Забава
Принцот Хари и Опра домаќини на втората епизода на серијата за ментално здравје
Документарната серија за ментално здравје The Me You Can’t See, заеднички проект на војводата од Сасекс и Опра Винфри, дебитира на „Епл ТВ-плус“ минатата недела.
Освен што ги слушнаа искуствата на голем број sвезди, како Лејди Гага, Глен Клоуз, НБА-играчот Демар Дерозан и славниот готвач Рашад Армстед, принцот Хари и Опра понудија увид во своето сопствено патување за ментално здравје.
Принцот Хари откри некои трауми од детството и проблеми со дрога во младооста. Тој се отвори за најлошиот период од својот живот и за тоа како барал утеха во разни опијати. Говореше за траумата низ која поминувал по смртта на мајка си, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.
Опра Винфри, со која заедно ја водат емисијата, рече дека сопругата Меган му помогнала да побара помош пред нешто повеќе од четири години кога спомените за смртта на мајка му почнале да се враќаат.
А сега, една недела од првата епизода, следниот виртуелен разговор треба да се емитува в петок на 28 мај. Новата епизода е со наслов The Me You Can’t See: A Path Forward.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џим Кертис објави фотографии со Џенифер Анистон за нејзиниот 57-ми роденден
Џенифер Анистон доби честитка за роденден од своето момче Џим Кертис. Ѕвездата од „Пријатели“ го прослави својот 57-ми роденден во среда, на 11 февруари, а Кертис ѝ посвети емотивна објава на Инстаграм.
Кертис, хипнотерапевт и експерт за здравје и благосостојба, објави две фотографии со актерката. На првата, тие позираат прегрнати и насмеани на палубата на брод, а на втората се бакнуваат. „Среќен роденден, љубов моја ❤️“, напиша тој покрај фотографиите.
Тие ја потврдија својата врска во ноември минатата година, кога Анистон објави фотографија со Кертис на неговиот роденден. „Среќен роденден, љубов моја ❤️“, напиша таа тогаш.
Кертис, автор на „Книгата на можностите“, неодамна зборуваше за својата врска со добитничката на Еми за време на гостувањето во шоуто „Today“ на 26 јануари. Тој рече дека се запознале преку заеднички пријатели.
„Сфативме дека имаме заеднички пријатели и едноставно почнавме да разговараме“, рече 50-годишниот Кертис, додавајќи дека се заедно „речиси една година“.
Забава
Блејк Лајвли и Џастин Балдони го напуштија судот без спогодба по шест часа
Блејк Лајвли и Џастин Балдони не успеаја да постигнат спогодба во нивниот правен спор. Ѕвездите на „It ends with us“ поминаа шест часа во задолжителното помирување во федералниот суд во Њујорк во среда, 11 февруари, но не беше постигнат договор, објави „Пипл“.
Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, им рече на новинарите пред судницата дека нема спогодба. На прашањето дали верува дека случајот ќе оди на суд, тој рече: „Верувам дека ќе оди. Подготвени сме“.
Се очекува разговорите за спогодба да продолжат, но сè уште не е објавен нов датум.
Лајвли, 38, и Балдони, 42, го напуштија судот одделно и без коментар. „Постапката продолжува“, им рече Фридман на собраните новинари.
Тој додаде дека е „многу оптимист“ за исходот за својот клиент, но дека „секогаш постои шанса“ за спогодба. „Ќе видиме“, заклучи тој.
Забава
(Видео) „Никогаш не бев заљубен во неа, но ја почитувам поради нашето дете“
Пејачот Зејн Малик (33) и моделот Џиџи Хадид (30) беа заедно околу шест години, со прекини, и дефинитивно се разделија во 2021 година, една година по раѓањето на нивната ќерка Каи.
Џиџи сега е во среќна врска со Бредли Купер, а Зејн, гостувајќи во подкастот „Call Her Daddy“, зборуваше за нивната врска и неговите чувства кон моделот.
„Моето разбирање за љубовта постојано се развива. Во тој момент, можеби мислев дека е љубов, но како што растев, сфатив дека можеби не беше. Можеби беше страст. Можеби беше нешто друго. Не чувствувам дека беше љубов.“
„Да бидам јасен и да остане забележано, секогаш ќе ја сакам Џиџи затоа што таа е причината зошто моето дете е на овој свет и имам најголема почит кон неа. Секогаш ќе ја сакам, но не знам дали бев вљубен во неа. Ја сакам ненормално многу, но не, не мислам дека бев вљубен во неа во тоа време. Инаку, ќе бев подобра верзија од себе“, призна Зејн.
Зејн призна дека „имал некои проблеми во врските“ во текот на целиот свој живот, што го натерало да сфати дека јавната врска не е за него.
„Не барам повторно јавна врска и не сакам да навредам никого со кого сум бил во јавна врска претходно, научив дека тоа не функционира за мене. Јас сум прилично затворена личност. Не барам одобрение или внимание од другите. Врската навистина треба да биде помеѓу мене и таа личност“, додаде тој.
Сепак, тој не се плаши да биде сам и верува дека е тип на личност која функционира совршено кога е сам и се прилагодува на себе.

