Контакт

Забава

„Прв ред си е прв ред“: Туристи во Грција се степаа за лежалки

Објавено пред

Заземањето место на плажите во Грција е неисцрпен извор на дискусија во текот на секоја сезона. Сега, сепак, отиде чекор понатаму, пишува Б92.

dobivaj vesti na viber

Имено, на Родос во Грција, туристи се степаа за лежалки во првиот ред до морето.

„Некој навистина премногу сериозно ја сфатил борбата за место под сонцето… Реалити програма во живо од Родос“, пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.

Под видеото, следеа низа коментари.

„Прв ред си е прв ред, мора да се бориш за него“, „Не знам дали да се смеам или да плачам“, „Тоа се вика активен одмор“, се само дел од коментарите.

Забава

Шарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин

Објавено пред

Новата двоепизодна документарна серија „Поранешниот Чарли Шин“ (AKA Charlie Sheen) не открива многу ново за актерот чие бурно минато е веќе детално документирано, објави британскиот  „Гардијан“. Од „забави“, преку „забави со проблеми“, до „само проблеми“ – така самиот ги дели фазите од својот живот, објаснувајќи дека медиумите веќе ги имаат покриено сите скандали: зависности, јавни хоспитализации, разводи, па дури и откривањето на неговиот ХИВ статус.

dobivaj vesti na viber

Иако неговиот татко Мартин Шин и братот Емилио Естевез одбиле да учествуваат, други членови од семејството – вклучувајќи ги неговите деца и поранешни сопруги – зборуваат отворено, но со љубов. Шин, кој е седум години трезен, изгледа шармантно и благодарно, но документарецот внимателно ги избегнува најтешките теми: обвинувањата за семејно насилство, судските наредби, и тврдењата дека ги изложувал партнерките на ризик.

Критиките за површноста на „Поранешниот Чарли Шин“ доаѓаат од новинарски кругови, особено од рецензијата на „Гардијан“ каде се истакнува дека режисерот Ендру Рензи му дал „нежна и контролирана платформа“ на Шин, оставајќи ги најтешките обвинувања речиси недопрени. Иако Шин искрено им оддава почит на семејството и пријателите, недостасува вистинско каење или разбирање за болката што им ја нанел.

Најсилните моменти доаѓаат од луѓе кои биле директно погодени – како Хајди Флајс, која сè уште гневно зборува за неговото сведочење против неа, и Џон Крајер, колегата од „Двајца и пол мажи“ кој отворено зборува за „циклусот“ на хаос што Шин го предизвикувал на снимањата.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Софија Вергара има ново момче? Тој е помлад 14 години

Објавено пред

Познатата актерка Софија Вергара (53) беше видена во друштво на потенцијално ново момче, папараците ги фотографираа додека си заминуваа од концерт и изгледаа многу опуштено и интимно.

dobivaj vesti na viber

Ова може да биде нова сериозна врска за убавата Колумбијка по разводот од Џо Манганиело, со кого беше во брак седум години.

Софија беше во друштво на бизнисменот Даглас Чабат (39), како што објави Њујорк пост, а младиот претприемач претходно беше виден со Вергара, за време на прославата на нејзиниот роденден во Сардинија.

Со оглед на тоа дека ова не е прв пат да бидат видени заедно, гласините за нова врска се сè посилни и посилни.

Патем, Чабат е доста познат во Холивуд, се дружи со Орландо Блум и Дакота Џонсон.

Софија Вергара еднаш проговори за тоа што очекува од љубовта сега, но и каков партнер бара, останува да се види дали сето тоа го пронашла во Даглас, кој е 14 години помлад од неа.

„Сакам основни работи, како здравје и некој што ме сака. И некој висок, згоден. Сакам некој што има пари колку мене или повеќе, бидејќи во спротивно тоа е кошмар“, рече таа еднаш во емисијата „Тудеј“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Кралицата на бикините објави фотографија за крај: „Збогум за прекрасното лето“

Објавено пред

Актерката Елизабет Харли неодамна објави фотографија на Инстаграм, а нејзиното издание воодушеви многу луѓе.

dobivaj vesti na viber

Кралицата на бикини, која се соблече гола за својот 60-ти роденден, позираше во бело бикини со златни ланци, а вниманието на јавноста го привлече, по којзнае кој пат, нејзината завидна фигура.

Се чини дека ова е проштална фотографија на познатата Лизи, бидејќи таа се збогува со овогодинешната летна сезона со зборовите: „Збогум за одличното лето“.

Секако, фановите веднаш реагираа.

„Најубавата жена на светот“, „Прекрасна си“, „Верувам дека си најсексипилната 60-годишничка на оваа планета“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа2 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет3 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа3 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа3 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа4 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа4 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија14 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија17 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија21 час

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија21 час

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија21 час

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ23 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ23 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија24 часа

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ1 ден

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија1 ден

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...