сите времиња на киноблагајните се ѕвездите или поранешните членови на кинематографскиот универзум на „Марвел“.
На крајот на краиштата, тој филмски универзум е убедливо најуспешната франшиза во историјата на киното. Но, она што може да ве изненади е кој е, всушност, најуспешната личност меѓу нив, пишува gamereactor.
Долго време, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни Јуниор се бореа за врвот на оваа листа, но сега, по огромното отворање на Jurassic World: Rebirth, Скарлет Јохансон ги престигна своите поранешни колеги од The Avengers и го зазеде првото место.
Според The Numbers, Јохансон помогна да се генерираат неверојатни 14,614 милијарди долари на киноблагајните, а филмовите на „Марвел“ се главен извор на овој успех.
Во еден момент Зои Салдана беше водечка актерка во вкупната заработка на киноблагајните со 14,233 милијарди долари, но Јохансон ја престигна.
Сепак, овој рекорд, веројатно, ќе биде краткотраен бидејќи се очекува Салдана повторно да го заземе првото место подоцна оваа година кога ќе пристигне Avatar: Fire and Ash за кој речиси сигурно се предвидува дека ќе заработи најмалку 1 милијарда долари.
По ова, Дауни Јуниор би можел да се врати на тронот кога Avengers: Doomsday ќе пристигне кон крајот на 2026 година.
Забава
Стар тренд повторно летен хит: Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го обожаваат

Познатите личности веќе почнаа да го враќаат сјајот на еден стар летен тренд за убавина, кој беше популарен на почетокот на 2000-тите: светките за тело.
Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го прифатија овој тренд, некогаш промовиран од Бритни Спирс и Кристина Агилера, а Ријана исто така вклучи лосион за тело со светки во новата колекција на својот бренд.
View this post on Instagram
Сигурно барем еднаш сте се намачкале со ваков лосион и сте уживале во гламурот за време на состанок, па затоа добро знаете за што зборуваме. Значи, ова лето имате можност повторно да го користите и да бидете во тренд, а покрај светките за тело, тука се и некогаш популарните светки за коса.
Светкавите се вратија на друг начин, продавниците веќе се преплавени со светкави парчиња облека во форма на мини здолништа, фустани, шорцеви, кошули и панталони, а на улица можете да видите дека трендот повторно заживеа.
View this post on Instagram
Доколку сакате да бидете забележани уште повеќе и да се чувствувате гламурозно додека шетате на улица или излегувате навечер, тука се и чевлите со светки, но и додатоци за плажа.
Значи, ако сакате да блеснете и да привлечете внимание, слободно – светките се задолжителни ова лето!
Забава
(Фото) Се омажи Мел Би

Поранешната членка на „Спајс грлс“, Мел Би (50), се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.
Мел Би носеше фустан од Џозефин Скот направен по мерка за нејзината свадба, а подоцна се пресоблече во фустан од Џастин Александар.
View this post on Instagram
Церемонијата беше проследена со прием на ѕвезди во хотелот „Шангри-Ла“. Меѓу гостите единствена од „Спајс грлс“ беше Ема Бантон, но се појавија и други ѕвезди, меѓу кои Кара Делевињ, Кетрин Рајан и Дејзи Лоу.
View this post on Instagram
Трите ќерки на Мел Би беа нејзини деверуши. Пејачката ја има ќерката Феникс (26) со првиот сопруг Џими Гулзар. Поранешната двојка беше во брак од 1998 до 2000 година.
View this post on Instagram
Другата ќерка на Мел Би, Ангел Ирис (18), е од нејзината врска со Еди Марфи. Најмладата ќерка, Медисон (13), е од бракот со Стивен Белафонте со кого Мел Би беше во брак од 2007 до 2017 година.