Забава
Преработката на „Има една земја“ ќе биде отпеана на концертот „Македонијо, во срце те носиме“ на 7 декември во Филхармонијата
„Има една земја сонце што ја грее, оди таму, в’ срце земи ја, слушни вечна песна таму што се пее: Нека живеј Македонија“!…, дел од стиховите на една од трите најавени нови преработки со наслов „Има една земја“, а која ќе биде отпеана на концертот „Македонијо, во срце те носиме“, закажан на 7 декември во Филхармонијата.
Песната е со потписот на Григор Копров, а е отпеана во далечната 1986 година од страна на легендарниот Гоце Николовски и се нашла на албумот што го носел неговото име. Песната носи моќни стихови, а во себе крие и интересна приказна за тоа како станала дел од опусот на Николовски, кој во тоа време живеел во Ниш, пеел шлагери и бил дел од една од легендарните нишки групи, познатите „Далтони“. Набргу влегол во етноводите и светот на народната музика, а токму со Копров работел на споменатиот албум, кој бил издаден за РТВ Словенија. Всушност, тоа бил неговиот прв фолк-албум.
„Кога го побаравме Копров, беше изненаден што некој воопшто се сетил на оваа композиција,која одлично се вклопува во целата наша приказна што ја раскажуваме во изминатите две години. На сцената на Филхармонијата сега ќе биде отпеана во дует, и тоа од Сузана Спасовска и Александар Тарабунов“, велат од „Скендеровски продукција“, инаку задолжени за целата ова убава приказна, која се раскажа во сите поголеми градови во земјата.
Освен „Има една земја“, веќе добро познатите 12 нумери, кои публиката имаше можност да ги чуе, на сцената ќе ја чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски. За преработките, но и оркестрациите, ќе се погрижи маестро Николче Мицевски, а симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Низ целиот музичко-драмски перформанс, пак, публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.
7 декември, со почеток од 20 часот, бидете во Филхармонијата, бидете дел од завршниот концерт во рамките на приказната „Македонијо, во срце те носиме“ за уште еднаш да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да се потсетиме на аманетот што ни го оставиле генерациите пред нас, велат од продукцијата.
Сите заедно да уживаме во некои од најубавите македонски патриотски песни и во изведбите на Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, додаваат во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Лепа Брена итно оперирана во Загреб: снимен моментот кога камерманот падна врз пејачката
Балканската ѕвезда Лепа Брена е оперирана рано утринава откога добила страшна повреда на зглобот за време на концертот што го одржа синоќа во „Арената Загреб“.
Имено, по концертот, кој го изведе додека беше повредена, Брена веднаш беше однесена на итна операција.
Во меѓувреме, се огласија организаторите на концертот, а беа откриени и првите информации за состојбата на Брена.
@24sata Kamerman je išao unatrag i pao na nju, odradila je koncert do kraja #24sata #zagreb #hrvatska #lepabrena ♬ original sound – 24sata
„Регионалната ѕвезда утрово имаше операција на зглобот. Операцијата е успешно извршена и пејачката се чувствува добро“, стои во соопштението.
Инаку, несреќата се случила кога член на екипата, поточно снимател, преку спуштен лифт паднал директно врз Лепа Брена, која била на платформата и чекала да излезе на бината.
Забава
Селена Гомез проговори по номинациите за „Златен глобус“, за малку ќе заплачеше
Објавени се номинациите за 82. доделување на наградите Златен глобус што ќе се одржи на 5 јануари. Филмот Емилија Перез води во номинациите. Крими комедијата, во режија на Жак Аудиар, доби десет номинации.
Во филмот играат Селена Гомез, Зое Салдања, Карла Софија Гаскон, Едгар Рамирез и други. Селена Гомез е номинирана за најдобра споредна женска улога во филм и најдобра главна женска улога во серијата Only Murders in the Building.
Таа се огласи преку Инстаграм за номинациите и не криеше колку е среќна за филмот Емилија Перез и нејзините колешки кои исто така беа номинирани. Карла Софија Гаскон е номинирана за најдобра актерка во филм, а Зое Салдања е во конкуренција со Селена за најдобра споредна женска улога. Номинација доби и режисерот Жак Аудиар.
„Честитки за моите од филмот Емилија Перез. Зое Салдања, да!!!” напиша таа на својата приказна на Инстаграм. На следната приказна, таа објави видео како го гледа преносот на номинациите. „О Боже мој“, извика додека ја држеше раката над устата. За малку ќе заплачеше од среќа.
„Не знам ни што да напишам. Толку сум горда на Зои Салдања и благодарна сум за номинацијата, чест ми е“, додаде таа. Селена објави и колку е горда на номинациите кои ги доби серијата Only Murders in the Building.
Забава
Манекенката Бјанка Балти се бори со рак на јајчниците, снимена е во Милано, им се насмевна на камерите
Италијанската манекенка Бјанка Балти (40) неодамна објави дека и е дијагностициран рак на јајниците. Иако и претстои тежок период во животот, таа се труди да биде позитивна.
„Отидов во итната помош и дознав дека болката во долниот дел на стомакот е всушност рак на јајниците во стадиум 3C. Беше една недела полна со страв, болка и солзи, но уште повеќе љубов, надеж, смеа и сила. (Видете ги овие слики за доказ, ха , ха.) Имам долг пат да одам, но знам дека ќе победам.
За себе, за своите најблиски (моите ќерки се на прво место) и за сите вас на кои им треба сила – можете да позајмите некоја моја затоа што ја имам премногу. Животот се случува; дај му причина. Ракот досега ми даде можност да најдам убавина и покрај животните препреки“, напиша Бјанка покрај фотографијата од нејзиниот болнички кревет.
Во јавноста речиси никогаш не ја симнува насмевката од лицето и покрај тешката животна борба, па деновиве беше фотографирана зад воланот на својот автомобил на улиците на Милано. Таа се насмевна и им мавна на папараците.
Минатата година таа ги покажа лузните од двојната мастектомија, на која беше подложена како превентивна мерка, откако откри дека има генетска предиспозиција за развој на рак на дојка и матка.
Манекенката од 2016 година е во брак со тренерот Метју Мекреј, со кој во 2015 година ја доби ќерката Миа. Таа има уште една ќерка, 16-годишната Матилде, со фотографот Кристијан Луциди, со кој беше во брак од 2006 до 2010 година.