Забава
Реге-легендата Бани Вејлер почина на 73-годишна возраст

Еден од најважните гласови на регето, Бани Вејлер, почина на 73-годишна возраст.
Музичарот од Кингстон, Јамајка, беше основачки член на бендот „Вејлерс“ (The Wailers) заедно со својот пријател од детството, Боб Марли.
Тие постигнаа меѓународна слава со реге-класиците, како Simmer Down и Stir It Up, пред Вејлер да реши да гради соло кариера во 1974 година.
Откако продолжи сам, тој освои три наради „Греми“, и беше одликуван со Орден за заслуги на Јамајка во 2017 година.
Причината за смртта е непозната. Тој беше во болница од мозочен удар во јули 2020 година.
Изворна инкарнација на „Вејлерс“ од 1964 година: Бани Вејлер, Боб Марли и Питер Тош
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На повидок ТВ-серија за Одри Хепберн

Животот на холивудската икона Одри Хепберн доаѓа на малиот екран со нова телевизиска серија.
Сценаристката и продуцентка на „Добра сопруга“, Жаклин Хојт, ќе ја пишува драмската серија, објави „Варајети“.
Проектот ќе биде заедничка продукција на италијанската продуцентска куќа „Вајлсајд и Фремантл“, позната по неколку хитови, меѓу нив и „Младиот папа“.
Актерката беше едно од најсаканите и најпрепознатливи лица на 20 век глумејќи во многу филмски евергрини, како што се „Сабрина“, „Празник во Рим“, „Појадок кај Тифани“ и „Мојата убава дама“.
Забава
Мадона изгледа неверојатно младешки на 62 години

Мадона ја прикажа својата младешка визуализација и ултрафит-фигура во серија фотографии што ги сподели на својот „Инстаграм“ во средата.
62-годишната поп-мегаsвезда е облечена во мрежести хулахопки и во интересна креација на „Гучи“ по првата проекција на својот концертен филм „Мадам икс“.
„Јас сум толку многу Гучи… екранизирана Мадам икс во киносала со 500 седишта!! Само 12 луѓе беа таму, но беше толку добро да се види на голем екран!“, напиша Мадона, која може да се пофали со 15,8 милиони следачи на „Инстаграм“.
Забава
Рене Зелвегер ќе биде голферка во нова комедија на Мајкл Патрик Кинг

Рене Зелвегер се враќа, буквално и фигуративно, со новиот проект The Back Nine.
51-годишната двократна добитничка на „Оскар“ се потпиша да глуми во комедијата за голф од режисерот и косценарист Мајкл Патрик Кинг, дознава „Холивуд репортер“.
Ова ќе биде нејзин прв филмски проект по „Џуди“ од 2019 година кога го доби својот втор „Оскар“ за портретирање на култната Џуди Гарланд.
Зелвегер ќе глуми поранешна голферка, која се откажува од сопствените аспирации за да ја поддржи професионалната кариера на нејзиниот сопруг и да биде блиску до нивниот син.
Откако нејзиниот брак и семеен живот почнуваат да тонат, таа одлучува да ги оствари своите соништа да стане професионален играч на голф.
Мајкл Патрик Кинг ќе го режира филмот по сценариото што го напиша заедно со Џони Марчинко и Криста Смит.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш