Забава
Принцот Вилијам ги насмеа сите со своите гримаси на натпревар на Европското првенство, сега е јасно на кого е Луис
Принцот Вилијам го следеше натпреварот меѓу Англија и Швајцарија во четврт-финалето на Европското првенство. Англиската репрезентација, по изведувањето пенали, ја совлада Швајцарецот со 5:3 (1:1).

Фотографиите на Вилијам на трибините покажуваат дека тој е страсен навивач на англиската репрезентација.

Не му беше грижа што кон него беа вперени многу камери. Навиваше, скокаше, викаше и на крајот – правеше разни гримаси.

Неговото расположение се менуваше во текот на натпреварот. Беше тажен, па загрижен, и на крајот среќен поради победата на Англичаните.

Овие фотографии од принцот Вилијам веднаш потсетија на неговиот син, принцот Луис, кој е ѕвезда на речиси секој настан на британското кралско семејство.

Луис, едноставно, не знае да седи мирен, со сериозен израз на лицето, туку користи разни гестови за да ја изрази својата радост или незадоволство.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
