Забава
Путин објави слика на која, јавајќи на мечка, ја носи вакцината против коронавирусот

Рускиот претседател, Владимир Путин, на својот официјален фејсбук-профил објави шеговита слика, на која како спасител, јавајќи на мечка, на светот му ја носи вкацината против новиот коронавирус.
Во прилог на монтираната слика напишан е и кус текст во кој рускиот претседател истакнува дека Русија го спасува светот бидејќи вакцината ќе биде достапна и во повеќе други земји.
Moнтирана слика од претседателот Путин се појави и на насловната страница на францускиот весник „Либерасион“ каде што тој е облечен како Џејмс Бонд, но, наместо пиштол, во раката држи шприц – јасна алузија на вестите дека Русија ја регистрирала првата вакцина против Ковид-19.
Today’s @libe on Vladimir Putin’s announcing a Russian anti-#Covid vaccine. ‘Tomorrow never dies’, says the headline, quoting a #JamesBond movie. I’d rather freak out than be reassured looking at that syringe. #coronavirus #COVID19 pic.twitter.com/CSUWkMCUWL
— Gian-Paolo Accardo (@gpaccardo) August 12, 2020
Додека западниот свет покажува многу скептицизам, па дури и отворено ги критикува Русите дека, поради нетранспарентноста, не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена спутник V, руските научници се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кон тоа таа да стане јавно достапна.
Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името спутник V е референца за изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.