Забава
Приведените девојки негираат дека ја оштетиле рамката на ремек-делото на Ван Гог

Двете девојки што полицијата ги приведе откога истурија супа врз сликата „Сончогледи“ на Ван Гог, негираат дека предизвикале штета со намерно казниво дејство.
Во петокот во Националната галерија во Лондон двете екоактивистки фрлија лименки супа од домати врз ремек-делото на холандскиот сликар.
Ана Холанд (20) од Њукасл и Фиби Пламер (21) од Ламбет, југозападен Лондон, се појавија во судот на Вестминстер во саботата и се изјаснија за невини за кривично дело нанесување штета.
Холанд и Пламер се појавија во судот само за да ги потврдат своите имиња, датумите на раѓање, адресите и да се изјаснат по обвиненијата за казнива штета во вредност помала од 5.000 фунти.
Окружниот судија Тан Иркам ги ослободи двете со кауција под услов да не влегуваат во галерии или музеи и да не носат боја или лепливи материи на јавни места.
Обвинителката Ола Оједепо рече дека двете истуриле портокаловата материја знаејќи дека има заштитно стакло над вистинската слика иако била предизвикана штета на рамката.
Таа додаде дека вредноста на штетата е под прагот на казнива штета од 5.000 фунти.
Нивното судење е закажано за 13 декември во лондонскиот суд за прекршоци.
Националната галерија на Лондон потврди дека ремек-делото насликано во 1888 година сега е повторно на своето место.
На снимките што излегоа во јавност викендов се гледа како двете климатски активистки во маички со натпис Just Stop Oil отвораат лименки и ја фрлаат содржината на ремек-делото пред да ги залепат рацете за ѕидот.
Галеријата соопшти дека сликата била покриена со стакло и затоа не е оштетена. „Има мали оштетувања на рамката, но сликата не е оштетена“.
Во Националната галерија има над 2.300 уметнички дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Свадбата на векот е под критика: „Одвратен приказ на ароганција“, „Симбол на изгубени вредности“

Полека, но сигурно, сè повеќе познати личности (оние кои не добија покани за свадба) ја критикуваат свадбената церемонија на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Прво, познатата актерка Шарлиз Терон го направи тоа, а комичарката Роузи О’Донел не ја пропушти можноста да го искаже своето мислење за свадбата на векот.
Таа јавно ја осуди целата церемонија, нарекувајќи го настанот „одвратен приказ на ароганција“ и „симбол на изгубени вредности“.
„Милијардер кој ги презира своите вработени. Свадба за повраќање“, напиша таа на Инстаграм, покрај фотографии од Санчез кои алудираат на естетските операции што ги имала низ годините.
„Екстремно расипништво – свадба од 50 милиони во време кога многумина едвај преживуваат“, додаде Роузи.
Роузи не ги поштеди ниту познатите ѕвезди. Опра Винфри и Леонардо Дикаприо беа мета на нејзините критики.
„Опра, дали си навистина негов пријател? Лео – климатски активист? На забава со најекстремните конзумеристи“, напиша таа.
Забава
(Видео) Раскинувањето на свршувачката ѝ го скрши срцето, па заплака среде концерт

Кејти Пери веќе некое време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Lifetimes“, која враќа спомени од славните денови на саканата тинејџерка пејачка.
Додека пееше пред голема толпа и под силните светла на рефлекторите, емотивниот слом на Кејти се случи одеднаш.
Имено, пред да требаше да ја отпее познатата песна „Firework“, која зборува за самодовербата и личната сила, Кејти се расплака.
Сепак, таа успеа да им се заблагодари на сите што „секогаш беа тука за неа“, дури и во тешките денови, низ солзи.
„Ви благодарам што секогаш сте тука за мене, Австралија. Тоа ми значи сè на светот.“
Katy Perry got emotional at the end of the last show of #THELIFETIMESTOUR in Australia 🥺♥️ pic.twitter.com/N78X37wBld
— Katy Perry Tours (@KatyPerryTours) July 1, 2025
Овој емотивен момент беше забележан од многу обожаватели и објавен на социјалните мрежи, а пораки за поддршка за пејачката се појавија на Икс.
Патем, настапот доаѓа само неколку недели по веста дека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Орландо Блум (48), и таа ја раскинале свршувачката по речиси 10 години.
Актерот неодамна беше фотографиран во Венеција, во друштво на жена, што доведе до тоа многумина да започнат гласини за неговата нова љубовна врска.
Поранешните партнери имаат четиригодишна ќерка, Дејзи.
Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.