Забава
Почина актерката од „Пријатели“

Легендарната актерка Тери Гар, која беше номинирана за „Оскар“ за улогата во „Тутси“, почина на 79-годишна возраст.
Таа е позната и по нејзините улоги во филмовите „Млад Франкенштајн“, „Блиски средби од трет вид“ и како мајка на Фиби во легендарниот серијал „Пријатели“.
Актерката почина во Лос Анџелес по долга борба со мултиплекс склероза.
Ѕвездата во 2002 година откри дека има хронична болест, која ѝ го оштетува централниот нервен систем. Години подоцна таа доживеа руптура на аневризма во 2006 година.
Таа зад себе има 160 улоги глумејќи во влијателни телевизиски емисии и филмови од 70-тите до 90-тите и беше влијателен изведувач за многумина вклучувајќи ја и легендата на SNL, Тина Феј.
Врвот на нејзината кариера дојде во 1983 година кога беше номинирана за најдобра споредна женска улога како Сенди Лестер во „Тутси“.
Таа на крајот изгуби од Џесика Ланг, која глумеше во истиот филм.
Нејзината најпозната телевизиска улога дојде кога ја играше Фиби Абот во легендарниот серијал „Пријатели“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Вака изгледа безвременската убавина“: Салма Хајек без шминка го освојува интернетот

Салма Хајек (58) неодамна ја сподели својата дневна рутина за нега на кожата и за шминкање со списанието „Вог“, а видеото, кое првично беше објавено на „Јутјуб“, ги освои социјалните мрежи и предизвика многубројни коментари во кои се восхитуваат на нејзината убавина. Додека Салма ги споделува своите омилени техники – вклучувајќи и паметен трик за прикривање на седата коса со маскара – таа зборува и за „сендвичот за убавина“, како и за безвременските совети што ги наследила од својата баба.
View this post on Instagram
Таа исто така откри како се справува со хиперпигментацијата, особено на очните капаци, кои ги смета за природни сенки за очи. Таа исто така рече дека претпочита да користи шминка наместо филери за контурирање на лицето.
„Мора да ја менувате вашата рутина за шминкање и убавина како што стареете. Можеби она што функционирало порано, сега не функционира. Затоа е добро да бидете авантуристички настроени, креативни и да се обидете да се забавувате додека го правите тоа“, вели Хаjек, која вели дека ја научила оваа лекција од својата баба: „Имам голема среќа затоа што имав баба која беше опседната со убавината и знаеше секакви трикови“.
Видеото во кое Салма ги покажува своите трикови и дневната рутина предизвика низа воодушевени коментари: „Како да ставила сè што имала, го намачкала и некако сè уште изгледа беспрекорно“, „Неверојатно е колку е убава“, „Зачудувачка убавица“, „Вака изгледа безвременската убавина“.
За потсетување, Хајек претходно откри дека нејзината убавина на 58-годишна возраст не е само резултат на природата, туку призна дека била подложена на естетска процедура за подмладување. Станува збор за ултразвучна процедура за затегнување на кожата и стимулирање на производството на колаген.
Забава
(Видео) Фронтменот на „Колдплеј“ и познатата актерка раскинаа поради проблеми со распоредот

Актерката Дакота Џонсон и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, наводно повторно се разделија, со што ја завршија својата речиси осумгодишна врска, која постојано се прекинуваше. Разделбата наводно се должи на неможност да се усогласи распоредот. „Овој пат се чини дека е засекогаш“, изјави извор за „Пипл“.
Тие се забавуваат од 2017 година, а нивната осумгодишна врска имала свои подеми и падови. Последен пат беа фотографирани заедно на 16 мај, пред само две недели, во Малибу. Пред тоа беа видени како се држат за раце во Индија, каде што Мартин беше на турнеја со својот бенд.
Во март 2024 година извор откри дека Џонсон и Мартин, всушност, биле срвшени со години откога шпекулациите за свршувачката првпат се појавија во 2020 година, иако во тоа време не брзале да се венчаат. Кога се појавија шпекулации за раскинување во август 2024 година, портпаролот на актерката ги негира и рече дека тие се среќни заедно.
Џонсон претходно отворено зборуваше за тоа дека е присутна во животите на децата на Мартин од неговиот брак со Гвинет Палтроу, синот Мозес и ќерката Епл, кои сега имаат 19 и 21 година. „Ги сакам тие деца како мојот живот да зависи од нив“, изјави Џонсон претходно за „Бастл“. „Со сето мое срце“.
Забава
(Видео) Пајак и Антониа имаат нова песна, објавен е и спот за „Навика“

Пајак и Антониа Гиговска имаат нова песна. Тие вчера ја објавија „Навика“.
Музиката е на Пајак, а за текстот тој соработуваше со Елвир Мекиќ. Аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо.