Забава
Принцoт Хари проговори за инвазијата на приватност во Лос Анџелес: Не мислевме да живееме тука!
Британскиот принц им возврати на луѓето кои го критикуваа дека требало да очекува да биде вознемируван од папараци бидејќи живее во Лос Анџелес и е позната личност.
Во разговор со Дакс Шепард на неговиот поткаст канал Armchair Expert, принцот Хари, војводата од Сасекс, се осврна на коментарите на некои луѓе и таблоиди дека тој и Меган Маркл требало да очекуваат дека ќе ги прогонуваат папараци. Тој наведе неколку причини зошто мисли дека таквите коментари се неправедни.
Принцот Хари и неговата сопруга, всушност, немале намера да останат во Лос Анџелес за да создадат семејство.
„Начинот на живот овде, еден час растојание од Лос Анџелес, е вистинско лудило. Првите три и пол месеци ги поминавме живеејќи во куќата на Тајлер Пери.“
„Хеликоптери, дронови, папараци кои ја сечат оградата, тоа беше лудило.“
Војводата од Сасекс потоа истакна неколку причини за кои смета дека ова е нефер оправдување за начинот на кој го третирале него и неговото семејство.
„Како прво, не мислевме да живееме во Лос Анџелес. Тоа беше привремено живеалиште пред да се обидеме да најдеме куќа.
„Второ, колку е тажно што ако живеете во Лос Анџелес и сте позната личност, вие едноставно треба да го прифатите тоа.“
„Ги прашав луѓето од обезведувањето каде е најбезбедно и ми рекоа внатре. Извинете, само затоа што сум позната личност, не можам повеќе да излегувам надвор?“
Принцот Хари смета дека нивниот аргумент, папараците и сите други, за тоа да не излегува на јавен простор е навистина тажен.

„Па, што се човекови права како индивидуа и како семејство, кога ви велат во моментот кога ќе стапнете надвор од вашата куќа дека е сезона на отворени врати и бесплатна игра, заради јавен интерес. Нема јавен интерес да ги носите своите деца на прошетка по плажата.“
„Ова не е вест, ова е мојот проблем со нив, вестите треба да останат вести“, рече принцот Хари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

