Забава
Расел Кроу помогна да се спаси животот на повредена птица
Расел Кроу донира пари за да се спаси животот на една кукабара.
57-годишниот актер донира непозната сума пари на зоолошка градина во Австралија изминатиов викенд. Со својата донација тој ѝ овозможи на зоолошката градина да купи ендоскоп, кој беше потребен за да се спаси повредената птица откога проголтала мала кука за риболов.
Веста за состојбата на птицата првпат ја откри твитер-профилот на Wildlife Warriors, добротворна организација основана во 2002 година од покојниот Стив Ирвин и неговата сопруга Тери Ирвин, како начин да ги охрабри другите да ја поддржуваат заштитата на повредените и загрозени животни.

Добротворната организација твитна: „Арчи кукабара имаше проголтано кука за риболов кога пристигна во болницата за диви животни во AustraliaZoo. За лоцирање на предметот беше користен ендоскоп по што беше безбедно отстранет. За среќа, Арчи заздрави и се врати во дивината“.
И во друг твит од самата Тери Ирвин е откриено дека Расел донирал средства потребни за набавка на опремата за спасување живот.
Таа напиша: „Ви благодарам, Расел Кроу, што дониравте средства за набавка на овој ендоскоп, кој спаси живот. Арчи навистина го ценеше тоа!“

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Одбра ризичен фустан, па за малку ќе ги покажеше и интимните делови од телото
Кристен Бел беше добредојден гостин на црвениот тепих на доделувањето на наградите SAG во Лос Анџелес. Актерката имаше посебна улога – таа беше водителка на програмата, а за оваа свечена пригода реши да го покаже целиот свој сексапил на сцената.
Таа избра котур фустан од либанскиот дизајнер Жорж Хобеика, кој е украсен со интересен крој. Креацијата е комбинација од класичен гламур и „гол“ фустан и е изработена од транспарентен материјал.
Деталите на фустанот – монистра и светки, беа повеќе од само декоративен момент, бидејќи со нивната добро осмислена положба на фустанот, тие ги покриваа интимните делови од телото на актерката.
Длабокото деколте му даваше на стилот секси шмек, а сатенскиот дел што се влечеше беше целиот гламур потребен за овој фустан.
Кристен ја стилизираше косата на уникатен начин, во согласност со нејзиниот аутфит – таа избра брановидна фризура инспирирана од стариот холивудски гламур. Додаде и суптилен накит – дијамантски ѓердан и обетки, кои совршено го заокружија овој изглед.
Забава
Никогаш посреќен: Рафаел Надал објави ретки семејни фотографии
Познатиот тенисер Рафаел Надал веќе долго време е надвор од терените, но тоа не значи дека медиумите не го следат секој негов потег. Иако се пензионираше и сака да ужива со своето семејство, повремено дава увид во неговиот живот на социјалните мрежи.
Познато е дека Надал, дури и на врвот на својата популарност, не откриваше премногу детали за своето семејство, но неговата врска со Марија Перело привлече големо внимание од самиот почеток.
Двојката за прв пат беше видена заедно во 2006 година, а во меѓувреме станаа родители на две момчиња.
Последната објава на Рафа доаѓа директно од скијачко патување, каде што тој и Марија го учат својот постар син да скија, а познатата Линдзи Вон исто така ги поддржа.
„Сè уште учиме. Линдзи Вон, дали имаш некаков совет за нас“, напиша Надал во описот на семејната објава.
„Го обожавам ова“, одговори Линдзи, која моментално се опоравува од ужасна повреда што ја доби по падот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Забава
(Видео) Луѓето не можат да поверуваат што се случува со Деми Мур: „Нема да го нормализираме ова“
Лос Анџелес беше центар на светот, бидејќи собра бројни ѕвезди за годишните награди SAG. На големиот настан присуствуваше и познатата Деми Дур, загрижувајќи многумина со својот изглед.
За оваа пригода, таа одлучи да облече фустан од модната куќа Schiaparelli, кој совршено ги комбинира елеганцијата и модната екстравагантност. Станува збор за впечатливо модно парче кое се држи до телото и совршено ја нагласува секоја облина – во случајот на Деми, видливо тенка фигура.
Исто така, самата креација има необична релјефна структура која наликува на крокодилска кожа и дополнително го нагласува изгледот на актерката. Горниот дел ги открива рамената, додека драматичниот дел од бел тил и црни детали го евоцира тој моден момент по кој е позната оваа креација.
Стајлингот го комплетираше со високи потпетици, дијамантски додатоци и чантичка во црна боја со златна рамка. Навистина, нејзината модна комбинација беше на завидно ниво, а истото не може да се каже за нејзиниот физички изглед.
Критики на социјалните мрежи
Деми, благодарение на горенаведената модна комбинација, беше мета на јавни критики. Многумина на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде што беше објавено и видео од неа од црвениот тепих, го осудија овој изглед.
„Толку е слаба“, „Изгледа како да умира“, „Преживува, луѓе“, „Нема да го нормализираме ова“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

