Забава
(Видео) Раде Шербеџија опуштен во карантин: чисти кромид, готви, наздравува и рецитира
Раде Шербеџија (74) се јави од својот дом во Риека, каде што тој и неговата Ленка се придржуваат кон сите мерки за изолација не затоа што имаат симптоми или се заразени, туку затоа што велат дека тоа е паметно. Тој објасни дека дури сега сфаќа оти неговите обожаватели воделе страници на „Фејсбук“ под неговото име, но дека сега решил да им се обрати лично и да снима песни и да раскажува приказни за да може на секого побргу да му помине времето.
Srecu me ljudi svuda po svijetu i osim sto se obavezno slikamo,mnogi od njih kazu : Uostalom mi smo i prijatelji na Facebooku… Iskreno da kazem, nekada uopste nisam razumio o cemu govore a onda su me neki bliski prijatelji upozorili da imam nekoliko Facebook stranica po svijetu i objasnili mi sto to zapravo znaci…Shvatio sam da to neki od mojih iskrenih fanova vode i tako se zabavljaju. Jedna od mojih Facebook stranica je napravljena od mojih menadzera za muziku iz Slovenije i vidim da ima jako puno sljedbenika… Zahvaljujem se Kaly Kolonic koja je sve ove godine ovu stranicu vodila…. Ali, evo, ponukan ovim nemogucim katastrofama sto su nas sve skupa snasle i zabile i zatvorile u nase stanove i kuce,osjecam potrebu da se direktno javim mojim prijateljima i gledaocima tojest slusaocima i da pokrenem prvi puta svoju Facebook stranicu. Zelim da snimam neke pjesme i da pricam neke price da nam prodje vrijeme ….Da se druzimo i da cuvamo umjetnost u nama….- Rade
Posted by Rade Serbedzija official on Недела, 29 март 2020
„Воден од овие невозможни катастрофи што нè снајдоа сите заедно и нè затворија во нашите станови и куќи, чувствувам потреба да им се јавам директно на моите пријатели и гледачи, односно слушатели и првпат да покренам своја фејсбук-страница. Сакам да снимам некои песни и да раскажувам некои приказни за побргу да ни помине времето… Да се дружиме и да ја чуваме уметноста во нас“.
Сестраниот уметник снимаше кадри во станот, чистеше лук, ги покажа врамените фотографии што ги чува во станот и за тоа време ја рецитира песната на Никица Петрак – „На розова хартија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога помошта станува притисок: Грешки што родителите често не ги забележуваат
Спротивно на популарното верување, односите со возрасни деца најчесто не се оштетени од грубост или занемарување. Многу почеста причина е прекумерната вклученост – постојаната потреба за помош, советување и надзор, дури и кога тоа не е потребно.
Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупредува дека таквото однесување често произлегува од љубовта и стравот од губење на блискоста, но може да има спротивен ефект. Наместо да ги зајакнува односите, прекумерната грижа може да ја поткопа почитта и да ги оддалечи децата.
Еве три модели кои се особено проблематични:
Претерување со размислување
Кога родителот постојано ги замислува најлошите сценарија, дали детето ќе се справи, дали ќе направи грешки, дали некогаш ќе стане независно, оваа вознемиреност се чувствува во комуникацијата. Децата тогаш не слушаат поддршка, туку недоверба. Наместо блискост, се појавува притисок.
Реакција на неизвесност
Кога возрасно дете ја доведува во прашање својата работа, врска или финансии, природно е да сака да понуди решение. Сепак, постојаното утешување и давање совети што никој не ги побарал може да изгледа како наредба. Ова го ослабува чувството на детето за компетентност и способност само да решава проблеми.
Повлекување
Ако секоја ситуација се претвори во заедничка криза, врската постепено ја губи својата рамнотежа. Детето може однадвор да се согласи да помогне, но внатрешно да почне да се дистанцира. Дел од родителската улога е и правење чекор назад – дозволувајќи му на возрасното дете да прави грешки, да учи и да ги сноси последиците од сопствените одлуки.
фото/Depositphotos
Забава
Вечер посветена на Тоше Проески во Битола: „Засекогаш во срцата“ по осми пат
Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш ќе кажеме тој беше наш. Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Остави спомени, емоции и моменти што со години живеат во животите на луѓето од сите генерации.
На 05 март 2026 година, по осми пат, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи концертот „Засекогаш во срцата“, посветен на музиката и наследството на Тоше Проески. Настанот со години прерасна во препознатлива традиција и еден од најемотивните музички проекти во Битола, кој секоја година обединува публика од различни генерации.
Концертот се реализира во организација на Оркестар DIVA, во соработка со Центар за култура Битола. Оркестар DIVA со години е носител на овој проект, градејќи внимателно осмислена концертна целина која со почит и достоинство му пристапува на музичкото наследство на Тоше Проески.
Годинава, на сцената ќе настапат: Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Марија Митровска, Марија Јаковлеска и Алексеј Ивановски изведувачи кои ќе ѝ дадат свој личен печат на музиката што одамна е дел од колективната меморија. Музичките аранжмани се прилагодени од Владимир Димовски, со цел песните да добијат нов оркестарски израз, задржувајќи ја нивната препознатлива емоција и суштина.
„Засекогаш во срцата“ е вечер во која публиката заедно пее, се потсетува и ја чувствува музиката што сите нè поврзува.
Концертот ќе се одржи на 05.03.2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центар за култура – Битола. Билетите се во продажба по цена од 500 денари, преку платформата yournextevent.info и на продажното место Тобако Димпо во Битола.
А публиката во Битола по осми пат ќе се собере на едно место за да го каже истото: Ти благодариме, Тоше.
Забава
(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.
Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.
Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.
За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.
Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.

