Забава
Иконата на француската шансона Жилиет Греко почина на 93 години
Иконата на француската шансона Жилиет Греко почина на 93 години, а нејзината кариера траеше осум децении.
„Жилиет Греко почина опкружена со своите сакани и во својот дом во Раматие. Имаше исклучителен живот“, наведоа роднините.
Родена е во 1927 година. Греко беше затворена од нацистите за време на Втората светска војна, но потоа почна да настапува во подрумски клубови и кафулиња. Облечена во црно, таа стана муза на филозофите и писателите, вклучително Жан Пол Сартр и Алберт Ками. Настапувала до 89 години на проштална турнеја.
Кон средината на 40-тите години од минатиот век романописецот Роман Кено и филозофот Жан Пол Сартр ги напишаа песните што ѝ го донесоа првиот голем успех на Греко во нејзината блескава кариера. Пееше песни на Жак Превер, на Бертолд Брехт, на Борис Вијан, на Франсоа Саган и на Серж Гензбур.
По настапите во легендарните париски кабареа, замина за Њујорк каде што стекна светска слава. По врската со џез-трубачот Мајлс Дејвис, таа имала три брака. Во 2015 година одржа проштална турнеја што ја нарече „Мерси“, која траеше 12 месеци.
Имаше и две улоги на филмското платно – во филмовите „Орфеј“ во 1950 година и осум години подоцна во „Добар ден таго“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

