Забава
Пронајден најстариот фосил на гуштер досега, постоеле и порано отколку што се веруваше

Ново откритие сугерира дека гуштерите постоеле 35 милиони години подолго отколку што се мислеше, пишува Би-Би-Си. Универзитетот во Бристол користел „КТ“ уред за анализа на фосил од рептил кој со децении бил чуван во Природонаучниот музеј во Лондон.
Анализата покажа дека непознатиот рептил е тесно поврзан со современите гуштери.
Meet Cryptovaranoides microlanius – a #lizard you wouldn’t want to mess with!
The name of the new species translates as small butcher, and with jaws full of sharp teeth, it’s very appropriate!
Discover this new reptile from our collections 👇https://t.co/W2W2cjMI96
— Natural History Museum (@NHM_London) December 3, 2022
Д-р. Дејвид Вајтсајд, кој го предводеше истражувањето, рече дека фосилот „веројатно ќе стане еден од најважните пронајдени во последните неколку децении“.
Се сметало дека гуштерите потекнуваат од периодот на средниот јура, но новото откритие сугерира дека тие живееле и во доцниот тријас (пред 237-201 милион години).
Фосилот влијае на проценките за потеклото на гуштери и змии, кои колективно се познати како лушпести змии, а исто така влијае и на претпоставките за нивната стапка на еволуција.
Фосилот бил пронајден во складиште како дел од колекција од 1950-тите, која вклучувала примероци од каменолом во близина на Тортворт на западна Англија.
Истражувачкиот тим го нарече откритието Cryptovaranoides microlanius, што значи „мал месар“ и се однесува на неговата вилица, полна со остри заби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Мадона доби црвен картон за модна ревија дека доцнела

На ќерката на Мадона, Лурд Леон, не ѝ било дозволено да влезе на модната ревија на Марк Џејкобс во четвртокот затоа што пристигнала по затворањето на вратите, пренесуваат британски таблоиди.
Истите извори тврдат дека 26-годишната Лурд пристигнала на местото на настанот во Њујорк, само неколку моменти по затворањето на вратите.
Понижувачкиот инцидент се случи неполни две години откако Лурд беше прогласена за лице на кампањата на истиот моден бренд за пролет 2021.
Луѓето што биле во близина останале зачудени кога не ѝ било дозволено да влезе и некои од нив го прашале обезбедувањето: „Не знаете ли која е таа?“, „Пуштете ја да влезе!“
Виралното видео на „Тик-ток“, што го објави профилот @mickmicknyc, покажува како Лурд се обидува да влезе во салата, но обезбедувањето ја застанува додека се качува по скалите.
Гласовниот запис на почетокот на клипот вели дека Лурд се појавила во 18 часот – точното време кога требало да почне ревијата. Момчето со кое пристигнала зборува со обезбедувањето повеќе од една минута, но и на двајцата им кажуваат дека настанот е затворен.
Одржана во њујоршката „Парк авенија армори“ ревијата на Марк Џејкобс им посака добредојде на неколку ѕвезди гости, меѓу кои Емили Ратајковски, Ники Хилтон Ротшилд и Ешли Греам.
Мадона ја роди Лурд во 1996 година кога беше во врска со Карлос Леон, фитнес-тренер, кој наводно остана пријател со поп-дивата.
Забава
(Видео) Корисници на интернет ја пронајдоа сопругата на Сонг Јонг-ки во стара реклама со Џорџ Клуни

Заборавете на Шерлох Холмс бидејќи јужнокорејските ‘нетизени’ (интернет-корисници) ги ставија своите детективски шапки, пишуваат азиските шоу-биз медиуми.
Со оглед на тоа што срцекршачот Сонг Јонг-ки се ожени и чека дете, љубителите на јужнокорејската драма се прашуваат која е неговата избраничка, недостижната Кејти Луиз Саундерс.
Претходно открија дека таа е актерка со ќерка од претходната врска. Овој пат интернетските детективи открија една од нејзините актерски улоги, а нејзин колега е никој друг, туку холивудскиот џин Џорџ Клуни.
Во рекламата на „Неспресо“, Џорџ се обидува да ја земе последната капсула кафе кога му приоѓа убава жена и го разнежнува велејќи му: „Ги гледав сите ваши филмови, вие сте толку шармантен и толку секси“, пред да му ја грабне капсулата.
Следниот пат кога Џорџ го подготвува своето кафе во рекламата, Кејти се појавува пред него и го прашува: „Дали сте вие господин Џорџ Клуни?“
Овој пат холивудскиот љубимец ја научи лекцијата и ѝ вели дека сигурно греши.
Откако повторно се појави на онлајн-форумот The Qoo на 1 февруари, јужнокорејските корисници на интернет се сеќаваат дека ја гледале таа реклама.
Многумина се воодушевија од Кејти пишувајќи: „Таа е толку убава и шармантна“, „Каква убавица“, а друг корисник коментира: „Ако снимила реклама со Џорџ Клуни, тогаш сигурно била прилично позната“.
„Те молам, продолжи да глумиш!“, напиша друг.
Минатата година, кога се прошири веста за врската меѓу Кејти и Сонг Јонг-ки, британските таблоиди објавија дека таа е италијанска актерка со британско потекло. Родена од татко Британец и мајка Колумбијка, детството го поминала патувајќи меѓу Лондон и Италија.
Забава
Пред да стане актер, Брус Вилис работел во нуклеарна централа

Брус Вилис, кој во изминатите неколку децении се прослави со низа блокбастери, минатата година се повлече од светот на филмот поради болест.
Неколку децении во актерството беа исполнети со успех за холивудската легенда (67), но многу од неговите фанови не знаат со каква работа се занимавал во младоста.
Пред да стане познат со акционите блокбастери, Вилис работел во нуклеарна централа како службеник за безбедност во средината на 70-тите. Тоа било негово прво работно место по завршувањето на средното училиште.
Во претходни интервјуа Вилис откри дека на моменти било прилично опасно и дека се пробивал низ снег за да провери дали сè е во ред околу погонот. Тој се спуштал дури 100 метри под земјата.
Вилис работел и како приватен детектив, а и возач на камион. Во слободното време свирел усна хармоника во својот блуз-бенд.
Актерската кариера ја почна во Off-Broadway-претстави, а се прослави со улогата во ТВ-серијата „Случајни партнери“ или Moonlighting.
Брус Вилис и Сибил Шепард во хит-серијата „Случајни партнери“.
Во текот на својата кариера харизматичниот Вилис сними повеќе од 70 филма, а како што рече во една пригода, работата како приватен детектив му помогнала во некои улоги.