Забава
Првиот сопруг на Џеј Ло не е убеден дека нејзиниот брак со Бен Афлек ќе трае
Ојани Ноа, првиот сопруг на Џенифер Лопез, верува дека нејзиниот брак со Бен Афлек нема да трае бидејќи таа, наводно, губи интерес откако страста ќе спласне.
Ѕвездата на „Омажи се за мене“ (Marry Me) се венча со актерот и режисер на почетокот на овој месец, речиси 20 години откако ја прекинаа нивната свршувачка, но Ноа – кој беше во брак со Лопез од февруари 1997 до јануари 1998 година – е скептичен за тоа колку силна ќе биде нивната заедница.
Тој изјави за весникот „Мејл он сандеј“: „На неа и на Бен им посакувам сè најдобро, но не сум убеден дека ќе потрае. Џен сака да биде вљубена, но таа беше свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Јас бев сопруг број еден и ми рече дека јас сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на нашата брачна ноќ, таа рече дека ќе бидеме заедно засекогаш.“

„Среќен сум што му се врати во Бен, но имам чувство дека ова нема да трае.“
„Мислам дека таа е некој што ќе се омажи седум или осум пати. Мислам дека никогаш нема да се скраси со една личност. Таа се турка постојано да оди напред во својот професионален живот, поради што има кариера долга три децении, но и во приватниот живот оди понатаму“.
Ојани работел како келнер во ресторан на плажа во Мајами кога првпат ја запознал Џенифер – која тогаш била на снимање на Blood and Wine („Крв и вино“) – но немал поим која е. Нејзиниот живот како мегаѕвезда на крајот зеде данок.
Тој се присети: „Многу пати се чувствував како господин Пепелашка. Џен беше најубавата жена што некогаш сум ја видел. На почетокот не знаев која е таа.“

„Се вљубивме кога веќе беше позната. Но во текот на нашиот брак таа стана мегаѕвезда. Со години беше премногу болно да се зборува. Продолжив со мојот живот. Но, кога видов дека се омажи за Бен, кој всушност е добар човек, чувствата се вратија.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

