Забава
Рене Зелвегер на својот 52. роденден презентира награда на „Оскарите“
Рене Зелвегер елегантна како и секогаш кога се појавува на свечености, синоќа ја прочита добитничката на „Оскар“ за најдобра актерка во главна улога.
Одбележувајќи го својот 52. роденден, ѕвездата на „Бриџит Џоунс“ го прескокна црвениот тепих, но излезе на сцената на „Јунион стејшн“ во Лос Анџелес со свилен фустан на „Армани прајв“.

Рене, која минатата година освои „Оскар“ за најдобра актерка за улогата на Џуди Гарланд во „Џуди“, го покажа својот модерен изглед кога ја објави победничката во категоријата главна улога, Френсис Мекдорманд („Земја на номади“).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тие знаат што сакаш: хороскопските мајстори за подароци
Некои луѓе во божиќното дарување вложуваат посебно внимание и труд, а според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено се издвојуваат по тоа што даваат одлични подароци – не затоа што се скапи, туку затоа што се внимателно избрани.
Лав – подарува со ентузијазам и сака да остави силен впечаток. За него подарокот е искуство, а не само предмет.
Девица – избира практични и корисни подароци, внимателно слуша и памети што му треба на другиот.
Рак – подарува од срце, со емотивни и персонализирани подароци кои имаат симболично значење.
Бик – се води од квалитет и естетика, подарува убави, трајни и пријатни работи што долго се паметат.
Овие знаци, според хороскопот, најдобро ги разбираат желбите на другите кога станува збор за божиќни подароци.
Фото: pexels
Забава
(Видео) Златан Ибрахимовиќ на плажа во Дубаи покажа што сè умее со топката
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ објави видео од плажа во Дубаи на кое изведува фристајл трикови со топка.
Иако ја заврши кариерата, Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е во врвна форма.
View this post on Instagram
Забава
Не е алкохол, ниту дрога: Пејачката Лили Ален призна зависност што малкумина ја очекуваа
Лили Ален откри дека се бори со зависност од компулсивно купување, поради што побарала стручна помош. За проблемот зборувала во подкастот Miss Me?, кој го води со пријателката од детството Миквита Оливер.
Пејачката изјави дека редовно оди на терапија и смета дека коренот на зависноста е поврзан со ниското самопочитување.
„Мислам дека се обидувам да се ослободам од парите затоа што мислам дека не ги заслужувам“, искрено признала.
Ален користи терапија наречена EMDR, за која вели дека ѝ го променила животот, но нагласува дека не е лекар и дека зборува само од лично искуство.
Според Кливленд клиник, EMDR терапијата помага мозокот повторно да ги обработи вознемирувачките искуства и да го продолжи природниот процес на заздравување.
depositphotos

