Забава
Преку ноќ им ги освои срцата на милиони фанови

Излезе втората сезона на „Бриџертон“ и многу луѓе во светот одлучија да ги изгледаат сите епизоди наеднаш. Продолжението на најжешката и една од најгледаните серии на „Нетфликс“ на сите времиња трпеливо го очекуваа и фановите и критичарите, а вториот дел од приказната за семејството Бриџертон донесе нови ѕвезди на малите екрани.
Најсјајна меѓу нив, дефинитивно, е 26-годишната британска актерка Симон Ешли, која во новата сезона ја портретира Кејт Шарма, Индијка што ќе се најде во возбудлива љубовна приказна со виконтот Ентони Бриџертон.
Симон Ешли преку ноќ стана ѕвезда, а социјалните мрежи се поплавени со коментари за неа и нејзината улога во популарната серија на „Нетфликс“.
На „Твитер“ се појавија низа фотографии од британската актерка и сцени од серијата, а многумина открија дека поминале десет часа гледајќи ја целата серија во еден ден.
„Бев многу возбудена што ги правам овие сцени, каде што можеме да покажеме жена со темна кожа и нејзиното тело и да не бидам толку табу за тоа“, рече Ешли за секс-сцените со Џонатан Бејли во интервју за „Пипл“.
„Бев многу самоуверена“, рече таа во ексклузивното интервју пред почетокот на серијата.
„Се чувствував многу сигурно. Бев возбудена што ги правам овие сцени, каде што можеме да покажеме жена со темна кожа и нејзиното тело и да не бидеме толку табу во врска со тоа. Особено Индијка со темна кожа имајќи предвид дека Индијките понекогаш се претставени на конзервативен начин“.
Ешли ја почна кариерата во 2016 година во помали проекти, во кои играше епизодни улоги. Првата главна улога дојде во серијата „Сексуално образование“ (Sex Education) на „Нетфликс“, во која ја глуми Оливија Ханан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт Мос ги негира наводите дека Џони Деп ја турнал по скали

Кејт Мос ги демантираше шпекулациите дека нејзиниот поранешен партнер Џони Деп еднаш ја турнал по скалите.
48-годишната манекенка, која беше во врска со Деп од 1994 до 1997 година, се појави на суд преку видеолинк од Глостершир, југозападна Англија, за да сведочи во рамки на судскиот спор помеѓу Амбер Херд и ѕвездата на „Пиратите од Карибите“.
Кејт Мос беше повикана како сведок од адвокатите на Деп.
Херд (36) претходно ја спомна манекенката во текот на судењето, кога зборуваше за наводна расправија помеѓу Деп и нејзината сестра Витни Хенрикез, и рече: „Витни беше свртена со грб кон скалите, а Џони замавна кон неа. Во тој момент си помислив на Кејт Мос и скалите“.
А во средата, на прашањето на член на адвокатскиот тим на Деп, дали холивудскиот актер некогаш ја турнал по скалите додека биле во врскас, Кејт Мос одговори: „Не, тој никогаш не ме турнал по никакви скали“.
Кејт објасни: „Излегувавме од соба, а Џони излезе пред мене. Имаше невреме и додека ја напуштав собата се лизнав по скалите. Го повредив грбот. И врескав затоа што не знаев што ми се случи, имав болки. Тој се врати со трчање да ми помогне, ме однесе во мојата соба и побара лекарска помош“.
Кејт, чие сведочење траеше помалку од пет минути, не беше вкрстено испрашувана од тимот на Херд. Херд првпат го изнесе ова тврдење за време на нејзиното сведочење во Британија во 2020 година.
Таа тогаш рече: „Се сетив на информациите што ги слушнав дека турнал поранешна девојка – верувам дека тоа беше Кејт Мос – по скалите. Ова го слушнав од две лица“.
Забава
(Видео) Рецензии Кан 2022: „Злосторства на иднината“ – хоророт на Дејвид Кроненберг прикажува свет без болка

Во првите минути од научнофантастичниот хорор „Злосторства на иднината“ (Crimes of the Future), осумгодишно момче дигестира ивици на пластична кофа и мајка му го задушува до смрт. Набргу потоа, перформанс-уметник Саул Тенсер (Виго Мортенсен) е покажан во кожурец налик на школка, OrchidBed или кревет од орхидеи, со чудни пипци вметнати во неговото тело.
Слободно може да се каже дека, на 79 години, канадскиот писател-режисер Дејвид Кроненберг, познат како „барон на крвта“, не изгубил ништо од вкусот на екстремност. Премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, овој најнов филм, негов прв по „Карти до ѕвездите“ од 2014 година, го гледа како се враќа во светот на т.н хорор на телото што дефинираше голем дел од неговите рани дела во 70-тите и 80-тите. Впрочем, не попусто го викаа господар на боди-хорор и маестро на нервозата.
„Сместен е во индустриски пејзаж од блиска иднина, и човечките тела се менуваат“, објаснува Тенсер. Инфекциите исчезнуваат. Повеќе нема болка, таа постоела во минатото.
Во текот на процесот наречен Синдром на забрзана еволуција, се создаваат нови органи, нешто што Тенсер го користи, со помош на неговата партнерка Каприс (Леа Сејду).
Главни протагонисти во филмот се Виго Мортенсен, Леа Сејду и Кристен Стјуарт.
Забава
Руска сопранистка одржа концерт во Париз

Иако во април пееше во операта во Монте Карло, синоќешниот концерт на Ана Нетребко во Париската филхармонија означува големо враќање на сцената во некоја западна метропола, по критиките на сметка на руската сопранистка поради војната во Украина.
Ана Нетребко, која се смета за еден од најголемите лирски гласови во светот, беше меѓу првите руски уметници на кои се покажа со прст по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари бидејќи не ја осуди војната.
Престижната Метрополитен опера во Њујорк, каде што беше ѕвезда, ја отстрани од програмата на неодредено време. Таа тогаш рече дека привремено се повлекува од сцената.
На 30 март таа отворено ја осуди војната против Украина, што доведе до нејзино откажување на настапите во Русија. Пожелно е руските уметници во татковината да го покажат својот патриотизам или да молчат, а на Запад јавно да се оградат од воената операција и од рускиот режим.