Забава
Разговорот меѓу браќата Хари и Вилијам не бил продуктивен

Принцот Хари разговараше со својот постар брат Вилијам првпат откако тој и неговата сопруга Меган беа кај Опра Винфри, но разговорот не бил продуктивен, изјави пријател на парот во вторникот (16 март).
Во текот на интервјуто, кое американската телевизиска мрежа Си-би-ес го емитуваше на 7 март, Меган рече дека еден член на кралското семејство ја прашал колку би можела да му биде темна кожата на нивниот син Арчи кога се родил, а Хари рече дека татко му, престолонаследникот и принц, Чарлс, го изневерил и дека се чувствувал заробен.
Минатиот четврток запрашан за коментар за наводите во интервјуто принцот Вилијам рече дека сè уште не разговарал со својот брат, но имал намера да го стори тоа. „Ние не сме расистичко семејство“, им рече тој на новинарите.
Гејли Кинг, водителка на утринска програма на Си-би-ес, рече дека разговарала со Хари и Меган изминтиот викенд и дека браќата стапиле во контакт.
„Вистина е, Хари разговараше со брат му и тој потоа разговарал и со татко им. Ми беше кажано дека разговорите не биле продуктивни, но тие се задоволни што барем почнаа да разговараат еден со друг“, рече таа.
Канцеларијата на Вилијам во палатата Кенсингтон немаше коментар за изјавата на Кинг.
Интервјуто на Хари и Меган ја втурна британската монархија во најголемата криза од смртта на мајката на Вилијам и Хари, принцезата Дијана, во 1997 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Армија на мртвите“ на Зак Снајдер го објави првиот трејлер

Режисерот Зак Снајдер повторно се враќа по мартовската премиера на неговата верзија на „Лига на правдата“ со прв целосен трејлер за претстојниот Army Of The Dead („Армија на мртвите“).
Sвездата на „Чуварите на галаксијата“, Дејв Батиста, ја предводи големата актерска екипа во која се појавуваат Тиг Нотаро и Омари Хардвик додека тој прифаќа мисија шти ѝ пркоси на смртта.
Приказната следи група платеници што планираат да ја изведат најголемата кражба во казино во Лас Вегас. Градот претходно бил ограбен од зомби-месојадци.
Трејлерот сугерира дека „Армијата на мртвите“ на „Нетфликс“ ќе биде комфорна територија за Снајдер, кој првпат се прослави со својот римејк на Dawn Of The Dead („Зора на мртвите“) во 2004 година.
Забава
Џими Кимел покажа фотошопиран мускул на раката додека прима вакцина

Џими Кимел е официјално вакциниран против Ковид-19.
53-годишниот водител на популарното ТВ- шоу „Џими Кимел лајф“ се појави на „Инстаграм“ во вторникот за да ја сподели веста.
Комичарот и во оваа пригода реши да направи нешто интересно за своите следачи на социјалната мрежа, па, така, сподели фотографија на која покажува фотошопирани бицепси.
Интересниот снеп го покажува Кимел седнат на стол со засукан ракав од маицата додека медицински работник става игла во мускулот на надлактницата.
И покрај тоа што се пофали со статусот „вакциниран“, познатиот водител не откри дали примил вакцина на „Модерна“, „Фајзер“ или на „Џонсон и Џонсон“.
Забава
Фотографија на Ким Кардашјан предизвика смешни коментари

Ким Кардашијан во вторникот уште еднаш ги покажа своите облини, но следачите на „Инстаграм“ без сомнение беа повеќе преокупирани со заднината или, како што коментираа таблоидите, „она што изгледаше дека ѝ расте од главата“.
На фотографијата што ја сподели сестра ѝ Кортни како сеќавање на тропскиот одмор, Ким на себе има бикини во боја на бакар, но нејзиното несреќно позиционирање направи да изгледа како палма да се вкоренила во нејзината коса, пишуваат таблоидите.
Кортни ја икористи фотографијата од 40-годишна сестра за својата веб-страница „Пош“.
Фотографијата е направена за време на патувањето во егзотичните острови Туркс и Кајкос во јануари кога Ким замина на „женско патување“ со своите сестри, во обид да го тргне умот од драмата во семејниот живот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш