Забава
Празнична фолк-вечер на Карпошово лето
Во рамки на Карпошовото културно лето, вчера вечер дворот на црквата „Св.Тројца” во Бардовци беше центарот на случувањата.
На големиот христијански празник Голема Богородица, карпошовата летна сцена ја освежија македонските народни хитови отпеани од познатите фолк ѕвезди.

Многубројната публика, во едно грло и со громогласен аплауз, ги поздравија музичките легенди кои настапија: Наум Петревски, Ефто Пупиновски, Благоја Груевски, Зуица Лазова, Ленче Кукиќ, Смиља Митревска, Драган Мијалковски, Горан Алачки, а кои беа придружувани од Народниот оркестар на Радио Бубамара, под водство на Дамир Имери.
Како за затворање на Карпошовото културно лето, вечерва на летната сцена кај карпа на кејот на реката Вардар, со почеток од 20 часот, е резервирана за љубителите на поетската вечер изразена преку стихови „Волкот на љубовта“, на Тихомир Јанчовски и Бранислав Николов (Фолтин), а гостин на вечерта ќе биде Андријана Јаневска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дамското издание на Кејт Мидлтон е за секоја пофалба
За време на посетата на добротворната организација за ментално здравје на децата „Ана Фројд“ во Северен Лондон, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, одлучи да облече креација која е украсена со минимализам.
Станува збор за фустан од британската дизајнерка Емилија Викстед кој комбинира класична елеганција со пепито дезен. Самиот фустан ја нагласува витката фигура на Кејт, а еден детаљ – висока јака – му дава доза на елеганција.
Треба да се напомене дека таа веќе го носела овој дел од облеката за време на самостојната посета на Универзитетот Харвард во 2022 година.
Стајлингот го комплетираше со сиви чевли, дискретни додатоци и брановидна фризура. Забележлива беше и блескавата насмевка што го комплетираше изданието на омилената кралица на светот.
Забава
(Фото) Иванка Трамп позираше со својата ќерка, сите коментираат: „Прекрасна е“
Иванка Трамп неодамна отпатува во Париз, придружувана од нејзината ќерка Арабела Роуз. Мајката и нејзината миленичка уживаа во зимската магија на француската престолнина, а успеаја да ги забележат прекрасните моменти во форма на фотографии.
Иванка објави компилација од фотографии на Инстаграм, а овој пат не беа објавите на атрактивната русокоса тие што привлекоа посебно внимание, туку природната убавина на нејзината ќерка.
14-годишната девојка блескаше во дискретни комбинации, но вечерните парчиња сепак привлекоа посебно внимание. Првата комбинација е металик сив фустан кој ја следи линијата на телото, а е украсен со интересни детали во пределот на градите и светки.
Втората ја прикажува прекрасната Арабела во впечатлив мини фустан со светки во црни, златни и црвени тонови. Таа го комплетираше стајлингот со длабоки црни чизми, а нејзината мајка Иванка ја придружуваше на фотосесијата.
„Длабоко сум благодарна за прекрасните спомени што ги создадов со Арабела минатиот викенд во Париз“, напиша таа кратко, а потоа започна лавина од коментари.
„Прекрасна си“, „Го обожавам твојот стајлинг“, „Толку е убаво што уживате заедно“, се само неколку од коментарите.
Забава
(Видео) Оваа жена е чист гламур, а ја краси и специфична убавина
Ања Тејлор Џој неодамна присуствуваше на 22-от филмски фестивал во Маракеш, а за таа пригода реши да нè почести со гламурозен аутфит.
Актерката со специфична убавина прошета по црвениот тепих во сенф-жолт фустан украсен со прав крој и интересни цветни детали во пределот на градите.
Станува збор за фустан од Диор кој ја следи линијата на телото и со својот ненаметлив дезен ја нагласува целата убавина на личноста што го носи.
Својот стајлинг го комплетираше со обетки „Flame Ear Clips“, од брендот Tiffany & Co., како и минимална шминка во земјени тонови.
Кога станува збор за нејзината фризура, таа се одлучи за стилска свечена пунџа која ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето.
Секогаш кога ќе се појави, гламурот на црвениот тепих е загарантиран!

