Контакт

Забава

Промоција на здрава храна од локални производители на првиот „Слоу фуд салон“

Објавено пред

Со мотото „Храната е движење“, на 18 и 19 октомври, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, ќе се одржи првиот „ Слоу фуд салон“.

Од организаторот „Слоу фуд Македонија“ велат дека храната е енергија која секојдневно му е потребна на нашето тело, но во ерата на глобална трговија е претворена во моќно оружје во рацете на големите индустрии.

„Системот на храната денес станува значајно еколошко прашање за дискусија и акција. Храната е генератор на одржливиот развој на регионите и проверен извор на благосостојбата на производителите. Храната поттикнува промени во свеста кај консументите“, се вели во најавата за настанот.

Целта на првиот „Слоу фуд салон“ е да ги промовира малите производители на квалитетни производи и истовремено да ги едуцира консументите да избираат квалитетна храна и да ги поддржуваат локалната економија и заштитата на животната средина.

Повеќе од 100 производители ќе ги изложат своите автентични производи и ќе ги раскажат своите приказни на посетителите, кои ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и да дегустираат од прва рака.

Производителите ќе се презентираат поделени во неколку секции: традиционална и органска храна, мали винарии, занаетчиски производители на пиво и даватели на туристички услуги.

Салонот ќе биде отворен за јавноста в петок, 18 октомври, од 14 до 20 часот, и в сабота, 19 октомври, од 12 до 20 часот.

Наука

Необјаснетата аномалија што го слабее магнетното поле на Земјата еволуира и се дели на две

Објавено пред

Европската вселенска агенција (ЕСА) ја активира својата констелација од сателитите за да ги испита необичните слабости во магнетното поле на Земјата. Се чини дека чудната аномалија за која се верува дека е одговорна за слбеењето сега се развива и се дели на две, пренесува РТ.

Необјаснетата сила, наречена кужноатлантска аномалија, е област со намален магнетен интензитет, што се протега од Јужна Америка до југозападна Африка.

Засега ефектите од оваа аномалија се ограничени на технички дефекти на вселенските летала и орбиталните сателити. Меѓутоа, бидејќи магнетното поле на Земјата нè штити од сончевите ветрови и од космичкото зрачење, тоа е критичен дел од нашиот планетарен одбранбен систем заедно со нашата атмосфера што нè штити од секојдневното бомбардирање со астероиди.

ЕСА ја искористи својата сателитска констелација „Сворм“ за да го проучи феноменот на почетокот на овој месец, а последните читања од кластерот со податоци, иновации и науки на агенцијата покажуваат дека во Западна Африка се формира втора аномалија. Истражувачите сè уште не ги разбираат ризиците поврзани со овој неодамнешен развој.

Во текот на изминатите 200 години магнетното поле на Земјата изгуби околу девет отсто од својата сила. Помеѓу 1970 и 2020 година минималното ниво на јачина се спушти од приближно 24.000 нанотесли на 22.000.

Со оглед на тоа дека полето е генерирано од електрични струи произведени меѓу течното железо во надворешното јадро на планетата, флуктуациите се нормални. Како и да е, почетната јужноатлантска аномалија расте и се сели кон запад со темпо од приближно 20 км годишно и научниците допрва ќе ја утврдуваат причината, што го прави уште поинтригантен фактот дека сега навидум се дели на две.

„Новиот источен минимум на јужноатлантската аномалија се појави во текот на последната деценија, а во последните години се развива енергично. Предизвикот сега е да се разберат процесите во јадрото на Земјата, кои ги носат овие промени“, вели геофизичарот Јирген Мацка од германскиот Истражувачки центар за геонауки.

Прикажи повеќе...

Забава

Бела Хадид си ужива на сонце на свој начин

Објавено пред

Таа поголем дел од времето додека е во карантин го поминува пред камера.

Супермоделот Бела Хадид денес повторно објави фотографии на кои позира во секси зелен костим за капење.

23-годишната ѕвезда на модните писти го покажа својот тониран рамен стомак, бакната од сонцето, во опуштено селфи, кое го додаде во галеријата со фотогрфаии.

Покрај сексапилните селфи, таа објави снимки од коњи кои лутаат низ пасиште, а манекенката на „Вог“ замижува на јакото сонце во селфи во кое нема ни трага од нејзиниот костим за капење.

Бела, која набргу ќе стане тетка на бебето на постарата сестра Гиџи, во декември 2016 беше прогласена за модел на годината.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Новиот филм на Kристофер Нолан бесплатно ќе се емитува во „Фортнaјт“

Објавено пред

Британскиот режисер Кристофер Нолан во неделата објави нов трејлер за својот следен филм „Тенет“, а трејлерот се емитуваше во склоп на онлајн-видеоигра на „Фортнајт“.

Целиот филм на Нолан, акциона приказна за меѓународна шпионажа, бесплатно ќе се емитува ова лето во хит-играта „Фортнајт батл ројал“, каде што премиерно се појави и трејлерот.

Домаќинот на Game Awards, Џеф Кигли, се приклучи на објавата и на својот „Твитер“ напиша дека иконскиот филм на Нолан ќе биде прикажан во мултиплеер онлајн-играта „Фортнајт батл ројал“.

Кристофер Нолан и „Фортнајт“ можеби на почеток изгледаат како неверојатен тандем, но ова е досега најчудниот премин на „Фортнајт“.

Британскиот режисер, кој зад себе има пет номинации за „Оскар“, како и досега, филмот го снима според сопствено сценарио.

Студиото „Ворнер брос“ претходно објави дека премиерата на филмот е закажана за 17 јули 2020.
Списанието „Дедлајн“ пренесува процени на „Ворнер брос пикчрс“, според кои, ќе треба најмалку 80 проценти од светските киносали да се отворат за филмот за да го задржи датумот на премиерата, што изгледа неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија5 часа

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија6 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија6 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија6 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија7 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет8 часа

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа9 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион10 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа10 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија10 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион10 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет22 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија23 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет24 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа1 ден

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет1 ден

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет1 ден

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа1 ден

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија1 ден

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Досие