Забава
Џон Траволта со нова верзија на танцот од „Брилијантин“

Џон Траволта се здружи со својата ќерка Ела за да направи нова верзија на познатата сцена од „Брилијантин“ (Grease) во реклама за Супер боул.
66-годишниот актер и неговата 20-годишна ќерка беа дел од ѕвездената реклама на „Скотс миракл-гро“ правејќи своја верзија на познатата сцена на мјузиклот.
Во новиот танц Џон игра со Ела (20), ќерката што ја има со покојната сопруга Кели Престон, на тревник.
Џон го изведе иконскиот танц во филмот од 1978 година заедно со Оливија Њутн Џон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Фагбенли ќе го глуми Барак Обама во нова ТВ-серија

Новата драмска серија на каналот Шоутајм, со наслов „Првата дама“, почна да се снима во Ковингтон, Џорџија во четвртокот.
На самиот почеток на продукцијата веќе е откриено дека О.Т. Фагбенли ќе го игра претседателот Барак Обама, наспроти Виола Дејвис како Мишел Обама, според „Ентертејнмент тунајт“.
Серијата што ја создаде Арон Кули е опишана како проект кој „го разоткрива прекројувањето на американското лидерство, раскажано преку објективот на жените во срцето на Белата куќа“.
Фагбенли, роден во Британија, веднаш се пофали на својата Инстаграм-страница со веста за новиот ангажман, и откри дека за него е голема чест да го портретира претседателот Обама.
Во продукција на „Лајонсгејт ТВ“ и „Шоутајм“, серијата е во режија и извршна продукција на Сузан Биер, заедно со Виола Дејвис, како извршен продуцент.
Мишел Обама, Елеонор Рузвелт и Бети Форд ќе бидат во фокусот на првата епизода, за која сценариото го напиша романописецот Арон Коли.
Семејството Обама мина осум години во Белата куќа, од 2008 до 2016 година.
Забава
Оливија Кулпо се релаксира во домашно спа со нејзиното милениче

Поранешната Мис универзум Оливија Кулпо до неодамна беше зафатена со промоција на нова колекција со нејзините модерни сестри.
Арактивната Оливија ужива во самогрижа во текот на самоизолација дома во Шарлот, Северна Каролина.
Таа во четвртокот се огласи на Инстаграм во секси долна облека додека се релаксира во домашно спа, заедно со своето милениче, пудлицата Оливер Спринклс.
28-годишната девојка сподели неколу фотографии на кои позира сама и со својата пудлица, а објавата ја наслови: Ден за домашно спа.
Забава
Мајк Тајсон остро ја критикува серијата заснована на неговиот живот

Мајк Тајсон силно се спротивстави на најавената серија на стриминг-платформата „Хулу“, базирана на неговиот живот.
Серијата „Железниот Мајк“, која беше најавена претходно во четвртокот, доби нарачка од осум епизоди во стримерот, а наводно, го истражува животот и кариерата на Тајсон во и надвор од рингот.
„Најавата на Хулу да прави неовластена мини-серија од приказната за Тајсон без надомест, иако неприкладна, не е изненадувачка“, објави Тајсон на Инстаграм.
„Оваа најава за социјалните разлики во нашата земја е одличен пример за тоа како корпоративната алчност на Хулу довела до вакво, без слух, присвојување на животната приказна на Тајсон“, напиша боксерската легенда.
Тој додаде: „Да се даде ваква најава за време на Месецот на афроамериканската историја, февруари, само ја потврдува грижата на Хулу за долари пред почитувањето на правата на црнците.“
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер