Контакт

Забава

Поранешнaта асистентка на Де Ниро му бара 12 милиони долари отштета поради злоупотреба

Објавено пред

Чејс Робинсон, поранешна асистентка на Роберт де Ниро, го обвини актерот за сексуална дискриминација, непријателско работно опкружување и вознемирување и бара отштета од 12 милиони долари!

Чејс поднесе тужба во федералниот суд во Менхетн по тужбата на Де Ниро за затајување шест милиони долари бидејќи, како што тврди, ја користела кредитната картичка на неговата компанија за сопствени потреби.

Робинсон почнала да работи за Де Ниро во 2008 година како извршен асистент. Таа поднела оставка во април 2019 година, една и пол година по унапредувањето во заменик-претседател на производство и финансии во компанијата на Де Ниро.

Таа сега тврди дека Де Ниро вербално ја злоупотребувал и ја третирал како негова канцелариска сопруга.

Во обвинувањето таа навела дека Де Ниро понекогаш бил пијан и викал на неа користејќи вулгарен речник, а потоа ја терал да го чеша по грбот или да му ја врзува вратоврската, како и да извршува домашни работи. Покрај тоа, таа тврди дека имал обичај да носи пижами во текот на работното време и барал таа да влезе во неговата спална соба за да го разбуди.

Де Ниро, наводно, очекувал дека Робинсон секогаш ќе му биде достапна, па тврди дека работела до 11 часа на ден, но никогаш не била платена за тоа.

Тимот на Де Ниро како одговор на нејзината тужба рече: „Тврдењата на Греам Чејс Робинсон против Роберт де Ниро се, пред сè, апсурдни“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Сестрата на Амал Клуни ја нарушува репутацијата на познатата адвокатка

Објавено пред

Тала Аламудин Ле Талец (47), сестра на адвокатката за човекови права Амал Клуни, сопруга на Џорџ Клуни, беше осудена на три недели затвор и казна од 6.400 долари за неколку сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, таа е осудена за возење во пијана состојба и ќе ѝ биде одземена возачката дозвола четири години кога ќе излезе од затвор.

Тала живее во Сингапур, каде што ја запрел полицаец кој утврдил дека е пијана и дека вози без посебна сингапурска возачка дозвол и автомобилско осигурување. Како што било утврдено во судот, Тала го зела автомобилот без согласност на својот сопруг, Никола Ле Талец, што претставувало уште едно обвинение против неа.

Полицаецот што ја запрел Тала рекол дека мирисала на алкохол, била збунета и не можела да одговори на прашањето каде оди.

На Тала, која во Њујорк се преселила од Сингапур, ова ѝ бил втор прекршок за возење во пијана состојба.

Мајката на четири деца и сопственичка на модната линија „Тотал Тала“, како што изјавил нејзиниот адвокат, изразила длабоко и искрено жалење поради своите постапки и рекла дека трпи последици поради несаканиот публицитет и објавувањето во медиумите.

Прикажи повеќе...

Забава

Мајка од Австралија ја забележала смртоносната змија покрај децата, но само на фотографија

Објавено пред

Мајката Алана се шетала со своите деца во близина на домот во Ескдејл, Австралија. Братот и сестрата си играле безгрижно, а мајката ги фотографирала.

Но, кога ја видела фотографијата по прошетката, таа се исплашила. Опасност ги демнела на патеката.

Mark sent me this pic his daughter Alanna took of her kids as they skipped down a track on his property at Eskdale on…

Posted by Snake Catcher Victoria Australia on Понеделник, 14 октомври 2019

Покрај десната нога на нејзиниот син таа забележала смртоносна источна кафеава змија. Поточно, нејзиното каснување за само неколку минути може да предизвика срцев удар.

Источната кафеава змија (Pseudonaja textilis) има втор најсилен отров меѓу сите змии, зад копнениот тајпан, кој исто така живее во Австралија.

Тоа е агресивна и брза змија одговорна за најголемиот број смртоносни каснувања од змии во Австралија.

Таткото на Алана, Марк, ја испратил фотографијата на ловецот на змии Бери Голдсмит, кој утврдил дека станува збор за источна кафеава змија.

„Оваа фотографија покажува дека змиите не се агресивни и треба да се почитуваат“, рекол Голдсмит, чија изјава налутила многу Австралијци.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Анистон отвори „Инстаграм“, ја следи и нејзиниот поранешен сопруг

Објавено пред

Долго се двоумеше, но Џенифер Анистон (50) го направи она за кое до неодамна велеше дека никогаш нема да го стори. Таа му се придружи на „Инстаграм“ добивајќи милионски следбеници на нејзината прва објава, но и воодушеви многу фанови на ТВ-серијата што ја прослави.

„Сега сме пријатели и на ‘Инстаграм’“, напиша таа во описот на својата прва фотографија, на која ги собра сите „пријатели“ и предизвика носталгија.

Дејвид Швимер, Метју Пери, Мет Лебланк, Кортни Кокс и Лиза Кудроу позираа и го снимија моментот на другарство што Џенифер неочекувано го сподели со фановите.

Анистон веќе беше придружена од многу познати личности, па дури и од нејзиниот поранешен сопруг Џастин Терукс (48), а колешката од филмските сетови, Рис Витерспун, веднаш ја поздрави во коментарите.

View this post on Instagram

A rare night and I love it.

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial) on

Неодамна, Кокс на својот профил објави заедничка фотографија од старите познајници, а сè погласни се шпекулациите за повторно обединување и повторно снимање на „Пријатели“. Сепак, сè уште нема официјални информации за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија6 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија8 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа9 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија11 час

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија12 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија13 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија13 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет14 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион15 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија15 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет17 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет17 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет17 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион18 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа18 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија1 ден

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет1 ден

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија1 ден

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Досие